Вчера го пуштив и не го догледав, досаден ми беше. Инаку да сестра му е, и се убиваат цело време. Во последните делови мислам беше она во болница психијатриска и тој дојде и ја уби. Тоа уште на почетокот на филмот, и сега еве ја пак
Colette Не ми остави некој добар впечаток филмов. Поише беше биографски филм, како историски. Јас не сакам многу вакви жанр на филмови, но го гледав заради Keira Knightley. Оценка: 6/10 Colette е приморена од нејзиниот сопруг да ги пишува нејзините романи под негово име. По нивниот успех, таа се бори да ги направи своите таленти познати, предизвикувајќи ги родовите норми.
Зошто досаден? Не знам, мене не ми се виде како досаден. Очекував повеќе, тоа да. Ама не ми беше досаден, далеку од тоа... Клише, генерално земено. Истите нешта се повторуваат...
Драма. Музика. Романтики. Уметничко лизгање. Следење на своите цели и соништа. Како љубовта може да те дигне на нозе. За филмов немам зборови да го опишам. Меѓу најдобрите што некогаш ги имам видено. Му давам чиста 10-ка. Чиста. Мислам дека нема да зажалите да го погледнете, тие што не сте го виделе.
''Crazy Rich Asians'' (201 Десетче! Баш онака филмче - филмче за да те разведри, опушти, релаксира... Без да размислуваш. Некои ќе речат можда лимонада, ама ја лично не би го ставил во тој кош. Фина приказна, иако на моменти клише. Смешни ситуации еден куп. Убави бои, прекрасна фотографија... Колорит. Го препорачувам ама баш на сите, особено ако сакате (како што реков) да си се изрелаксирате онака ама баш до даска!
The Miracle Season Филмов! Немам зборови... Емотивен, интересен и според вистинска приказна е. Вреди да се гледа. Оценка: 10/10 По трагичната смрт на одбојкарката Каролина Фаунд, екипата нејзина од средно училиште мора да се здружат под водство на својот строг тренер во надеж дека ќе победат на државниот натпревар.
Го одгледав откако ме сретна твојата рецензија овде и тотално се согласувам. Одамна се немам вака изрелаксирано на филм и го одгледав два пати во два дена. 10/10 и од мене, топло го препорачувам! Е сега овде...тотална спротивност од она погоре. Не знам од кога вака се немам намачено на филм. Бизарен, бесмислен, до сам крај неповрзан, без поента (барем јас таква не видов). Има направено режисеров обид за добар трилер, ама не доволно изреализиран. Ако не друго, барем ме држеше во неизвесност до сам крај, давајќи му шанса дека нели со крајот ќе се извади и се ќе си дојде на место, но за жал тоа не се случи. Филмов е метафоричен и можеби би ги заинтригирал љубителите на теориите на заговор, но сите вие кои не сте љубители на мајнд фак филмови...подалеку од овој. Не сум импресионирана, ме изнамачи филмов, но дефинитивно ќе го памтам по неговата чудност и бизарност. И да додадам, глумата на Ендрју одлична! 6/10 За обидот.
A Simple Favour Филмов не ми остави некој добар впечаток. На моменти де смешен, де не. Глумициве не се за ваков филм можеби Ана Кендрик, но Блејк не е за ваков филм, жанрот мислев ќе беше комедија но не беше за мене. Оценка: 7/10 Стефани е самохрана мајка со родителски род кој се спријателува со Емили, таинствена жена од висока класа која има дете во истото основно училиште. Кога Емили исчезнува, Стефани ја превзема сама истрагата да истражува за Емили.
го гледав на една шведска страна и незнам дали има англиски превод пошо некои филмови се со шведски јазик
Creed II Овој дел беше најдобар од другиот бидејќи беше интезивен и крајот беше одличен. Оценка: 10/10 Во 1985 година, рускиот боксер Иван Драго го уби поранешниот американски шампион Аполо Крид во трагичен меч кој го шокираше светот. Против желбите на тренерот Роки Балбоа, синот на Аполо, Адонис прифаќа предизвик од синот на Драго - уште еден опасен борец. Џонсон и Балбоа мора да се соочат со нивното заедничко наследство, бидејќи минатото се враќа да ги прогонува двајцата.
И јас го гледав синојќа. Ја читав и книгата пред некое време, некој од тука ми пушти линк (незз кој беше, ама фала му) и книгата е милион пати подобра. Многу детали се сменети во филмот што не ми се свиѓаше. Интересна е Блејк во ваква улога
Christams chronicles Божиќна приказна за брат и сестричка кои го чекаат Дедо Мраз во својот дом, и нивната божиќна вечер се претвора во бајка, преубав филм.Од мене 10 и препорака.
Вчера го начекав на HBO, го гледав дека и првиот дел ми е гледан па... Искрено добар е ама првиот ми беше поинтересен.
Mission: Impossible II Почнав отпочеток да ги гледам деловите, до сега ниеден не сум гледала. Ме привлече последниот дел, добра акција има и затоа почнав да ги гледам. Овој дел и првиот се добри акции и интересни. Оценка: 10/10 Агентот на Невозможената мисија, Итан Хант, е испратен во Сиднеј, за да ја пронајде и уништи генетски модифицираната болест наречена "Цимера".
https://m.imdb.com/title/tt5207158/ Juzni vetar Srpski krimi film koj mnogu ubavo ja otslikuva aktuelnata situacija vo nasiot region. Filmot izobiluva so recnik prepoznatliv za vakvite filmovi,no e odlicen so super akterska ekipa. Preporacuvam 9/10.
Step Up 2: The Streets Филмов.. немам зборови! Предобар! Оценка: 10/10 Романтични искри се случуваат помеѓу двајца ученици од различно потекло на Школата за уметност во Мериленд.
7.5/10 Прво морам да напоменам дека во киното каде што бев го пишале Auqaman , чисто да се знае дека си во Македонско кино, да нема забуни. За филмот , морам да кажам после долго време DC направиле прилично ок филм , без некои тешки срања како во бетмен против супермен, убава прича , доста акции , тепачки под вода се прилично убаво прикажани , се гледа дека технологијата напреднала бајаги, за жените имате бицепс трицепс брадест дечко што гази , за машките има црвенокоса убавица што мафта и пафта со тоа рацете и искача водичка насекаде, значи има за публика што да гледа, доста клишеа има мора да признаам , претежно некој што избачен од општеството се враќа назат да си го врати престолот и тоа е тоа... Ви претпорачувам да го гледате во кино барем еднаш , не верувам дека ќе се разочарате.