Status Update Интересен филм. Оценка: 9/10 Тинејџер открива магична апликација која ги прави неговите социјални медиуми да се остварат.
Uncle Drew Оценка: 6/10 По исцрпувањето на животните заштеди за да влезе во тим во турнирот на уличната топка Ракер Класик во Харлем, Дакс (Лил Рел Хауери) се соочи со серија неуспешни пречки, вклучувајќи ја и загубата на својот тим на својот долгогодишен ривал (Ник Крол). Очајен да го освои турнирот и паричната награда, Дакс се сопнува на човекот, на митот, на легендата НЕСРЕЌЕН ДРЕВ (НБА All-Star Kyrie Irving) и го убедува да се врати на теренот уште еднаш. Двајцата мажи тргнале по патот за да го заокружат стариот кошаркарски тим на Дру (Шакил О'Нил, Крис Вебер, Реџи Милер, Нејт Робинсон и Лиза Лесли) и докажуваат дека група на старци уште можат да ја освојат големата.
Малку офф топик, нели можеш да пишеш своја рецензија, макар 2-3 реда ама да биде јасно, вака преведено со гугл транслејт нема никаква смисла описот, плус не е твое видување на филмот. Добронамерен совет, те молам послушај го, темава не е за вакви рецензии.
Како филмско дело, не е ништо посебно, ама приказната е интересна, посебно затоа што е базирана (делумно) на вистински настани. Како Game of thrones meets The handmades tale. The Other Boleyn Girl
Destination Wedding Интересна романтична комедија која може да те расположи. Оценка: 10/10 Приказна за двајца мизерни и непријатни гости на свадба, Линдзи и Френк, кои помеѓу нив се развива меѓусебна атрактивност.
Midnight Sun Одличен филм. Иако конктерно јас, на почетокот знаев каков ќе е крајот, сепак интересен е и го задржува вниманието. Не го препорачувам на луѓе што се емотивно нестабилни. Не памтам кога последно толку сум плачела на филм.
Little Italy Прекрасна и интересна романтична комедија со Ема Робертс. Оценка: 10/10 Лео и Ники се син и ќерка на двајца ривалски сопственици на две Њујорски пицерии. Нивната караница се повеќе ќе се одвива откако долгогодишното пријателство на Лео и Ники ќе стане романса.
Sierra Burgess Is a Loser Колку контроверзии имаше за филмов, мислев кој знае што се случува. Да бидам искрен, мене ми се допадна. Ваквите филмови на Нетфликс никогаш не одат толку далеку за да носат многу лоша порака со себе. Ликот на Сиера малку се двои од филмските клишеа. Не е претставена ко мило, дебело девојче што никој не сака да ја дружи. И не беше цел филм насочен кон нејзиниот bullying, туку кон проблемите на Сиера што си ги имаше сама во однос на себе. Навистина направи некои злобни работи, ко тоа што лажеше дека е глувонема, но не секогаш главниот лик треба да биде совршен. Доловена е пораката дека сите може во некои моменти на неизвесност да испаднеме премногу себични, но тоа не нѐ прави лоши личности по дифолт.
How To Be A Latin Lover Пресмешна комедија. Оценка: 10/10 Наоѓајќи се себеси отфрлен по 25 години брак, човекот кој направил кариера на заведување на богати постари жени мора да се пресели кај својата отуѓена сестра, каде што почнува да учи за вредноста на семејството.
Hot Summer Nights Филмов го пуштив без никакви очекувања, Тимоти е во главна улога и сакав да го видам како се снаоѓа во нешто поинакво од CMBYN. Го имам гледано и во LadyBird, но таму не беше нешто многу прикажан. Се работи за тинејџер по име Даниел кој за време на летниот распуст оди на гости кај својата тетка. Најпрво е прилично повлечено момче, но по некое време се здружува со најголемиот дилер во градот, Хантер, а истовремено се заљубува во неговата сестра МекКејла. Даниел му се придружува на Хантер во бизнисот со марихуана и заедно почнуваат да работат за друг човек. Другарството и бизнисот им оди супер, но Даниел се повеќе се зближува со сестрата на Хантер, зад неговиот грб, бидејќи Хантер не дозволува никој да ѝ се доближи, иако тие двајца не се воопшто блиски. Ова е еден од оние филмови кои обожавам да ги гледам, иако не секогаш сум воодушевен од приказната. Не е од оние класични драми кои сме навикнати да добиваат огромно внимание, поради нивниот буџет и се направени на идентичен начин. Додека го гледаш буквално си во истата позиција ко детето што ја раскажува целата ситуација. Го знаете она чувство кога ќе слушнете некои работи за познаници со кои воопшто не сте блиски, но сепак се сочувствувате со нив? Најверојатно и таа е поентата со оглед на тоа што филмот е раскажан од лик кој нема никаква поврзаност со главните ликови. Ептен ретро и чил вајбс од деведесеттите, со добар склоп на музика. Ме изненади фактот дека ова е прв филм на режисерот, но се надевам дека и понатаму ќе има вакви одлични проекти.
Downsizing Интересен филм, Мат Дамон ми остави голем впечаток како добро глуми, бидејќи се во акции сум го гледала. Оценка: 8/10 Социјална сатира во која еден човек сфаќа дека ќе има подобар живот, ако тој треба да се намали себеси до пет сантиметри висок, за да живее во богатство и сјај.
Death wish (201 Брус Вилис е познат хирурк кој правдата за одземањето на семејството ја зема во негови раце. Во овој филм се гледаат недостатоците не општеството, пропустите на правниот систем, целата таа бирократија која ги става во застој оние работи кои му се битни на човекот. Не можејќи да чека правниот систем и полицијата да превземат нешто во врска со убиството на неговата жена и ќерката која е повредна во нападот, Паул ја превзема одговорноста да тргне по сторителите. Можеме да ја видиме и достапноста на сите работи кои можеме да ги набавиме доколку само добиеме желба или потреба за нешто. Одлучен филм, со многу акција и во ниеден момент нема да ви биде досадно кога ќе го гледате. Препорачувам да го изгледате.
Everyday Интересен и едноставен филм со млади. Оценка: 9/10 Шеснаесетгодишната Ријанон се вљубува во А, мистериозен дух кој секој ден живее во друго тело. Чувствувајќи неспоредлива врска, Rhiannon и A се обидуваат да се најдат едни со други на дневна основа, секогаш сигурни во тоа што или кој наредниот ден ќе донесе. Наскоро, реалностите на љубовта на некој кој е различна личност на секои 24 часа почнува, оставајќи ги Rhiannon и A да се соочат со најтешката одлука која некогаш мораше да ја направат.
https://m.imdb.com/title/tt0795493/?ref_=tt_rec_tti&no_cache=51324 Двајца брака ке се согласат да извршат убиство за нивниот вујко,кој ги помага финансиски.Подоцна едниот ке се покае.
Perfect strangers Група пријатели парови се собираат на вечера и ќе почнат една игра, секој треба да ја прочита на глас пораката што ќе ја добие дури се на маса или да го пушти разговорот на тел да се слуша, нормално излегуваат на виделина сите интриги кои партнерите си ги прават. Многу реален филм.
Ready Player One Добар и интересен филм. Оценка: 9/10 Кога креаторот на светот на виртуелната реалност наречен ОАСИС умира, тој издава видео во кое ги оспорува сите корисници на ОАСИС да го пронајдат своето Велигденско Јајце, кое му го дава на пронаоѓачот своето богатство.
Mamma Mia! Here We Go Again Воопшто не сум љубител на мјузикли, од причина што знаат да ми бидат досадни додека ги гледам, меѓутоа овој и не беше така лош. Кога би бирал помеѓу првиот и вториов дел, би го одбрал вториот. Ме изненади фактот дека Мерил Стрип се појавува само во последните сцени, бидејќи самиот филм го знаеме ко Мерил Стрип, но од друга страна, целата приказна е основана врз тоа што нејзиниот лик е умрен година дена пред дејствието, па ликот на Дона е прикажан само во минатото, од страна на Лили Џејмс. Лили многу ја сакам како глумица, но мислам дека во оваа улога и не се пронајде баш така сјајно. Многу подобро се снаоѓа кога ликот кој што го глуми треба да е софистициран и сериозен. Глумата на Аманда е многу подобра во првиот дел, во продолжениево делува премногу изгубено, нема никаква енергија во неа. Приказната не е многу воодушевувачка, но не би кажал дека продолжениево е сосема непотребно. Убаво е што после 10 години(иако јас првиот дел го гледав лани ), истата екипа се собрала и направиле добро освежување за сите фанови на првиот дел од овој филм. Ќе заборавев да кажам дека Шер е вишок во филмот, иако ја обожавам и мислам дека новиот албум со преработките на сите песни од филмот е одлична идеја, тоа што е во улога на мајката на Дона, а другарките на Дона се речиси колку Шер со возраста во реален живот, а настрана тоа што личат ко да се каде-каде постари од неа, ја прави целата слика нерелана.
Red Sparrow Добар филм, ми се свиѓаше како глуми Џенифер , но имаше многу лоши сцени што нејќев да ги гледам како многу брутални беа. Оценка: 6/10 Балерината Доминика Егорова е регрутирана во "Спароус школа", руска разузнавачка служба, каде што е принудена да го користи своето тело како оружје. Нејзината прва мисија е насочена кон C.I.A. агент, се заканува да ја разоткрие безбедноста на двете нации.