Кога нe` спомна нас фановите на играта, во која поточно франшиза би се уклопила оваа Томб Рајдер? 1-4, Legend-Anniversary-Underworld, или овие најновиве со собирање XP?
Па, приказната е (речиси) истата од Tomb Raider од 2013-та. Од аспект на верност кон „изворниот материјал“, би рекол дека е нешто слично на Assassin's Creed филмот/игрите.
Само што го изгледав. Тука сме некаде со мислењата, подобар од оној со Џоли (не знам каков канцер од акција е тоа). Приказната од секој можен агол предвидлива и по малку повеќе наивна, посебно крајот. Можеше да прејде од другата страна па да ги шутне скалите. Ѝ дадов преодна, само ради добрите ефекти и пореалистичниот физички опис на Лара ко девојче кое тек допрва треба да учи. Другото се` оставам да го изгледаат оние кои се во чекор со франшизата. И да, ова е слично на најновите делови излезени од 2013 натака. Имаше дури и одредени детали кои режисерот сакал да ги вметне здобиени во различни околности од играта.
Spoiler Да, и ја истото го помислив. Ја се плашев дека ќе заврши со некој supernatural булшит, дека Лара ќе се тепа со зомби-гејши и мумијата на кралицата, така нешто. Па затоа се израдував кога испадна дека е у прашање некаков патоген (додуша, со целосно нереални симптоми, али ај) - барем малце се потрудиле да склепаат нешто semi-plausible.
Love, Simon Приказната е за Сајмон, тинејџер кој е геј и го чува тоа во тајност. Можеби веќе поактуелни стануваат ваквите приказни, се зборува, се чита, се пишува, се снимаат спотови, филмови, ако направиме споредба, светот можеби во моментот е поотворен кон хомосексуалноста од пред неколку години. Или тоа на нас само така ни изгледа. Филмов ми беше баш онака, топол, личен. И не дека Сајмон немаше поддршка од блиските за својата сексуална определба, го сфатив, зошто баш тој мора да каже како се чувствува и кого сака. Како да немаме доволно мисли и сомнежи и стравови, тоа што си, како што си роден, да ти биде товар што мора да го носиш и јавно да го споделуваш со светот некогаш. Одлично филмче.
Не за тој крај - тука и јас малце се изненадив. За крајот - крајот мислев. Spoiler The "guy" from the other side on the phone. Уште коа се јави тесашанецов на почетокот, одма склепав кој е кандидат од другата страна. Hell, уште коа Лара требаше да потпишува за оставинска постапка. Фацата „му“ е таква, на вештер(ка)
Ааа... да. Веќе заборавив на тоа. Да, ликов беше inconspicuous како негативец од цртан филм. И да не бидам оф-топик... A Quiet Place ( 2018 ) Филмов следи едно семејство во постапокалиптично општество, во кое луѓето живеат во целосна тишина – поради стравот од чудовиштата (вонземјани?) кои се слепи, но со исклучително развиен слух и кои се хранат, меѓу другото и со – you’ve guessed it – луѓе. A Quiet Place е филм со високи оцени и исклучително пофални критики, а искрено, не можам да разберам баш зошто. Океј, има интересна атмосфера – ретко се среќавате со филм во кој 90% од приказната се одвива во тишина и без зборење на глас – но освен ова, и нема баш многу ствари кои му одат во прилог. Ми се свиѓаше и тоа што немаше некакво шупливо, полулогично објаснување за тоа од каде се појавиле чудовиштата – муабетот беше – тука се, постојат, deal with it. Од друга страна, филмов изобилуваше со нелогичности кои, мање-више, постојано ми бодеа очи додека траеше. Spoiler: SPOILERS AHEAD! Како суштествава со суперслух не ги слушаа луѓево само затоа што одеа боси? Конечно, голем број на предатори на земјава имаат доволно остар слух за да слушат плен како се движи, а дури не се ни слепи. Зошто некој воопшто би се одлучил да раѓа дете у ваков момент? Зошто немаа дом кој беше барем мааалце пообезбеден од чудовиштата? И како воопшто глуво дете успеало да преживее во светов? Освен тоа, режисеров тврди дека филмов е општествена критика за родителството, а и за владеечките структури во САД, а од вакви квази-интелектуални муабети искрено ми се повраќа. Не, филмов не е никаква општествена критика, туку просто и едноставно – (под)просечен хорор филм. И тоа е тоа. Емили Блант беше океј, децата беа така-така, а маж ѝ (кој ѝ е маж и у рл, а и режисер на ремек-делово) ми изгледаше како Хју Џекмен од алиекспрес. Оцена: 6
The other Boleyn girl Жанр: Историја/Драма Филм за Хенри VIII и неговата страст кон жените познат во историјата како крал со најмногу бракови зад себе. Во љубовен триаголник ќе се најдат двете сестри борејќи се да го придобијат кралот и да му родат машки престолонаследник. Луцидни одлуки, страст, суровост, прељуба... Одлично е прикажан мрачниот готски стил карактеристичен во средниот век. 10/10
https://m.imdb.com/title/tt6450186/ На вистинска приказна е базиран филмов,за пеачот од бендот Mercy me .Што се проживеал во детството.Интересен е.
Jurrasic World (*ne znam koj del) 5.5/10 Филмов е тиња , едно исто секој дел што го прават , еден ист модел користат и тоа па тоа , цело време е ќе има диносауруси , ќе дојде лош чичко да ги затвори , добрите херои ќе ги ослободат и ќе направат хаос , ќе треба лошиот диносаурус да го убија и лошиот чичко ќе биде изеден од рандом суштество со големи забиии... и тоа е веќе 5-6 филм по ред.... И да се разбира , најакиот диносаурус или лава или куршуми или било што , не може да го стигне главниот лик , е да бе да ... Освен неколку кул тепачки со диносауруси и нешто малце хумор , ништо посебно .....
Овен и Клер се подготвуваат за кампања за спасување на останатите диносауруси од овој настан на изумирање. Оценка 10/10
Every day(2018 ) Се работи за филм базиран на книга од David Levithan, која подолг период ми беше на листа за читање, и си го прекршив правилото за читање на книга прво, а после филм but oh well. Се работи за девојка во средно училиште која ќе се заљуби во малку поинаква личност, well личности. Филм кој што сака да докаже дека надворешниот изглед не игра важна улога, туку душата. Приказната е уникатна, но со се останато, за мене лично доста потфрли. Имав илјадници прашања неодговорени, крајот ми беше мех, ко набрзина склопен, без поента испадна некако. Многу просечно 6/10
https://m.imdb.com/title/tt0237572/ Џек Николсон е детектив кој треба да оди во пензија,но се случува убиство на мало девојче,и решава да го истражи,затоа што смета оти тој што го обвинија всушност не е вистинскиот убиец.Како одминува времето се опседнува со случајот. https://m.imdb.com/title/tt4799066/ Девојка е боледува од болест поради која несмее да излегува на сонце.Целиот живот до матурата го минува дома,само некогаш излегува сама навечер.Во мегувреме се запознава со дечкото кој го гледала од прозор целиот живот и во кој е заљубена. Интересни се и двата филма,мада има некои работи што не ми се логични и се ко на филм
Лара Крофт е жестоко независна ќерка на ексцентричен авантурист кој исчезнал неколку години претходно. Во надеж дека ќе ја реши тајната на исчезнувањето на нејзиниот татко, Крофт започнува опасно патување до неговата последна позната дестинација - легендарна гробница на митски остров кој може да биде некаде од брегот на Јапонија. Влогот не може да биде поголем, бидејќи Лара мора да се потпре на својот остар ум, слепа вера и тврдоглав дух за да се впушти во непознатото. Оценка 9/10 Откако доживеа семејната трагедија, Мак Филипс се втурнал во длабока депресија, што го натерало да ги доведе во прашање неговите најскриени верувања. Соочувајќи се со криза на верата, тој добива мистериозно писмо што го повикува на напуштена колиба во пустината во Орегон. И покрај неговите сомнежи, Мек патува во колибата и се среќава со загадочното трио на странци предводени од жена по име Папа. Преку овој состанок, Мек наоѓа важни вистини кои ќе го трансформираат неговото разбирање за неговата трагедија и ќе го променат својот живот засекогаш. Оценка 8/10
Себастијан (Рајан Гослинг) и Миа (Ема Стоун) се привлечни од нивната заедничка желба да го прават она што го сакаат. Но, како што се зголемува успехот, тие се соочуваат со одлуки кои почнуваат да ја измачуваат кревката ткаенина на нивната љубовна врска и соништата што тие ги работеа толку тешко да ги задржат едни со други, заканувајќи се да ги раскинат. Досаден филм не беше нешто посебен само што пееја интересно беше. Оценка 2/10
Во почетокот на 20 век, британскиот истражувач Перси Фосет патува во Амазон, каде што открива докази за претходно непозната, напредна цивилизација што некогаш можела да го насели регионот. И покрај тоа што е исмеана од научното претпријатие кое ги смета староседелците како дивјаци, утврдениот Фавец, поддржан од неговата посветена жена, син и помошник-де-камп, се враќа во својата сакана џунгла, во обид да го докаже својот случај. Оценка 4/10 Не беше нешто вауу, ама онака беше
https://m.imdb.com/title/tt4103724/ Иако предвидлив,го препорачувам,за онака да ве разнежни .Познат кантри пеач,нема да знае како да се снајде со славата,па си го уништува животот со блиските за сметка на популарноста. Така само можам да дадам рецензија без да ви ги откријам битните детали,дека и онака е по некој типичен романтичен шаблон.
Кратка содржина: Tony Rome е поранешен полицаец кој подоцна започнал да работи во приватна детекција, кој живее на моторница во Мајами наречен Straight Pass. Ова се однесува на фактот дека Тони, исто така, има проблем со коцкањето. Неговиот поранешен партнер, Ralph Turpin го замолил да земе дома една млада жена која била оставена во несвест во хотелска соба. Жената, Diana (née Kosterman) Pines, е ќерка на богатиот градежен магнат Rudolph Kosterman кој подоцна го вработува Tony Rome за да дознае зошто неговата ќерка постапува така нерационално... Кратка рецензија: Познат по детективската содржина на приказната, би рекла декаа овој винтиџ филм од 60-те години ми остави навистина позитивен впечаток. Навистина ми се допаѓаат актерите, меѓу кои и мојот омилен Frank Sinatra, како и преубавите Sue Lyon и Gena Rowlands. Оценка: 10/10