Mission Impossible: Ghost Protocol Том Круз предобар е у филмовиве. Има добра акција и хемијата помеѓу актерите е супер. Оценка: 10/10 ММФ е затворен кога е вмешан во бомбардирањето на Кремлин, предизвикувајќи Итан Хант и неговиот нов тим да станат непријатели за да го исчистат името на нивната организација.
Bad Times At The El Royale Филмот на почетокот многу ми се допадна, ама крајот се разочарав. На приказната и недостасуваше нешто на крајот. Оценка: 9/10 Ел Ројал е хотел кој се наоѓа на границата помеѓу Калифорнија и Невада. Набрзо станува бојно поле, кога седумте странци - свештеник, пејачка, патнички продавач, две сестри, менаџерот и мистериозниот Били Ли - се спојуваат за судбоносна ноќ за искупување пред да тргне наопаку. Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelward Конечно го гледав филмов! Одличен беше. J.K Rowlings како и секогаш знае да изненади со маггичниот свет. Оценка: 10/10 Во обид да ги спречи плановите на Гринделвалд да ги подигне волшебниците за чисто крв да владеат над сите не-магични суштества, Албус Дамблдор го запознава својот поранешен студент Њут Скаммандер, кој се согласува да им помогне, не се свесни за опасностите што лежат напред.
Back To The Future II Филмов е стар и многу доста слушам дека го гледале и у план ми беше. Многу интересен и акција. Оценка: 8/10 По посетата на 2015 година, Марти Мекфи мора да ја повтори својата посета до 1955 година за да ги спречи катастрофалните промени до 1985 ... без да се меша со неговото прво патување.
A Simple Favor Кога ќе го гледаш Gone Girl, па ќе си легнеш и го сонуваш филмот во некоја поразлична фантазиска верзија и сонот решаваш да го преточиш во филм. Ова е резултатот. Два месеци чекав да излезе со добра снимка и очекував многу повеќе со оглед на рејтингот што го имаше и Блејк со Ана во главните улоги. Најпрво, филмов имаше премногу работи во него, буквално премногу. Втора работа, не сфатив која беше целата поента. Трето, зошто глумата ми делуваше ептен без врска? Мислам дека актерките се утнати скроз, иако и двете се глумици кои ги сакам. Како и да е, не знам што да кажам. На последната сцена бев: Втф? Што беше ова? Комедија, мистерија, трагедија?
Од многу препреки што имав дури сега го изгледав The Nun 2018 и се разочарав. Како љубител на хорор филмови и по тоа што го прецениле бев баш возбудена, и тоа “не го гледајте сами” дефинитивно би го превела како гледајте го со тие што се плашат. Очекував повеќе страшни случки ама не испаднаа воопшто. Се на се разочарувачки според мене.
Second Act Вчера го гледав на кино, лабав филм во кој Лопез е жена на која и се случува пресврт во животот и станува успешна жена. На почеток беше супер ама некако затупи до крај. The Princess Switch Истата глумица од филмот со Џенифер Лопез сега во улога на девојка која оди на натпревар за правење торти и слатки и налетува на нејзина двојничка, па случајно ќе го запознае и принцот. Интересно лабаво филмче. Night School Хард во улога на нереализиран човек кој нема завршено ни средно школо, па мора да оди во вечерно училиште за да добие работа. Мене ми беше малку безвеза.
Step Up: Revolution Не е толку добар како првите два дела, но интересен е и многу сакам вакви филмови со играње. Оценка: 8/10 Емили пристигнува во Мајами за да стане професионална танчерка. Таа има љубовна искра со Шон, лидер на танцувачка екипа чие соседство е загрозено од плановите за развој на таткото на Емили.
Значи на 99% од што не заслужуваат 10ка им даваш 10ки а едиствениот што заслужува 10ка ти му даваш 8/10?? WHAT THE FUCK??!??!?! Birdbox 6/10 Филмов е ок. За тепање време е супер, не знам зашто го ставиле хорор , нема ни х од хорор, нит гледаш чудовишта , нит нешто има посебно страшни работи , освен неколку дувања на ветерот.. Приказната е, ако сте го гледале The happening со Mark Wahlberg , каде што овие дишат посебен воздух или што и да е и се самоубиваат, епа иста приказна само тука е со гледање а не дишење... А и Сандра Булок си го прави своето, барем нема да ви биде досадно, John Malkovich исто си гази, ама тој кога па не газел. Не ви претпорачувам да го гледате у кино , бидејќи не е толку посебно да се фрлаат пари на него...али дома на нетфликс и чил може.
Nymphomaniac Vol:2 Не откривам спојлери, а и заплеткано е дејството.Во главно се збори за жена која е нимфоманка и последиците од тоа. 10/10
Војник кој го загубил својот живот во битката во Кандахар го употребуваат во научен проект се со цел да спречи терористички напад во воз во Чикаго. 9/10
Aquaman Филмов интересен беше само што too much акција имаше скоро секоја сцена ама супер беше. Оценка: 9/10 Артур Кари дознава дека е наследник на подводното царство на Атлантида, и мора да направи чекор напред да го води својот народ и да биде херој во светот.
Mission: Impossible – Fallout Ако гледате прича 4/10. Ако гледате акции , газење и остало , 7/10 Филмот е , Том круз гази и прави невозможни акции кои им пркосат на законите на физиката, ви претпорачувам да го гледате и во кино, барем не е досаден ,има доста дешавки
Summer of '84(2018 ) Деновиве се изнагледав филмови, ама овој морав да го прокоментирам. Дејствието се одвива во 80-тите, има многу stranger things и Stephen King vibes, па ако сте фан на хорор/мистерии/трилери кои се одвиваат во тој период please watch it. За време на летниот распуст, група на тинејџери пробуваат да ја решат мистеријата зад низа убиства. Мислат дека нивниот комшија, полицаец, е серискиот убиец кој се крие зад убиствата. И почнуваат да го следат. Мене секој момент од филмов ми беше интересен, навистина задржува внимание, приказната не е ништо ново, ама мене ми се допадна реализацијата. Крајот, tho, e многу, многу мрачен. 8/10
Mission impossible - Поради тоа што е снимен во Париз се решив да го гледам. Филмот како и сите други делови, малку научна фантастика при акциите ама забавно е направено и тоа. The house with a clock in the walls Интересна приказна за магионичарите кои некогаш биде заедно на сцена но сега останува само едниот кој треба да ја разреши мистеријата и маѓијата оставена од неговиот партнер. Овде се вмешува и внукот кој доаѓа да живее во куќата. Џек Блек како и секогаш е добар глумец.
Dismissed Не беше нешто посебен како што очекував, некако многу едноставен беше. Оценка: 6/10 Оптимистички наставник се води по застрашувачки дезориентирачки пат од студент кој е очаен да добие А.