Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    https://m.imdb.com/title/tt5610554/
    download (1).jpeg
    Мајка на три деца меѓу кои едното е со посебни потреби,тешко се снаоѓа со обврските бидејки сеуште е во пост породилна депресија од втрото.Братот ја советува да најми ноќна бебиситерка.Интересен е го препорачувам.
    https://m.imdb.com/title/tt2184233/
    81b2878qNxL._SL1500_.jpg
    Средношколец атлетичар се соочува со голема трагедија во својот живот.Како ке ја надмине болката оставам да видите,оти ако откријам повеке нема да ви биде интересен. )
     
    На Acka22, LitttleRNBPrincess и boomsleng им се допаѓа ова.
  2. accipiter82

    accipiter82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
    Македонски краткометражен филм „Dogs of war“. Филмот е драма во која се зборува за изборот помеѓу чесност и материјализам.

    „Dogs of War“ е единствениот претставник од Македонија и се натпреварува за прво место на најголемиот интернационален натпревар за краток филм „My Rode Reel“, организиран од компанијата RØDE.
     
  3. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    SWE_247701R1.jpg

    12 Strong


    Епска приказна за храброст што ќе ја промени Америка засекогаш, 12 Силни веројатно ќе слезе како култно-класичен воен филм. Акцијата е интензивна и неверојатна, ликовите се интересни, а приказната има мотивирачка и трогателна порака на храброст и срце.
    Оценка: 9/10

    12 Strong ја раскажува приказната за првиот тим на специјалните сили распореден во Авганистан по 11 септември; под водство на нов капетан, тимот мора да работи со авганистански воен лидер за да ги собори талибанците.
     
    На Juicy и Petar80 им се допаѓа ова.
  4. Ownage

    Ownage Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    82
    I feel pretty

    Убав релаксирачки комичен филм со убава порака во себе. Секој е убав на свој начин треба само да верува во тоа и самодовербата ќе си донесе успех на секое поле.

    Се работи за една искомплексирана девојка којашто мисли дека е дебела и грда и најмногу сака да е убава. Една вечер желбата и се исполнува и животот и се менува целосно...

    Вреди да се погледне. 8/10


    Tag

    Комедија базирана на вистинка приказна. Се работи за неколку другари кои што уште од деца ја играат играта ТАГ (или шуга на нашински ☺) секоја година во мај месец. И така тоа трае со години и ништо не ги спречува во тоа ниту годините ниту професиите различните места на живеење, тие секогаш се среќаваат во мај. И само еден од групата никогаш до сега не бил ИТ...

    Оцена 7/10

    Tully

    И јас го погледнав филмов. И ми се допадна. Би требало да го погледнат сите нивопечени татковци. Колку и како се менува животот на жената кога ќе стане мајка. Постпородилната депресија е нешто многу реално и често. Но оваа мајка добива супер сила со шомош на ноќната бебиситерка Тули. Но дали таа секогаш ќе биде тука....

    Поучна приказна, добар филм 8/10
     
    Последна измена: 15 август 2018
    На Thallia, marta993 и Juicy им се допаѓа ова.
  5. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    images.jpg

    American Made

    Добар филм, базиран по вистинска приказна.
    Оценка: 9/10

    Приказната за Бери Сил, американски пилот кој стана лидер на ЦИА во 1980-тите во тајна операција која ќе биде изложена како аферата "Иран-Контра".

    MPW-46842.jpg

    Alice In Wonderland

    По вторпат го гледам и има втор дел, интересен е. Ама секогаш цртаните ќе ми бидат поинтересни од филмовите, ако единствено некој ми остави добар впечаток.
    Оценка: 9/10

    Деветнаесетгодишната Алис се враќа во волшебниот свет од својата детска авантура, каде што повторно се сретнува со своите стари пријатели и учи од нејзината вистинска судбина: да се стави крај на теророт на Црвената кралица.
     
    На Ownage и Thallia им се допаѓа ова.
  6. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    SHAME (2011)
    [​IMG]

    Филмот раскажува приказна за животот на млад човек од Њујорк кој живее со зависност од секс.
    Ситуацијата се менува кога неговата помлада сестра се вселува привремено да живее кај него, тогаш неговиот свет како да ја губи рамнотежата...
    Во филмот нема многу зборови и дијалози, но сите емоции кои ги преживуваат личностите им се читаат од изразите на лицето. Главниот актер, Michael Fassbender е исклучителен во улогата.
    Филмот ја истражува природата на потребите и како ги живееме нашите животи.
    Препорачувам 9/10
     
    На ivanchos, Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.
  7. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Driven (2018)
    a.jpg
    Филмов е на лик на 50 shades of gray, кој е љубител ќе му се допадне. Направен е како серијал од кратки делови...првите 3 дела се веќе излезени, а другите на 24ти овој месец. Снимен е според првата книга од серијата книги Driven на писателката Kristy Bromberg. Најубаво е да се изгледа цел, вака некако на пола останав. Бар досега што изгледав немаше садо-мазо како во 50 shades of gray, ама имаше доста страсни моменти. Ликовите дефинитивно ми наликуваа на ликовите од 50 shades of gray.
     
    На acvamarin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    https://m.imdb.com/title/tt3302706/
    81YNkXyskIL._SL1500_.jpg
    Интересен филм за отфрлено момче со талент за пеење. Токму во период кога му се случува голем пресрт во животот префлен е во престижно школо за хорско пеење.Продолжува драмата и битката во неговиот живот.
    https://m.imdb.com/title/tt6857166/
    maxresdefault.jpg
    Четири другарки си имаат свој клуб на книги,каде еена од нив предлага која книга да ја читаат.Предложена е книгата фифти шадоус оф греј :).Одеднаш бабичкиве како да се вратија во младоста и има се разгорија страстите :) .Интересен е.
    https://m.imdb.com/title/tt2854926/
    hdrtg.jpg
    За мене барем глуп филм и не фо ни догледав.Другари од детството веке возрасни но сеуште ја играат играта означување.Треба да ги допреш другиот и да кажеш дека се тагнат,така треба со сите па после секој од нив истото со деугите и така во круг.Само еден од нив успешно избегнува да биде тагнат и филмов е околу тоа,како се организираат другиве да го фатат петиов другар.Глупи дешавки цело време.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    The-Guernsey-Literary-and-Potato-Peel-Pie-Society.jpg

    The Guernsey Literary & Potato Peel Pie Society

    Филмов е е старо-школска, старомодна, романтична драма. Многу добар има и книга
    Оценка: 10/10

    По Втората светска војна, писателка создава неочекувана врска со жителите на островот Гернзи, кога решава да напише книга за нивните искуства за време на војната.
     
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Deadpool 2 [2018]

    [​IMG]

    Ако би морал да го опишам филмов со еден збор, би рекол дека е – прекрасен. Deadpool ми е дефинитивно омилениот серијал од стриповски, Марвел суперхерои, не толку поради R-рејтингот, туку затоа што не се сфаќа себеси претерано сериозно. Да не речам, ич. :D

    Во време кога стрип-јунаците неприкосновено владеат со малите екрани и големите платна, Deadpool сепак успева да биде вистинско освежување и да се издвои од генеричката формула за правање пари на марвеловиот универзум.

    Претпоставувам дека тоа е така во голема мера поради Рајан Рејнолдс, кој не е само рандом холивудски актер кој е најмен да го глуми Дедпул, туку е вистински фан на ликот и некој кој долги години се залагал да се сними филм за него. Ако на тоа се додаде и фактот дека и самиот тој учествувал во пишување на сценариото, не е тешко да се сфати зошто филмов фунцкионира толку добро.

    Deadpool 2 е сѐ она што беше и првиот филм, само во поголеми дози – насилство, хумор, референци од поп-културата, кршење на 4-иот ѕид и комуницирање со публиката, шеги на сопствена сметка. По успехот на првиот филм, на сценаристите и на Рејнолдс очигледно им е дадена поголема креативна слобода и одврзани раце и, морам да кажам, тоа се приметува. :D

    Нема да ја раскажувам приказната, затоа што таа е целосно споредба во муабетов (иако, и таа е посолидна од некои други суперхеројски филмови) – главна ѕвезда на шоуто е Рајан Рејнолдс кој блеска во улогата на Дедпул.

    Второто продолжение на Дедпул е чиста, нерафинирана забава – тотално непретенциозен филм, кој не се преправа дека е нешто што не е.

    П.С. Не заборавајте да ги изгледате и post-credits сцените – за разлика од другите филмови на Марвел, во случајов навистина вреди да се погледнат. :D

    Оцена: 10
     
    На Nausicaa, boomsleng, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    images.jpg

    Ghost In The Shell

    Скарлет у сите филмови ми се допаѓала, но некако во овој филм не ми остави некој впечаток, малку глуп беше и не ми глумеше она добро.
    Оценка: 6/10

    Во блиска иднина, Мајор Мира е прва од нејзиниот вид: човекот спасен од ужасен пад, кој е кибер-подобрен за да биде совршен војник посветен на запирање на најопасните криминалци во светот.
     
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    09FEB18_MADRID_Loving_Pablo720.jpg

    Новинарка ќе се заљуби и ќе започне љубовна врска со најпознатиот нарко-дилер Ескобар

    10/10
     
    На elimkd, theunforgiven и LitttleRNBPrincess им се допаѓа ова.
  13. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    https://m.imdb.com/title/tt3846674/
    9781534438378_p0_v3_s550x406.jpg
    Навистина интересна приказна има филмчево,не нешто веќе видено,барем јас не сум сретнала ваква приказна.Срамежливо девојче,им пишува писма на своите симпатии од детството,но не ги испрака туку само она си се излеснува така :) .Арно ама еден ден ке почнат да и стасуваат симпатииве со писмата од неа во рака,за да бараат објаснување што е работава :) .Започнува пресвртот во нејзиниот дотогаш досаден живот.
     
    На LoveRain и Ketchup им се допаѓа ова.
  14. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    MV5BMTY1NDc3MzgxNV5BMl5BanBnXkFtZTgwNDc3MTQwNjM@._V1_.jpg

    Like Father

    Оценка: 8/10

    Оставена на олтарот, младата извршен директор го зема крстарењето на карипски меден месец со последната личност што некогаш очекувала - нејзиниот отуѓен татко. Иако се оддалечуваат како непознати, тие наскоро добиваат нова благодарност за љубовта, животот, семејството и едни со други.
     
    На tace73 и boomsleng им се допаѓа ова.
  15. Frosi333

    Frosi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Mamma Mia 2 -preeedobar toplo go preporacuvam :) 10/10
     
  16. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    p164907_p_v8_ai.jpg

    Pirates of The Caribbean: At World's End

    Третиот дел од Пиратите на Карибите. Џек Спероу, омилен засекогаш!
    Оценка 10/10

    Продолжеток од вториот дел. Капетан Барбоса, Вил Тарнер и Елизабет Свон мора да отпловат од работ на мапата, за да гп најдат Џек Спароу и да ги направат конечните сојузи за последната решавачка битка.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Adrift (2018 )
    [​IMG]
    Филмот е снимен според вистинска приказна, и Вудли добро ја носи главната улога и го раскажува дејството. Клафлин уште не можам точно да го категоризирам како актер, но и овде задоволува со глумата.

    Млада девојка оди од едно место до друго со цел да крстари и да го види светот. Работи колку да има за храна и да стигне до наредната дестинација. Во Тахити, го сретнува Ричард, кој води сличен начин на живот, но со таа разлика што тој има свое бротче. Се запознаваат, се зближуваат, тргнуваат на крстарење заедно, сѐ до бурата која менува сѐ.

    Дефинитивно не е за во "трилери", пре би според самиот опис да се класифицира- романса и авантура. Можеби затоа има толку слаби оцени. Јас му давам 10 како тажна љубовна сторија, во која наместо лигавење и клишеа, е прикажан авантуристички дух. Притоа доста реално. Можеби не е ништо посебно, но е прикажена суровоста на природата која често знае да се јави како последица при ваков начин на живот, и унишувачката сила која ја поседува.

    Mission: Impossible- Fallout (2018 )
    [​IMG]
    Прво што ќе спомнам, ако филмот го свалате од Парјат беј, не го свалајте првиот торент затоа што сликата и звукот се ужасни, видео од премиера е ваљда. А е 1 и пол гига, така да не трошете интернет и простор за џабе.

    Не го изгледав до крај скроз, затоа што ми беше досаден. Том Круз ака Ејтан Хант во "Мисија: Невозможна" e една иста глума на карактер, која што е беспрекорна инаку, само во различна мисија. Борба на организации за безбодност, криминал, предаства и неколку љубовни сцени од животот на Хант. Класика во секој еден дел од мини серијалов.
    И исто како и во сите други делови, има акција, ефекти на врвно ниво, одлични сцени итн.

    10 од 10, ама искрено не би сакала да видам повеќе продолженија. Enough is enough.
     
    На Thallia, Mermaid90, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. FAUSTINA

    FAUSTINA Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Женски
    ARGO(2012)-10/10,
    Ben Afflec е одличен.
    Филмот е направен врз основа на вистинска приказна за тоа како се прави обид да се извлечат 6 Американци од Техеран Иран за време на заложничката криза на Американците во Иран во 1979.
    ЦИА агент смислува оригинален план за извлекување на заложниците кои се кријат во Канадската амбасада во Техеран. Дали ќе успеат да се извлечат или не открива овој филм.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Polyina

    Polyina Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Before I Fall
    https://m.media-amazon.com/images/M...wOTE5NzM2MDI@._V1_UX182_CR0,0,182,268_AL_.jpg
    Добар психолошки филм,драма.
    Се работи за една девојка (главна улога Zoey Deutch) преубава средношколка која постојано сонува сон што ќе се случи наредниот ден и секој пат се случува да загини некоја од нејзините најдобри другарки или девојката што не ја сакаат во школо.Таа е една од најпопуларните девојки во средно училиште има згодно момче,но има друго момче кое не е толку популарно но е искрено заљубено во неа.Во класот има девојка која е малку чудна и затворена,нема пријатели и постојано е потсмев на популарните девојки.Кошмарите кои ќе ги сонува ќе му го покажат вистинскит пат односно начин како да го доживее нејзиниот последен ден од животот.Се буди со пајка-оригам од нејзината помала сестра ставен на креветот и наместо да ја фрли на под како што правела до тогаш ја зема оди со сестра и поминува време со неа,подоцна зборува со родителите не ги игнорира како претходно.Доаѓа другарка и со кола ја зема за на училиште и денот кога треба да ја изгуби невиноста со дечко и таа решава да му раскине бидејќи во сонот сфаќа кој ја сака навистина.Тој ден во школо му се подаруваар ружи на девојките од момчињата на кои му се допаѓаат и таа добива роза од искрениот дечко,подоцна тој ја кани на забава во неговата куќа и таа прифаќа.Одат на забавата и таа се бакнува со него и знае се што ќе се случи на забавата дека треба нивната чудна соученичка ќе дојде изненадувачки и ќе се кара со популарните девојки и н крајот ќе истрча надвор и ќе ја удри кола но,Зоеу(не ми текнува како се викаше во филмот,пред некој ден го гледав) оди по неа и сака да и помогне да биде нормална девојка и на крајот наместо чудната девојка колата ќе ја удри Зоеу и така завршува филмот.
    Искрено вреди да се погледне,сличен како If I Stay ако сте го погледнале,а оцена би дала 7-8/10 по мој вкус :);)
     
    На AliciaSilver му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    1.jpg

    Geostorm

    Оценка: 7/10

    Откако серијата на природни катастрофи без преседан се закануваше на планетата, светските лидери се собраа заедно за да создадат сложена мрежа на сателити за контрола на глобалната клима и да ги задржат сите безбедни. Но, сега нешто има погрешно: системот кој е изграден за заштита на Земјата почнува да ја напаѓа, и станува трка против часовникот за да ја открие вистинската закана пред светската геостарма да избрише сè и сите заедно со неа.