Get out. https://www.imdb.com/title/tt5052448/ Мистериозно хорорче. Крис (црнец) треба да се запознае со родителите на девојка му (белка). Се е ок на почеток на викендот, се додека Крис не ги примети двајцата куќни помошници во викендичката кои се црнци и се премногу чудни. Не се однесуваат природно и нормално, туку постојано се крипи насмевнати, а во очите им се гледаат солзи и страв. Се понашаат како програмирани роботи. Уште посомнително и почудно станува кога помеѓу сите белци гости, ќе дојде едне млад црнец кој исто така е премногу чуден. Облечен е како стар човек, не може да разговара нормално, а се води како исчезнат од пред неколку месеци. Значи белците си се најнормални луѓе, ама црнците се премногу чудни. Крис веќе е изваден од памет и ја моли девојка му да си одат, ама сепак ќе мора да се соочи со нешто страшно. 8.5/10.
Мистерија/Трилер Обожавам вакви филмови. Успешен млад бизнисмен е осомничен за убиството на неговата љубовница. Полицијата го наоѓа во заклучена хотелска соба со мртвото тело на љубовницата,тој по секоја цена тврди дека е невин.Is he? Ме фасцинираше како целата приказна е составена. 10/10
Описот не ми одговара за сликата која ја имаш ставено. Во The invisible guest се работа за нешто друго колку што паметам.
Љубов како од романите(мислам така се викаше) Џо е позната писателка која одлучува да издаде книга за специјалците и за нивните тренинзи,но таа не е добро запознаена со нивниот начин на живот.Таа ќе мора да оди 2 недели на обука кај нив(нејзината уредничка нема да биде задоволна од описите во книгата па затоа че предложи да оди на обука кај нејзинот брат Картер кој е специјалец).Отпрвин Џо и Картер премногу ќе се мразат.Но пргавата Џо ќе почне да му се допаѓа на сериозниот Картер.За време на обуката тие премногу ќе се зближат... Се на се премногу добар и хумуристичен филм.Вреди да се изгледа 10/10
Beverly Hills Ninja Стар филм, но најдобар е и пресмешен е! Оценка: 10/10 Еден човек се обидува да ја спаси една жена со мала помош од неговиот полубрат.
October Sky(1999) 10/10 Прекрасен филм базиран врз вистинска приказна како едно момче заедно со своите другари успеваат да го оставрат својот сон. Тие прават мала ракета и ја лансираат и добиваат награда во облик на стипендија за колеџ. Колку имаат поддршка во ова има и негодување од страна на таткото на главниот лик кој е рудар и смета дека и син му треба да се бави со таа работа а не да му лета главата во облаци и по ракети.
The Bounty Hunter Џенифер Анистон е предобра во сите типови на филмови, најдобра е! Најдобар филм. Оценка: 10/10 Ловец на криминалци се учи дека неговата следната цел е неговата поранешна сопруга, новинар кој работи на прикривање убиства. Набргу по нивното обединување, дуото-секогаш во коефициенти се наоѓа во бегање на нивниот авантуристички живот.
Marley & Me Некако ми тргна филмчиња со глумицава. Добро напишано, добар кастинг. Сладок филм, смешен и допирлив. Оценка: 10/10 Семејството учи од важни животни лекции од нивното симпатично, но непослушно и невротично куче.
How To Lose A Guy In 10 Days Најинтересен филм, смешен и ми се допаѓаат глумците. Оценка: 10/10 Бенџамин Бери е извршен директор за рекламирање и е женкар, кој за да освои голема кампања, се обидува да направи жена да се вљуби во него за 10 дена. Анди Андерсон која треба да победи за списанието "Компонирање" и е назначено да напише статија на тема "Како да изгубиш дечко за 10 дена". Тие се среќаваат во барот кратко време по кладбата.
Сега го барав и неможев да го најдам(инаку на Fox го гледав,па може и грешка наслов да сум напишала...)
Anger Management-Урнебесна комедија Предобар вреди да се погледне.Инаку,се раскажува за човек(му го заборавив името) кој има неконтролирани изливи на бес,случајно тој ќе се запознае со доктор кој е психијатар.Тој ќе одлучи да оди да се лекува(инаку при процесот на лекување ќе се случуваат многу смешни случки...) 10/10
The Princess Switch Интересен божиќен филм. Оценка: 10/10 Една недела пред Божиќ, Маргарет, прекрасната Војвотката од Монтенаро, заменува места со Стејси, "обичен човек" од Чикаго, кој изгледа исто како неа. Со помош на помошникот на Дедо Мраз, Маргарет се вљубува во убавиот ко-работник на Стејси, додека Стејси се вљубува во вереникот на Маргарет, убавиот Принц.
The Girl in The Spider's Web Филмов на почетокот ми беше многу досаден, ама отпосле кога почна акцијата добар беше. Оценка: 8/10 Младиот компјутерски хакер Лисбет Саландер и новинарот Микаел Бломквист се најдоа фатени во мрежа на шпиони, сајбер криминалци и корумпирани владини претставници.
И јас овој го гледав...планирам да ги погледнам и другите делови почнувајќи од Girl with the dragon tattoo. Инаку се снимани според серија новели (уште последната не е филм-увана): The Girl with the Dragon Tattoo The Girl Who Played with Fire The Girl Who Kicked the Hornets' Nest The Girl in the Spider's Web The Girl Who Takes an Eye for an Eye
Ја дури вчера дознав дека има други делови. И ја планирам исто да ги гледам, пошо кога го гледав не ми беше јасен што е работата хахах
Guardians of The Galaxy Vol 2 Вториов дел ми беше поинтересен од првиот, пресмешен беше. Оценка: 10/10 Чуварите мора да се борат за да го задржат новооткриеното семејство додека ја разоткриваат мистеријата на вистинското семејство на Петар Кил.