Ladies in lavender Жанр/Драма Прекрасна приказна сместена во 30тите години на минатиот век. Две сестри во поодминати години живеат заедно во прекрасна куќа покрај вода и зеленило, случајно покрај обала ќе пронајдат и ќе го спасат животот на младо момче. Двете сестри на чуден начин ќе се поврзат и ќе го згрижат ова непознато момче. Одлична глума и пејсажи 9/10
Skyscarper Предобар филм! Оценка: 10/10 Еден експерт за безбедност мора да влезе во огнен облакодер, кога неговото семејство е заробено внатре со криминалците.
Midnight Sun Поради тоа што доста го гледав филмов низ темава и Бела Торн е во главна улога, а со неа немам гледано ниту еден филм, иако ја гледам насекаде по интернетов, решив да видам за што станува збор. Да бидам искрен, навистина е преубава и симпатична во филмов и мислам дека тоа е проблемот. И дечкото што глуми со неа е многу харизматичен. За ваков филм мислам дека подобро би било да одберат некои пореални ликови да кажам, од некои што би биле совршени заедно на високо-модна кампања. Почетокот е многу несериозен и клише, потоа има малку повеќе драма која прилично ми се допадна и крајот е пак повторно cheesy. Но, сѐ на сѐ, нема да кажам дека не ми се бендиса. Замислата е навистина убава и мислам дека ова можело да биде многу добар филм. Недостасува многу повеќе драма, неизвесност и некои такви детали. Приказната е добра, реализацијата - не. Додека го гледав ме растажи, но не е од оние филмови кои знаат да ме држат со денови. Едитот на сцените е исто лош и немодерен.
Adrift Предобар филм, на крај многу ми падна жал и дури се наежив. Оценка: 10/10 Вистинска приказна за опстанок, како што се среќава млад пар, прво се вљубуваат, а потоа низ авантурата на својот живот, се соочуваат со еден од нај катастрофалните урагани во запишаната историја.
Ant-Man and The Wasp Интересен филм беше, комичен. Оценка: 8/10 Додека Скот Ланг балансира да биде супер херој и татко, Хоуп ван Дин и д-р Хенк Пим имаат итна нова мисија која го викаат Ант-Ман, кој ќе се бори заедно со The Wasp за откривање на тајни од нивното минато.
Leave no trace Пред некој ден го одгледав филмчево, но не стасав да пишам па импресииве ми оладија, но не толку за да не можам да дадам соодветна рецензија. Во кратки црти, татко и ќерка поради одредени околности одлучуваат да живеат како бездомници во парк (шума), кои и покрај понудената помош одбиваат да се интегрираат во нормалниот свет. Без да откријам повеќе од и не така комплексната приказна, ќе додадам дека периодов е погоден да се одгледа филмчево зошто изнудува баш некоја таква меланхолична атмосфера. Ми го задржа вниманието уште од самиот почеток прикажувајќи една нераскинлива татко-ќерка врска, од една страна несебична, но од друга и повеќе од себична, барем јас така ја доживував во одредени моменти. И покрај тоа што длабоко ја разбирав причината за нивните одлуки, во одредени моменти филмов предизвикуваше голема фрустрација во мене која на крај сепак се претопуваше во жал. Ми се допадна тоа што режисеров во целава оваа меланхолична приказна успеал да внесе мала доза на напнатост која до сам крај ве држи во неизвесност за исходот од целава ситуација. Од филмов научив дека за одредени луѓе преживувањето во нивна посебно креирана слободна средина ги исполнува и усреќува повеќе од "робувањето" во наметнатиот систем на живот на овој свет. Не е филм кој би ве оставил со подзината уста, но е нешто поинакво од нашминканите холивудски напумпани приказни. Исто така прочитав дека е праен според книга која не ми е прочитана, така да не можам да направам соодветна паралела во однос на тоа. Сепак како филм ми се допадна. Оцена 8
The Darkest Minds Интересен филм, само што глупо заврши. Оценка: 9/10 Заробена од возрасен свет кој сега стравуваат сите помлади од 18 години, кои формираат група на отпорот за да се борат назад и да ја вратат контролата врз нивната иднина.
Upgrade Еден од подобрите научно-фантастични филмови кои сум ги гледала. Приказната е многу добра, нешто во стилот на Артур Кларк, но со многу повеќе акција. Главниот лик, е парализиран, и се нафаќа на експериментален 'апгрејд' со чип, кој ќе му ја врати способноста да се движи... и повеќе од нормално Оценка: 8/10
Venom. Сега си идам од кино и дур ми е свежо да пишам збор- два. Вчера кога земав карта видов ужасно ниски рејтинзи и ме фати паника дека џабе на премиера ќе се тепам ама филмот е decent. Сега кога земав линкот видов дека рејтингот се крена за три бројки и се поклопва со мојата оценка целосно. Акционите сцени ми се допаднаа многу, динамични, брзи, одлично обработена. Харди минута е лепотан, а после само некапен и грд ама се прогледва низ тоа. Има прошарана комедија наоколу, не е постојана, баш онака - доволно. Накратко опфатена е приказната на Веном, како е дојден на Земјата, кој е и шо е, како наоѓа домаќин и каков е нивниот живот понатаму. Другото е "суперхеројско" клише. Ова во наводници зошто сите знајме дека Веном не е херој. IMDb Youtube Rotten Tomatoes Оценка: 7/10
The Addams Family Многу стар филм ама најдобар е! Оценка: 10/10 Лажни уметници планираат да ограбат едно ексцентрично семејство со помош на соучесник кој тврди дека е нивниот долгогодишен изгубен вујко.
Venom На почеток ми беше досаден филмот малце аматерски, но после стана многу добар. Оценка: 10/10 Кога Еди Брок ќе ја има моќта на симбиот, тој ќе мора да го ослободи своето алтер-его "отровот" за да го спаси својот живот.
Searching Татко ја бара неговата исчезната ќерка, проверувајќи ги нејзините профили на социјалните мрежи. Цел филм е 'гледан' преку компјутерски монитор. Одличен трилер, проследен со многу неизвезност. Оценка: 10/10
Mamma Mia! Here We Go Again Овој дел не ми беше толку интересен, но актерскиот тим беше предобар. Оценка: 8/10 Пет години по настаните на Mamma Mia! (200, Софи се подготвува за големото отворање на хотелот Бела Дона додека учи повеќе за минатото на нејзината мајка.
4.5/5 Drama Vistinsko priatelstvo pomegu ovie zeni prosto da posakas da imas bare edna takva priatelka. Mislam deka na @elimkd ke I se dopdne. Podravce
The Haunted Mansion Еди Марфи најдобар! Оценка: 10/10 Сопственик на агенција за недвижности со неговата сопруга и деца се повикани во една голема старовременска кралска куќа, која наскоро откриваат дека е прогонувана, и додека се обидуваат да избегаат, тој дознава важна поука за семејството што било запоставено.
Tag Де смешен, де досаден ама добар беше. Оценка: 7/10 Секоја година еднаш месечно, пет високо конкурентни пријатели организираат своја игра со заштитен знак без задржување - која ги ризикува нивните работни места и нивните односи да се фатат еден со друг. Овој пат, играта се совпаѓа со венчавката на единствениот непоразен играч. Она што треба да биде лесна цел наскоро ќе стане сеопфатна војна, бидејќи тој знае дека доаѓаат за да го победат во играта.
Elizabeth Harvest Младоженецот (не е баш млад ) ја носи невестата за прв пат во неговата раскошна куќа. И' дава пристап насекаде, освен во една соба. И потоа... се' ескалира. Филмот е како една долга епизода на Black mirror ... Оценка 8/10 п.с. на имдб има лоша оценка.. али нема везе.. мене ми се допадна. Фетиш ми се мистерии и забегани теми
Big Eyes (2014) Оценка: 10/10 на imdb има 7/10 но, мене ми е многу добар. Жанр: Биографија, Драма, Криминал Филмот е по реална приказна. Во доцните 1950-ти и раните 60-ти, уметникот Волтер Кин (Кристоф Валц) постигна неверојатен успех и слава со портрети на големите очи. Сепак, никој не сфаќа дека неговата сопруга, Маргарет (Ејми Адамс), е вистинскиот сликар зад четката. Маргарет е многу лута бидејќи Волтер прави слава на нејзин грб. Дури кога ќе се разведе со него доаѓа до пресврт на приказната.