Едит: последен е сега Skyscraper 10/10 станува збор за поранешен ФБИ полицаец кој треба да ја обезбедува најголемата зграда во светот.Со семејството се сели во Кина и при пожар подметнат од страна на криминалци тој го ризикува својот живот да ја спаси фамилијата.Ми се допадна што филмот те држи во неизвесност а крајот е добар
Roman Holiday (1953) Оцена : 8/10 Толку емоции ми предизвика Roman Holiday. Прекрасна приказна,прекрасни ликови и глумци. Неповторлива романтика. Ако сакате нешто да ве разнежни,да ве трогне. Ќе ве воодушеви скромното однесување на главниот машки лик. Одамна заборавеното џентлеменство. Пораката на филмот: Живеј без ограничувања. Скрши ја монотонијата на твојот живот. Барај нови авантури. Прави она што сакаш,она што ти велат срцето и душата.Љуби до небо и назад,зошто не секои моменти можат да се повторат. Крши ги правилата кои не ти одговараат. И незаборавната реплика: ANN [she turns around to look at him, heart-broken] Yes [they look at each other for a moment then Ann looks down and drinks the rest of her wine. Ann chokes back her sorrow] I... will have to go now. [She stands for a moment, Joe looking at her, then runs into his arms, crying on his shoulder]. JOE [comforting her] Anya... there's... something that I want to tell you. ANN. No, please [she looks at him and kisses him] nothing. [They hold each other for a moment then Ann looks down] I must go and get dressed. Ann walks to the bathroom. Joe stands with his back to her, heart-broken. He walks over to pick up his jacket and puts it on.
Abraham Lincoln: Vampire Hunter (2012) Легендарниот Абрахам Линколн представен како нешто сосема поинакво. Сплет на околности ќе го натераат да стане тоа што е, не само моќен политичар со кој што светот е запознаен, но нешто многу, многу повеќе. Не очекував многу од филмов, ама бев пријатно изненадена. Добра глума, интересно осмислено сценарио и добри ефекти. За опуштање е супер, акција со по некој ептен лесен хорор момент. Од мене 5.5/10
All I See Is You (2016) Летово немав речиси воопшто желба да гледам филмови. Искрено, изгледав толку ужасни филмови, што дури ми одмилеа и мислам дека еден период скроз се презаситив и ја одбегнував темата. Дури паднав во „искушение“ да гуглам rom-coms (и изгледав мал милион, guilty as charged ), кога одеднаш го ископав филмов и едноставно морам да напишам неколку реченици. First of all, филмов мислам дека не е баш за сечиј вкус, но јас многу сакам вакви филмови па... Инаку нема врска со романтична комедија, баш е драма која на моменти преминува во психолошки трилер. И не знам зошто филмов поминал толку нечујно низ социјалните мрежи, за разлика од The Shallows, кој ми се чини го најавуваа со вувузели и фанфари, а филмот е чисто с*ање, pardon my French. Овој е нешто сосема спротивно, барем за мене. Приказната се врти околу Џина, која после тешка сообраќајна несреќа која ја доживеала како дете, останува слепа и тактилно го ужива животот, сè додека еден ден не и' направат трансплантација на рожницата, со што делумно ќе и' се врати видот во едното око. И тука е тактички кажано, почетокот на крајот, од „рајот“ во кој дотогаш уживал нејзиниот сопруг, Џејмс. Нешто во стилот, повторно спознавање на себе си - ситуацијата ќе ја понесе Џина и тука доаѓа моментот кога таа сфаќа колку само различно изгледале сликите во нејзината глава за сè што ја опкружува, и колку од нив всушност немаат врска со реалноста. Но, дали среќата има крај? Дали можеби на луѓево ги плаши кога „уздите“ над некој им се лизгаат од раце? Дали нештата кои си ги замислуваме, често ги филуваме за да создадеме comforting world и колку од нив имаат некоја каква било допирна точка со навистина реалната слика? Дали би биле среќни ако се разбудиме и сфатиме дека нашата фантазија и реалноста се две дијаметрално спротивни работи? Па...тешко прашање. Многу уметнички филм, тоа мислам ептен ме освои. На моменти беше сензуален, па и благо речено еротски , можеби и некои „прашања“ останаа и неодговорени, но мене таквите филмови најмногу ми се допаѓаат, затоа што практично сè е оставено на фантазијата на гледачот и филмот остава простор да биде протолкуван од многу различни гледни точки или аспекти. На моменти ме потсетуваше на Mother!, особено при запазувањето на сценографијата, фините кадри и балансот со музиката во позадина. И Блејк убаво се снајде во улогата, не беше подвижна Барби кукла како во The Shallows. Од мене 9/10, од некој друг можеби повеќе.
Tag https://www.imdb.com/title/tt2854926/?ref_=nv_sr_1 Група пријатели се собираат повторно играјќи игра која ги обединува секоја година ист месец. Овој пат тие ќе се здружат против Џери, кој секогаш е победникот во играта.
Ocean's 8 Филмов треба да е нешто ко акција, ама повеќе мава на фантазија. Немаше ништо комплицирано, што секој акционен филм го прави она што е. Ниту имаш некој предмет да се сомневаш, размислуваш, да остане нерешен до крајот на филмот. Немаше ниту некои јаки сцени, кои ќе ги запамтиш, или ќе речеш: That's my girl! Бидејќи навистина има одлични актерки во филмов. Сѐ на сѐ, ова можеле да го склопат во една десет минутна Cartier кампања.
Исто ко @Ketchup Ocean's 8 Со душа го чекав филмов а вчера коа го одгледав, имам само да кажам, чист просек е филмов. Лимонадка, без тензии, без исчекувања, без динамика. Едино нешто што го прави филмов и фамата околу него, се звучните имиња во него. А екипата е стварно дрим тим. Штета што не се виде тоа во филмот.
https://m.imdb.com/title/tt0327056/...jIFJpdmVyfGh0bWw9MXxubT1vbg__;fc=1;ft=20;fm=1 Незнам како ми се промакнал досега филмов.Тројца другари од детството после една случка што му се случи на еден од нив со текот на времето се оддалечуваат секој по свој пат.Подоцна на еден од нив керката ке биде убиена.Осомничен е еден од другарите.Баш потресувачки филм.
Sierra Burgess is a loser(2018 ) Филмов го гледав all over social media, и очекував дека ќе биде уште едно интересно позитивно филмче како to all the boys i've loved before, but oh boy i was so so wrong. Прво филмов ми беше прилично досаден, трае многу, и многу споро ми одеше. Второ... приказната. Catfishing? Преправање да си некој друг? Озбилно? Во време кога се бориме за body positivity, self love, себеприфаќање, пуштаат ваква бљувотина од филм? И што е најтрагично девојката во главна улога има толку лош карактер, што личноста што треба да биде лоша во филмот испаѓа дека е ангелче. Скрос се разочарав од филмов. Едино позитивно во филмов ми беше Noah Centineo. 4/10
Кратка содржина: Маж и жена кои имаат потреба од пари се среќаваат со двајца автостопеници. Откако ќе пронајдат GPS координати што се верува дека водат до локација каде има скриено украдено злато, сите одат во суровите зимски услови за да го најдат богатството... Кратка рецензија: Овој Канадски трилер ми остави навистина добар впечаток и приказната те држи до неизвесност до самиот крај како што настаните станѕваат се покомплицирани. Навистина ми се допадна прекрасната канадска природа низ сцените во филмот, која всушност и ме потсетуваат на моето детство, како и талентираните актери и пораката да се покаже колку далеку и во кои неподносливи услови може човек да оди само поради неговата ненаситна алчност, дури и по цената на неговиот живот и животот на другите. Меѓутоа, би рекла дека за филмов имам само една забелешка, а тоа се ефектите на зимските услови кои се многу нереалистични. Знам многу добро какви се Канадските зими, и знам дека зависно од местположбата, Канада има екстремно студени околини. Но додека актерите се движеа низ шумата, не изгледаше како температурите навистина да беа толку ниски под нулата за да почне да се појавува мраз на веѓите, и други повреди. Дури и снегот ми изгледаше повеќе како дожд на одредени моменти. Оценка: 10/10
Failure to launch https://www.imdb.com/title/tt0427229/?ref_=nv_sr_1 Родителите на Трип ќе и платат на Паула да му биде девојка за да може да го натера да се иссели од дома , во меѓувреме тој ќе дознае. Интересно филмче
Skyscraper 6.5/10 ЗНАЕВ !!! , Го осетив уште кога со дрвената нога скокна 20 метри , ја осетив школата на fast and furios. Инаку , филмов е ок за гледање, за едно гледање , малце украле од Умри машки првиот дел , се работи Рок со своите бицепси и трицепси гази група лоши луѓе да ја спаси фамилијата и тоа е тоа. Има и една згодна азијка што мислиш дека ќе биде кунг фу секси нешто , ама срање.... Симнете го, гледајте го еднаш и избришете го од компјутер.
The ugly truth https://www.imdb.com/title/tt1142988/?ref_=nv_sr_2 Мајк кој е експерт за давање совети како да се освои машко и помага на Аби да го освои комшијата, во што и успева, но ...
Breaking In Филмов добар беше, но некои сцени не беа многу јасни како на пример почетокот на филмот Оценка: 7/10 Една жена се бори да го заштити своето семејство за време на домашна инвазија.
Кратка содржина: Во неодредена иднина во 41 век, претседателот на Земјата ја испраќа Barbarella, вселенски авантурист и претставник на владата на Обединетата Земја, да го пронајде научникот Dr. Durand Durand во планетарниот систем Tau Ceti, кој е инаку изумителот на позитронски зрак, оружје на ласерско напојување за кое водачите на планетата Земја стравуваат дека ќе падне во погрешни раце со потенцијал да го уништи човештвото... Кратка рецензија: Barbarella претставува винтиџ science fiction филм снимен во 1968 година. Приказната, би рекла дека е интересна но со невообичаени елементи и ликови. Самата позадина, костумографијата, и местата прикажани во филмот се исто така впечатливи. Актерите прилично добро се снаоѓаат во своите улоги, особено прекрасната Jane Fonda во улогата на Barbarella. Оценка: 10/10
The Meg Џејсон Статам е совршен во филмот со нападите на ајкулите. Предобар филм и тимот на актерите. Оценка: 10/10 Претходно исчезнато, масивно суштество напаѓа длабоко море потопно, оставајќи го оневозможено и затрупувајќи го екипажот на дното на Пацификот. Со текот на времето, визионерскиот океанограф регрутира нуркач за спасување, Џонас Тејлор, за да ја спаси екипата и морето од незамислива закана - прахористоста на ајкула наречена Мегалодон, долга 75 метри.
He's Just Not That Into You https://www.imdb.com/title/tt1001508/?ref_=nv_sr_3 Љубовниот живот на повеќе парови, нивните проблеми, раскинувања. Интересен филм, постариве филмови се 100пати подобри од новиве. 10/10
Hotel Transylvania: Summer Vacation Интересен цртан филм. Оценка: 10/10 Хотел Трансилванија 3: летен одмор, придружете им се на омиленото семејство на чудовишта кога ќе се качат на одмор на луксузен монструозен брод. Но, одмор од соништата се претвора во кошмар кога Мавис сфаќа дека Драч паднал за мистериозниот капетан на бродот Ерика, кој крие опасна тајна што може да ги уништи сите монструми.
The Meg 2/10 Значи ова е можеби едиствениот филм со чудовиште или ајкула или некаков си предатор што ќе изеде само 6 луѓе, во цел факинг филм !!!! АЛОООООООООООООО , досаден, нелогичен на момент гази ајкулата и осеќа све а друг момент како глупа да е , нешто лагува , не фаќа мрежа изгледа , глупа глума , нема доволно луѓе изедено ајкулата што треба да биде мегаааааа ајкулаа,тиња прича , без никаква посебна акција, едиственото добро во филмот се мускулите на Џејсон што се факинг секси и добрата фаца што ја има која го носи филмот да не пропадне. Мој совет наместо во кино да фрлате пари , симнете го Shark tornado или како и да се вика и гледајте го тој , или евентуално гледајте го невозможна мисија , не сум го гледал ама сигурно е боље од ова.
The good lie Моќна приказна за животот на деца од Судан, кои по убивањето на нивните родители немаат друг избор освен да пешачат илјадници километри, оставени на милост и немилост, со цел да најдат безбедно засолниште. По 13 години патот ги носи до Америка каде што мора да се адаптираат на тотално нов начин на живот. Длабока приказна која не верувам дека некого би оставила рамнодушен. Толку моќно прикажана што емоциите на актерите ги доживуваш реално и соживуваш со секоја нивна болка и среќен момент. (Ова верувам се должи и на тоа што ликовите во филмот се навистина дел од "изгубените судански деца" и нивната глума едноставно произлегува од нивните срца). Со умерена доза на хумор и не толку умерена доза на пресликување на нивните тешки судбини, се претопуваш во брановите емоции низ кои те води филмов. Воедно учиш и се восхитуваш на децата како после се што поминале во животот, волјата за да бидат дел од овој суров свет е посилна од се, успевајќи да ги задржат сите свои доблести кои ги поседуваат правејќи ги пред се добри и великодушни луѓе. Топло го препорачувам филмчево, вреди да се гледа.