Love, Lies and Records Interesni TV serii 4.8/5 Eve do kade mozat da otidat nekoj greski na rabotno mesto. Naslovov kazuva sve.
A Star Is Born Ели е девојка во триесеттите години која преку ден работи како келнерка, а навечер ко изведувач во драг клуб. Една вечер во пијана состојба клубот го посетува рок ѕвездата Џексон Мејн. Џек се заљубува во гласот и изведбата на Ели, тие се запознаваат и поминуваат една вечер заедно. Откако Џек ќе увиди дека Ели е многу талентирана и одлична во музиката, ја повикува на својот концерт. Тој ѝ дава шанса да се покаже пред својата огромна публика и тука започнува животот и кариерата на Ели да оди по нагорна линија. Џек кога навистина би бил рок ѕвезда, би бил совршен пред очите на јавноста, но ми се допаѓа што филмов ја покажува и другата страна и таа не е така фасцинантна. За Ели немам некое конкретно мислење. Гага ја опишува ко спротивно од неа бидејќи Ели веќе е возрасна и помиерна со целата ситуација во која се наоѓа, додека Гага уште на 20 години се борела за да направи кариера. Од една страна е во право. Ако си сигурен дека имаш нешто за кое вреди да се бориш, тогаш бори се. Но, од друга страна, не е ништо ново коментарите на луѓето да влијаат на твојот начин на живот. Гага е совршена за улогата, поп-ѕвезда која е многу повеќе од тоа што го гледаат луѓето. Ми се допаѓа што оваа верзија ја покажува точно денешницата и како функционираат работите во музичката индустрија. Врската на Џек и Ели не ми е омилена, затоа ко што кажав, ликот на Џек, не е совршен и сѐ уште се обидувам да го сфатам. Филмот ќе го погледнам уште еднаш сигурно и ќе имам поконкретни ставови за него, но сепак мислам дека беше и испадна себичен. Soundtrack-от, врв! На repeat ми е отакако е излезен филмот. Режијата и сценографијата се исто одлични.
Truth Or Dare Филмов значи многу добар! Оценка: 8/10 Безвредна игра на Вистина или Лага меѓу пријателите станува смртно кога некој - или нешто - почнува да ги казнува оние кои раскажуваат лага или одбиваат да се осмелат.
Mamma Mia! Here we go again(2018 ) Првиот филм ми е омилен и секогаш ме расположува, а го имам гледано толку многу пати и не ми е здосаден. И малку е да кажам дека имав големи очекувања за вториов дел. Ама кога го видов трејлерот пред да излезе филмот бев разочарана многу. Има толку неповрзаности, Дона е умрена, мајка и е жива и тотално непотребна во филмов и се обидуваат во вториов дел кој е доста тажен да го развеселат со песните(инаку ова не е спојлер се открива во самиот трејлер). Ама доколку не го споредувам со првиот дел не е толку лош, истата екипа е +/- некои ликови, си имаше убави моменти, интересни песнички, само ме остави со многу неодговорени прашања. Од мене 6.5/10
Home Again Интересен филм. Оценка: 10/10 Животот за една самохрана мајка во Лос Анџелес неочекувано се сврти кога им дозволува на три млади момчиња да се преселат со неа.
Два добри филмови. Love Beats Rhymes Оценка 7/10 Една млада девојка сонува да стане голема во светот на хип хопот, но нејзините родители бараат да ја заврши својата универзитетска диплома. Таа совесно се согласува да го заврши своето образование, но нејзиниот изговорен збор докажува дека има силно влијание во училницата. The Mountain Between Us Оценка: 8/10 Заробени по трагичната несреќа на авион, двајца странци мора да градат врска за да преживеат во далечната снежна покривка. Кога ќе сфатат дека помош не доаѓа, тие се во опасно патување низ пустината.
I still see you (201 Ме бендиса филмчево. После апокалиптичен настан милиони луѓе умираат. Главниот лик (Вероника) тогаш е сеуште дете. Дејството продолжува после 10г. од тој настан каде преживеаните се приморани да живеат со духовите на умрените. Се случуваат многу чудни работи..нема да ви откријам што и како. Лесно ја предвидов личноста која стои зад тие настани, али сепак филмот ме држеше во неизвеснот до крај подади причината заради која се случуваа тие настани. Филмот не е хорор, туку трилер. Интересен за гледање.
Book club 2018 Постари жени - другарки се собираат после секоја прочитана книга и коментираат. Кога една од нив ќе ја предложи 50 нијанси сиво , сфаќаат колку им недостигаат некои работи во животот. Beauty and the beast 2017 Мислам дека сите ја знаеме приказната за убавицата и ѕверот. Филмот ми се допадна многу иако не сум по мјузикли и фантастични филмови . Го препорачувам.
The Da Vinci Code Сакав да го погледнам филмот одма после читањето на книгата, но тогаш не успеав и по година дена, а може и повеќе, се решив да му дадам прилика. Да бидам искрен, да не ја имав читано книгата, најверојатно немаше ништо да сфатам од филмов, иако некои викаат како филмот им ги разјаснил нештата што во книгата не ги разбрале убаво. Јас стопирав на моменти, за да се сетам убаво на деталите, бидејќи во филмов се изоставени. Да бидам реален, не сум многу разочаран бидејќи книгата е навистина предобра и не можам да замислам некој како целата ја преточува во филм. Има книги кои никако не можат да бидат склопени во добар производ од два часа, без разлика колкав е буџетот, тимот итн. Ми се допадна тоа што е доловен визуелниот дел од книгата, бар по мене, локациите на кои е снимано и главните ликови изгледаа баш онака како што си ги имав замислено. Меѓутоа, можеле малку повеќе да се потрудат околу едитот на филмот, да изгледа поинтезивно.
The Gracefield Incident Научната фантастика, во филмов, е само 'носител' на вистинската приказна позади... која иако звучи како ефтина фраза, сепак вечерва, многу ми се допадна. Заплетот, класичен Холивудски сај-фај/хорор: Пријатели ќе одат во шумска кабина на викенд, а со нив ќе стаса и 'непоканет гостин'. На ИМДБ има многу слаби оценки, ама јас ќе му шибнам една 7/10... за идејата позади... а да.. и фотографијата и специјалните ефекти
I Kill Giants Предобар филм! Оценка: 10/10 Се работи за едно девојче, Барбара Торсон која се бори низ животот бегајќи во фантазиски живот на магии и чудовишта.
The Spy Who Dumped Me Интересен филм Оценка: 7/10 Одри и Морган се најдобри пријателки кои несвесно стануваат заплеткани во меѓународен заговор кога една од девојките открива дека дечкото што и раскинал е всушност шпион.
Jack the Giant Slayer Стар филм, но интересен. Оценка: 10/10 Древната војна меѓу луѓето и расата на гигантите се засилува кога Џек, млад фармер кој се бори за кралство и љубов на една принцеза, отвара порта меѓу двата света.
Incredibles 2 Најдобар цртан филм! Оценка: 10/10 Боб Пар (г-дин Неверојатен) останува да се грижи за децата, додека Хелен (Еластичната девојка) го спасува светот.
Christopher Robin Интересен филм. Оценка: 8/10 Човек од работната класа, Кристофер Робин, се сретнува со својот пријател од детството, Вини-Пух, кој му помага да ги открие радостите на животот.
On Body and Soul (Testről és lélekről) (2017) Ендре и Мариа се двајца осамени и несфатени луѓе кои се запознаваат на исто работно, воедно најнеромантично место - во кланица во Будимпешта. По малата кражба, во кланицата се спроведува истрага со помош на психијатар, при чии испрашувања тие дознаваат дека сонуваат ист необичен сон секоја вечер - и се обидуваат таа поврзаност да ја оживеат и во реалноста. Необична унгарска романтична драма, доста мирно и бавно се одвива во првата половина - но при крајот кулминира со емоции и поттик на размислување. Првпат гледам филм од ова говорно подрачје, што уште поинтересна ми ја направи уникатната приказна Номиниран бил и за Оскар во категорија интернационални филмови, и навистина го има тој уметнички и филозофски шмек на европските филмови. 8/10
The girl on the train (2016) Филмот е добар, солидна работа завршиле, не знам зошто има толку слаба оцена на IMDb. Јас му давам 9/10. Глумата на главниот крактер Рејчел не на некое високо ниво, но приказната е доловена. A simple favor (2018 ) 10/10 Супер филм според описот. Комедија, Криминал, Драма. Супер се споени сите сегменти. The spy who dumped me (2018 ) 10/10 Филмот е комедија, не памтам кога последен пат толку слатко сум се изнасмеала. А и Сем го гледам за прв пат надвор од серија, и добар е. Truth or dare (2018 ) 6/10 Слична оцена има, ептен тинејџерски meh филм. Не е хорор, воошто не е страшен, ниту пак би го ставила како трилер. Џабе потрошено време е.
Mile 22 Интересен филм. Оценка: 7/10 Елитниот американски разузнавачки офицер, потпомогнат од врвна тајна тактичка команда, се обидува да шверцува мистериозен полициски службеник со чувствителни информации надвор од земјата. Father Figures Филмов онака беше, малце досаден малце смешен. Оценка: 6/10 Откако сфатиле дека нивната мајка лажела со години за нивниот наводно починат татко, двајцата браќа-близнаци оделе низ различни градови за да го најдат.
Venom 6/10 Реално филмов не е нешто посебно , цел филм им го носи Tom Hardy , одлично го погодиле глумецот , причата е мех онака , има убави акции и ок доза на хумор , негативецот е срање невидено али не е изненадување оти ретко кога Marvel прават добри негативци на филм, има малце клишеа и глупи сцени али се на се би ви го претпорачал да си го гледате дома на HD снимка. А и да таа женската има од една страна дечко што е културен , добар , грижлив , доктор т.е хирург итн итн, а од друга страна е Tom Hardy на јак мотор. Ко се знае како ќе заврши. EASY.