Филм кој би го опишала наивен,едноставно снимен,со интересна фотографија...на моменти хумористичен,но темата со која се бави не е воопшто наивна.Хан ,кој е болен од аутизам ,од Индија се сели во Сад,се бори со своите стравови и како шлаг на торта се запознава со преубава самохрана мајка Мундира.И тука настанот се поклопува со уривањето на кулите близначки во Њујорк,растењето на расните незадоволства од кои жртва е синот на Мундира.Тогаш започнува,неговиот пат за да го исполни ветувањето кон сопругата... На моменти филмов ме потсети на Форест Гамп ,можеби затоа што ми делуваше како deja vu...затоа... 7/10
Таткото на еден од убиените киднапери сака одмазда за смртта на неговиот син и ја киднапира поранешната сопруга на Милс. И така тој оди во поход да ја спаси бившата сопруга. Ova e вториот дел од "Taken", мислев дека е само еден, но испаднаа дека се 3 дела. И овој дел исто беше возбудлив како првиот, но за нијасна првиот ми беше подобар од овој, па ќе видеме третиот каков ќе биде. 7/10
Одличен филм. I feel pretty, oh so pretty..... и после толку години од филмот го користиме како интерна зезанција во друштво. Не е нешто посебно, ама добар за тепање време. Рис Витерспун тип на филм. 5/10
I Feel Pretty Одличен филм за самодовербата и како човек треба да направи самиот да биде задоволен од себе си. Многу хумор и познати фаци, Емили Ратајковски, Наоми Кембл и други. Голема препорака
Добар филм. Жанрот е трилер. Бреа и Џон започнуваат одмор на романтичен викенд во изолиран имот во планините. Тие се пријатно изненадени кога двајца од нивните пријатели, Дарен и Малија, исто така, се појавија неочекувано. Нивните планови за забава наскоро ќе отстапат од терор кога припадниците на насилна моторџиска банда ги напаѓаат во мирното село. Заедно, тие се наоѓаат во борба за нивниот живот, бидејќи нивните напаѓачи нема да застанат на ништо за да ги заштитат своите тајни од надворешниот свет. Оценка 7/10
Жанр: Комедија Откако мажот на Дајана ќе посака развод таа ќе одлучи да го заврши факултет и се запишуваа на факултетот на кој студира нејзината ќерка... Оцена 9/10
The Mummy(2017) Јас сум огромен фан на египтологија, цел живот ме влечела таа тематика, и сакам филмови што ја обработуваат темата. Постарите филмови мумија си ги сакам многу и така се залажав и овој да го симнам. Искрено идејата за филмот беше ветувачка, па и почетокот ми се допадна, ама како се развиваа работите скрос се разочарав, многу лоша реализација. Премногу работи вметнатни и недообјаснети, улогата на Russell Crowe скрос непотребна, само го влоши филмот, а знам дека им беше обид за претставување на dark universe. Глумата на главната женска улога ми беше прелоша, превртував очи на некои делови. Не знам, се разочарав. Единствено што ми се допадна во филмов е easter egg-от со појавувањето на книгата од оригиналните филмови. Од мене 5.5/10 а и тоа му е многу, со оглед на тоа дека дури и богот на смртта го имаат утнато
American Ultra (Jesse Eisenberg, Kristen Stewart) Кога првпат чув за филмов бев скептичен, можеби ради глумците, не знам. Вчера видов трејлер и изгледаше подобро од што мислев и го изгледав. Се работи за акција/комедија со доволно романса би рекол. Иако е предвидлив и потсетува на Chuck (ради неговата способност) интересен филм е и го препорачувам. 8/10
По дипломирањето на Џејд, девојка со безброј можности во иднина се заљубува во Давид, млад човек со проблематично минато. Нејзиниот татко, опседнат со контрола, останува на патот на нивната романтична врска и се обидува да ја оддалечи од неа, додека нејзината мајка ја поддржува љубовта што расте меѓу младите. Од друга страна, татко му на Давид го советува да биде многу внимателен. За време на незаборавното лето на двајца млади, тие ќе се спротивстават на нивните пречки и ќе дозволат нивната страст да ја одредат нивната заедничка иднина. Не ми се којзнае колку допадна филмот, но за губење време добар е. 5/10 Несреќниот принц и мистериозната принцеза трчаат со силите на злото за да го зачуваат античкиот нож, дарот на боговите што можат да го променат текот на времето и да му овозможат на оној кој го поседува да владее со светот. 7/10
https://m.imdb.com/title/tt5670152/ Случајно новинарката ке открие криминал со бело робје,иисакајки да помогне,животот ке и се смени за 360степени, всушнос ке ја киднапираат и нејзе со другаркаи. Многу интересен,го препорачувам. https://m.imdb.com/title/tt0441774/?ref_=nm_flmg_act_31 Не ми се веруваше дека е на вистинит настан филмов. Преварант бара богати жени и им ги зема парите.Но налетува на една жена со која заедно ке "работат" .Меѓутоа женава е полуда од него и оди подалеку од само земање пари,а ке му помогне и на мажот да му се "дооткачи жичката" па да почнат и со убиства.
Кратка содржина: Juliette (Brigitte Bardot) е 18-годишен сирак со високо ниво на сексуална енергија. Таа не вложува напори да ја ограничи нејзината природна сензуалност - лежеше гола во нејзиниот двор, вообичаено собувајќи ги чевлите и одејќи наоколу боса, и игнорирајќи ги многуте општествени ограничувања и мислењата на другите. Овие фактори предизвикуваат возбуда и привлекување на вниманието на повеќето од мажите околу неа... Кратка рецензија: Иако ова не е првиот филм во кој Brigitte Bardot глуми, оваа Француска драма се смета за филмот кој ја лансирал Bardot во јавното внимание и ја претворил во т.н. "sex kitten" личност, истовремено правејќи ја вистинска сензација преку ноќ. Ми се допаѓаат актерите, сцените каде филмот е снимен, како и костумографијата. Оценка: 10/10
Billionaire Boys Club (201 Филмот не ми беше нешто посебен, го загледав заради овие глумци посебно првиов. Онака беше добар и Ема Робертс глуми тука и таа е добра. Иначе не ми се свиѓаше најмногу. Група богати момчиња во Лос Анџелес во текот на раните 1980-ти ја воспоставуваат брзата измама што се претвора во богатство што се претвора во смртоносна состојба. Оценка 6/10
Escape Plan 2: Hades [2018] Првиот Escape Plan, општо гледано и изненадувачки, воопшто не беше лош филм – покрај доста познати актерски имиња имаше и солидна приказна. Од друга страна, вториов дел... Escape Plan 2 очигледно е наменет за азискиот пазар – најверојатно затоа што малоумни акциони филмови таму секогаш поминуваат добро. Ова е уште поочигледно поради фактот што во филмов се уфрлени неколку кинески глумци во (по)главните улоги. Всушност, филмов изгледа како да е во целосно кинеска продукција, додека сцените со Сталоне и другите фаци да се сечени-лепени од други филмови или генерирани со CGI. Инаку, филмов ги има сите елементи на акционен филм – експлозии, тепачки, брканици со коли – само што не се поврзани во некаква кохезивна, логична или разбирлива целина. Сѐ на сѐ, Escape Plan 2 изгледа како rip-off од B продукција на првиот дел, со рандом Кинези и без никаква приказна. Оцена: 5 7 Days in Entebbe [2018] Филм снимен според вистинската приказна за киднапирањето на авион полн со израелски патници од страна на германски екстремисти и борци за права на палестинците. Киднаперите го насочуваат авионот кон Уганда, 4000 километри подалеку од Израел. Додека од една страна го следиме патешествието на киднапираните патници и моралните дилеми на нивните киднапери, од друга се прикажани случувањата во израелската влада која се соочува со тежок избор – дали за прв пат да ја прекрши својата политика на непреговарање со терористи и да одговори на барањата на киднаперите или да се обиде да организира спасувачка акција во далечна странска земја под водство на ексцентричниот диктатор Иди Амин (кој го гледал The Last King of Scotland, знае дека типот бил луд ко струја ). Но она што можеби ми остави најголем впечаток од филмот беше саундтракот и мешавината на акционите сцени со сцени од балетот на Охад Нахарин (можда ќе ви дојде како шок, ама не сум познавач на балет, ја побарав песната и човеков отпосле) – уствари, не сум ни љубител на балет, ама во филмов ова беше изведено беспрекорно и моќно. Интересна приказна со артси шмек на инаку историски политички трилер со примеси на акција. Оцена: 7 Ghost Stories [2017] Ghost Stories е филм за професорот Филип Гудман кој својот живот го посветил на разоткривање на разно-разни паранормални измамници и објаснување на навидум необјасниви феномени. Приказната се заплеткува кога тој добива писмо од својот идол од детството, Чарлс Камерон, кој се занимавал со истата работа како него и кој се водел како исчезнат со години наназад. Стар, изнемоштен и болен, Камерон му вели дека нивниот труд бил залуден, дека цел живот биле во заблуда и дека не биле во право – паранормалното навистина постои – а како доказ, му дава 3 случаи за кои тој не можел да најде никакво рационално објаснување. Професорот Гудман му ветува дека ќе ги расветли случаите. Иако делува како стандарден хорор, филмов е многу повеќе од тоа – има одлично осмислена приказна, супер (иако реалтивно непозната) актерска екипа и одличен пресврт на крајот кој прави навистина да вреди и да се разликува од безличниот куп на филмови кои се категоризирани како „хорор“. Освен тоа, хорор моментите не се постигнати со клише jump scares, лош CGI, баба Роги и чудовишта – наместо тоа, филмов создава тензична и морничава атмосфера и самото исчекување на она што треба да се случи е она што е страшно. Одличен филм, топло го препорачувам. Оцена: 8 Wild Tales (Relatos salvajes) [2014] Аргентинска антологија на шест различни приказни, а единственото нешто што ги поврзува е проникнувањето во човечката душа, особено во екстремни ситуации, насилството и, се разбира, црниот хумор. Сакам да ви откријам што помалце за содржината на приказните, затоа што елементот на изненадување и неочекуваните ствари се едни од оние нешта кои го прават филмов да биде исклучителен. Уште од првите пет минути, пред да почне најавната шпица, ќе ви биде јасно дека ова не е филм како секој друг. И уште од првите пет минути ќе бидете навлечени и ќе сакате да видите што следува понатаму. Без да откривам ништо, само ќе речам дека според концепцијата, бизарноста на приказните и хуморот, најмногу ме потсеќаше на култниот Four Rooms, со таа разлика што овде приказните се целосно неповрзани и со различни актери и се од истиот режисер. Апсолутно препорачувам! Оцена: 9
@Bender Rodriguez И јас скоро го гледав Wild Tales и е навистина предобар филм, од тема до изведба. Не би можела ни да издвојам фаворит од приказните. Сега овој Ghost stories ќе го гледам по препоракава
Perfect Strangers (Perfetti sconosciuti) (2016) Една убава топла летна вечер седум долгогодишни пријатели се собираат на вечера. Во оваа убава, навидум обична вечер, како нешто да недостасува, па пријателите одлучуваат да ја споделат меѓу себе содржината на секоја порака, e-mail и телефонски повик кој ќе го примат во текот на вечерта. Оваа невообичаена “игра“ би била сосема непотребна меѓу пријатели кои се` делат и си кажуваат меѓусебно, но кога телефоните ќе почнат да ѕвонат што навистина ќе откријат еден за друг секој од нив? Вреди да се погледне 8/10