Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    Само што го одгледав и би сакала и јас една рецензија за истиов зошто ми остави баш силен впечаток.

    Убаво склопено филмче кое и покрај ниската оцена на имдб (според мои стандарди) позитивно ме изненади. Вистинска приказна склопена во добар баланс "романтика-авантура", а за мој вкус и без патетики, онака преточено во реални емоции кои и те како ме разнишаа во секој поглед.

    Ако очекувате цел филм да биде ептен некоја акција, касање од ајкули, крвој и акања до бесвест, тогаш ќе се разочарате. Мене токму заради тоа ме бендиса филмов. Те крева, те спушта, ко ролеркостер и токму тоа играње минато-сегашност ми остави впечаток (на кое не секогаш сум фан), но ете овде таквите транзиции ме заинтригируваа да сакам да знам повеќе и за минатото и за исходот оф корс.

    Балансот во филмов ми носеше ем спокој ем турбуленции, а посебно ме трогна што е напраен по вистинска приказна, за која одма се фрлив кај чичко гугл да дознаам нешто повеќе.

    Шо да праам, слаба сум на филмови праени по вистински приказни.

    Од мене, една квалитетна 9ка.
     
    На tace73, Thallia, karmenka21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    p14426186_p_v8_aa.jpg

    Message From The King

    Филмов добар беше, но многу се набрзина се дознаваше како спојлери скоро секоја сцена беше.
    Оценка: 7/10

    Мистериозен аутсајдер од Јужна Африка, по име Јакоб Кинг, пристигнува во Лос Анџелес за да ја одмазди смртта на неговата помлада сестра.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    3F280CBA-7897-4CBE-8200-9E12D4F70BCC.jpeg
    Changeling 2008
    Жанр: драма

    Филмот е базиран според вистинска приказна. Дејствието се случува во 30тите години на минатиот век. Самохрана мајка ќе преживее вистинска голгота откако без трага ќе исчезне нејзиниот 9 годишен син

    10/10

    @toogood го препорачувам
     
    На Acka22, blackpanter, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  4. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    p8077771_p_v8_ae.jpg

    You Again

    Оценка: 10/10

    Кога една млада жена сфаќа дека нејзиниот брат ќе се ожени со девојката која ја малтретирала во средно училиште, таа се обидува да го открие вистинското лице на свршеницата.

    MV5BMTc0MDY2MDI3Ml5BMl5BanBnXkFtZTgwNjU2MzIyNTM@._V1_SY1000_CR0,0,641,1000_AL_.jpg

    Book Club

    Уште една предобра комедија!
    Оценка: 10/10

    Дајана (Дајан Китон) неодамна е вдовица по 40 години брак, Вивиан (Џејн Фонда) ужива во нејзините мажи без обврски, Шарон (Кендис Берген) се уште работи преку својот децениски развод, а бракот на Керол (Марија Стингберген) е во рецесија по 35 години. Животот на овие четири доживотни пријатели се преврте наопаку откако ги прочитаа озлогласените "50 нијанси на сива", кои ги катапултираа во серија скапоцени животни избори.
     
    На Acka22, blackpanter, tace73 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Sum go gledala.
    Ajde nekoj drug predlozi!
    :bow:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Beauty and the Beast

    [​IMG]

    Оценка: 7/10

    Со оглед на тоа што ми е еден од омилените, очекував филмот да биде одличен!
    Но, малку се разочарав, дали имав преголеми очекувања.
    Приказната сите ја знаете, нема потреба да раскажувам. :D

    Cindarella

    [​IMG]

    Оценка: 10/10

    Преубав филм. :inlove:
    Приказната ја знаете, ми се допаѓа како актерите ги отсликаа ликовите.
    Едноставно ми се допадна се. :D

    Book Club

    [​IMG]

    Оценка: 5/10

    Се раскажува за четири другарки, и нивниот љубовен живот.
    Едната е вдовица, друга разведана, трета мажена но, нема сексуален живот, четвртата сингл.
    Една недела се договараат да ја читаат книгата "Педесет нијанси на сиво" и одтогаш сите се фасцинирани од книгата, и се трудат да го средат љубовниот живот, но ќе наидуваат на мали проблеми.
    На крајот сите се среќни и задоволни.

    Не знам како сум издржала до крајот, досаден филм, не се случува ништо посебно, интересно.
     
    На Keiner, Cinderfakinrella, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  7. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    https://m.imdb.com/title/tt6499752/
    MV5BMjI0NzcyMjM5Ml5BMl5BanBnXkFtZTgwMzk2NzAyNTM@._V1_UX182_CR0,0,182,268_AL_.jpg
    Дејствието е во технолошки напредно општество.Дечково е против технологијата,смета дека роботите ке ги заменат луѓето и тие ке останат невработени,дека напредната технологија ги прави луѓето мрзливи...и сл.Како контрас ко неговиот став има пријател кој прави такви напредни изуми.Се случува несреќа каде останува инвалид и деугар му ке сака да му помогне.Мислев оти е предвидлив филмов но сепак не го предвидов целосно како што излезе крајот.Интересен е :)
     
    На blackpanter, Bender Rodriguez, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    51OGv-AnD6L.jpg

    The Hunger Games

    Најдобар филм!
    Оценка 10/10

    Katniss Everdeen доброволно го зазема местото на својата помлада сестра на "Гладните игри": телевизиски натпревар во кој двајца тинејџери од секој од дванаесетте области на Panem се избираат по случаен избор за да се борат до смрт.

    p15663025_p_v8_aa.jpg

    To All The Boys I've Loved Before

    Добар филм, интересен и опуштен.
    Оценка: 8/10

    Тајните љубовни писма на тинејџерката Лара Џин се изложени и предизвикаа хаос на нејзиниот љубовен живот.
     
    На Cinderfakinrella и boomsleng им се допаѓа ова.
  9. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    2.852
    Деновиве изгледав многу, ама ќе ги одвојам само оние што ми оставија впечаток

    [​IMG]



    OCEAN'S 8 ( 2018 )

    Фино. Ги имам гледано постарите верзии од OCEAN'S франшизата и ниту еден не ме воодушевил кој знае колку. Од ова очекував да биде многу појако, ама не испадна баш така. Во секој случај, фино беше. Фино за гледање, го препорачувам. Сите актерки се супер, бирани бирани и стварно избрани :))))



    [​IMG]


    HEREDITARY (2018 )

    Глуми една од моите три омилени глумици - Тони Колет, која ја сакам уште од нејзините почетоци.
    Го чекав филмов уште откако го најавија, зашто сум огромен хорор-фан и немам пропуштено да изгледам хорор филм.
    Ова беше нешто ПРЕдобро!
    Очекував поинаков крај и расплетување на настаните и, морам да признаам, маааааааалце се разочарав на крајот.

    Сепак, нешто одлично! Одамна немам изгледано добар, квалитетен хорор филм. Секоја чест!
    А па како глумеа... Уау! Тони се надмина сама себе! Јас не знам дали хорор филм може да влезе во трка за Оскари (негде прочитав дека не може, не ми е јасно зошто) - ама ако може, Тони би требало да добие Оскар за најдобра женска улога! Ме наежи на неколку сцени. Алал ѝ вера, значи!

    Девојчето, исто така... И физикусот погоден, и се...

    Пре-крас-но !!!

    [​IMG]

    DUDE (2018 )

    Хаос, страшно, лудило !
    Не ми се верува што тоа јас гледав и зошто? Цел го премотав и одма го избришав, не заслужи ни шанса да му дадам. Ај оваа познатава сеа ја форсираат, Луси, ама некако секој следен филм и е со поголема доза на сцени кои наликуваат на некоја од сцените од серијата Pretty Little Liars.

    Конкретно, филмов е многу лош. Не се случува ама баш ништо. Нема нешто кое што би те одржувало во постојана заинтересираност, да речеме... Апсолутно без везе!

    [​IMG]

    SUMMER OF 84 (2018 )

    Колку само се израдував коа видов нов хорор филм!
    Ама, ништо... Ветувачки почеток ама некако многу споро т.е. млитаво одвивање на нештата... Лоша музика, исто така. Личи на бледа копија на Stranger Things со самиот концепт, освен тоа што тука нема вонземјани и слично. Дури и музиката потсетува на онаа од серијата. Може да се погледне филмов, ама ако си ептен голем хорор фан па не сакаш да пропуштиш... Инаку - не!

    [​IMG]

    BAD SAMARITAN (2018 )

    Апсолутно препорачувам! Неверојатен трилер, ја слободно би го ставил и во хорор зашто е цел напнат. Презадоволен сум, како љубител на филмови со вакви тематики. Предобра приказна, одлична глума! Тотално вреди да се изгледа, го држи вниманието нон-стоп.
     
    На sikica7, kravce, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    To All the Boys I've Loved Before
    [​IMG]

    Класична средношколска приказна. Доста клишеа, но без многу лигавења. Интересен, воедно и кул филм. Главната актерка е вода за очи, со оглед на тоа што не гледаме толку често азијки низ американскиве филмови, посебно не ко главни улоги, плус премногу е симпатична.
     
    На Flower27, boomsleng, the.vampire.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. acvamarin

    acvamarin Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    25
    каде ја гладаш оваа серија, дали го изгледа остатокот не можам да ги неајдам последните епизоди?
     
  12. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    На 24ти требаше да излезат...веројатно ќе ги објават.
    Јас тука ги гледав
    https://www7.fmovies.se/film/driven.qkm3n/366ny9
    Под филмот подолу има коментари, гледам веќе ги побаруваат другите епизоди..би требало да ги стават за некое време. И јас ги чекам.
     
  13. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    Една кратка рецензија и од мене за филмов. Го одгледав пред неколку денови, но немав храброст да пишам бидејќи уште сум под доза на страв при самата помисла на некои од сцените. :sweat: Не сум воопшто љубител на хорори, но знам да одгледам некои од областа на паранормалното. Конкретно филмов е еден од подобрите хорори што ги имам гледано евр.

    Атмосферата е преемногу крипи во текот на цел филм, буквално од почеток до крај бев наежена. Се соживував со случувањата ко да бев дел од истите, а тоа секако се должи и на предобрата глума со која актерите успеваат да ти навлезат во психа.

    Тотално сум импресионирана и го препорачувам на секој кој е спремен 2 часа да се помести од ум. :D

    9/10
     
    На theunforgiven и boomsleng им се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    The Last Witch Hunter

    [​IMG]

    2/10
    Го знаете она чуство кога ви е досадно дома и не знаете што да правите со себе , и ќе ви се јават другарчињата да излезете надвор , ама се двоумиш да не биде тапа и надвор , па ќе решиш да излезеш само за да видиш дека е подосадно и си погрешил што си излегол, ама од друга страна ти е драго што си излегол наместо да седиш дома правејќи ништо.
    Е тоа чуството што ќе го имате додека го гледате филмот.

    А се работи , Вин дизел , гази сам вештерки , ги крши законите на физиката и easyyy paycheck, easyy money толку.....
     
    На Feminka22, boomsleng, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ocean’s 8 [2018]

    [​IMG]

    Тешко е да се критикува филм со all female cast без критиката да зазвучи како сексизам и мизогинија. Сепак, ќе морам да се обидам, затоа што Ocean’s 8 е филм кој стварно заслужува критика. :)

    За почеток, критиката воопшто не ми се однесува на недостигот на машки главни ликови у филмов, напротив – филмов изобилува со одлични актерки – Кејт Бланшет, Ен Хатавеј, Хелена Бонам Картер. Од друга страна, Сандра Булок, која очигледно одамна не сум ја гледал во ништо, ме запрепасти со својот нов (очигледно, пост-оперативен) изглед, a la white Michael Jackson. Без разлика на изгледот и неможноста за покажување на фацијални експресии, сметам дека таа можеби е и најслабата актерка од екипава (ако не ја рачунаме Ријана за актер), а баш таа се наоѓа во главната улога.

    Како и да е, недостатокот на добри актери дефинитивно е беше проблем за филмов – проблем беше недостатокот на хемија помеѓу нив. Булок и Бланшет, на пример, кои би требало да се најдобри другарки, имаа поврзаност како масло и вода, а и останатите не беа нешто подобри на ова поле.

    Вториот проблем беше неуспешноста на главните ликови да се поврзат со публиката и да ја натераат да „навива“ за нив – нешто што без проблем им успева на повеќето филмови, а што овде изостана можеби баш поради недостатокот на хемија.

    Третиот, и според мене, најголем проблем беа постојаните (и усилени) референци на оригиналната Ocean’s трилогија. Без да спојлам премногу, ќе речам само дека името на Дени Оушн (ака Џорџ Клуни) постојано се нафрла низ филмот, сестра му го посетува неговиот гроб во два наврати, па дури го гледаме Клуни и на една семејна слика – филмов како постојано да нѐ потсетува на своите корени, обидувајќи се да го оправда својот наслов кој содржи „Ocean’s“ во себе, а за волја на вистината, нема премногу допирни точки со изворната трилогија.

    Жално е што филм кој се претставува како 1) stand-alone остварување, засебно од трилогијата и 2) феминистички, осеќа потреба постојано да нафрла референци за омилениот и главен (машки) лик од Ocean’s филмовите, сакајќи на тој начин и самиот да се етаблира, да не речам, на туѓа слава.

    Не знам, можда само јас ова вака го дожвеав.

    Во секој случај, мислам дека филмов ќе беше подобар доколу беше heist movie, но без апсолутно никаква поврзаност со Дени Оушн и Ocean’s трилогијата – имаше солидна и позната актерска екипа која секако ќе побудеше интерес кај публиката и да бидам искрен, предзнакот „Ocean’s“ беше лоша услуга за филмов, повеќе минус отколку плус.

    Оцена: 6


    Summer of 84 [2018]

    [​IMG]

    Изненадувачки добар филм, иако нема ниту еден познат актер, ниту пак приказната е нешто револуционерно. Кога во летото во ’84-та се појавува сериски убиец кој тврди дека е одговорен за голем број на убиства на деца од околината, група тинејџери, од кои еден со исклучиво бујна фантазија и склоност кон теории на заговори, започнуваат да се сомневат дека серискиот убиец е нивниот прв сосед, кој истовремено е и полицаец.

    Иако е класифициран како хорор, филмов повеќе потсеќа на Goonies, т.е. на Stranger Things (за помладите гледачи), со доста сличен концепт и атмосфера. Содржи доста стандардни елементи, но и покрај тоа успева да избегне некои клише моменти карактеристични за мистерија/хорор жанрот. Особено ме изненади крајот, со тотално неочекуван пресврт во настаните, но и тонот на приказната.

    Без да откривам премногу, препорачувам да го погледнете.

    Оцена: 8


    Upgrade [2018]

    [​IMG]

    Уште еден филм од непозната екипа од кој не очекував премногу, кој успеа пријатно да ме изненади.

    Во блиска иднина, кога луѓето се сѐ позависни од технологијата, Греј е механичар за класични автомобили и технофоб. Откако неговата сопруга ќе биде брутално убиена, а тој ќе биде повреден и ќе стане квадриплегичар, технолошкиот могул за кого Греј репарирал класични коли ќе се понуди да му направи „апгрејд“, т.е. да му вгради чип со вештачка интелигенција, која ќе ја бајпасира прекинатата врска помеѓу мозокот и ’рбетот. Откако Греј повторно ќе може да оди, одлучува да открие кој стои зад убиството на неговата жена. Патот кон вистината е полн со изненадувања и неизвесности, а самиот крај на филмот е исто така неочекувано и пријатно изненадување – барем за хејтерите на клишеа како мене.

    Препорачувам!

    Оцена: 8
     
    На LadyC, Ketchup, do-re-mi и 10 други им се допаѓа ова.
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    ddd9d11f6f9445a1b39b415c36e32168.jpg

    Џонсон се обидува да го спаси своето семејство, откако ќе се најдат заробени во највисоката зграда на светот од терористи...
     
    На joy1, LitttleRNBPrincess и theunforgiven им се допаѓа ова.
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Escape plan 2 - hades
    [​IMG]

    3/10

    Реално , филмов е срање, можеби првиот дел испадна многу добар и со тоа се очекуваше многу и од вториот дел , ама нит има некоја прича , нит има некоја глума , нит па ај да кажеш не мора прича дај акции , ама ни акција немаше нешто посебно , две три тепачки со новиот џеки џен, набилдан дечко што пука наоколу и толку .... да не спомнувам што цело време скокаат сцените неповрзани и wtf си ....
    Иста копија од првиот дел(т.е get captured > impossible to escape > escape ) , само срање , не ви претпорачувам да го губите времето со филмов.
     
    На kravce, tace73, theunforgiven и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    images.jpg

    Fences

    Оценка: 7/10

    Трој Макссон (Дензел Вашингтон) живее како санитарен работник во 1950-тите Питсбург. Макссон еднаш сонувал да стане професионален бејзбол, но бил преостарен кога големите лиги почнале да признаваат црни спортисти. Горчлив поради неговата пропуштена можност, Трој создава понатамошни тензии во неговото семејство, кога го отфрла шансата на неговиот син, Кори да се сретне со колеџ фудбалски регрутер.
     
    На toogood и tace73 им се допаѓа ова.
  19. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Snowman

    10/10
    Одличен напнат психолошки трилер. Човек кој поради траума од детството убива жени и остава симболично секој пат снешко во близина на жртвата.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    The break up
    10/10
    Филмот е со Jennifer Aniston и Vince Vaughn, комедија е.Станува збор за пар кој раскинува но продолжува да живее заедно и нивните натезавања.
     
    На Dennings и RESANKA им се допаѓа ова.