Немав којзнае какви очекувања за филмов и ме радува тоа што препозитивно ме изненади. Претопол филм кој ми ја стопи душава во зимскиве денови. Приказна за настанокот на едно прекрасно, искрено пријателство достојно за почит, исполнето со светлина и трпеливост во најпотребните моменти, карактерни особини за восхит, глума беспрекорна, сето склопено во 2 часа кои ја претопуваат нашата душа со спокој и мир. Наспроти сиот расизам опфатен во текот на цел филм, приказната е зачинета со хумор и топлина со која забораваш на сето зло и неправда. Не можам да опишам колку уживав во филмчево, искрено ви го препорачувам. И што е уште пофасцинантно, базирано е на вистинска приказна. Чиста 10ка од мене.
Beautiful Boy Филм базиран на вистинска приказна. 18 годишен тинејџер зависен од секаков вид на дрога, пробува да се излечи на неколку начини, но безуспешно. Филмот воопшто не е лош, но не е ни нешто најинтересно за гледање. Воглавно, прикажана е борбата против зависноста со дрога на член во семејството.
Не само што ми е омилен писател, туку решив и да го пробам преку филмот La Ragazza Nella nebbia и можам комотно да кажам дека ми го освои срцето ! Обожавам крими, но ретко да наидам на волку добар филм, полн пресврти и сплетки. Мислам дека по препорака од тука го симнав, не ви давам пак објаснување , битно моја препорака да го гледате!
Cringe. Cringe на квадрат. Го чекав долго време, помислив дека кај да е DC ќе се оправат... Ама не. Ништо оргинално нема, пола сцени се крадени од други филмови, сценариото е благо кажано ужасно, plot twistot е смешен, со друштвото се убивме од смеење. Негативецот клише над клишеата, ама фризурчето му е да умре човек Глумците не се лоши, Џејсон е моментално најсекси маж на планетава земја, збесна се што беше женско во салата И убаво го глуми Артур, можеш да го идентификуваш со Аквамен. Амбер исто добро глуми, не е само pretty face, ја бидува колку толку. Ама ептен и се кринџ сцените, онака дури незгодно да ти дојде. Хемија немаат со Џејсон, смешни беа "нивните моменти", али во споредба со се друго, тоа дури и како светла точка му доаѓа. На Никол Кидман ова и е најлоша улога во животот. Мамбата црна не знам ни зошто го ставиле во филмов, понепотребен лик немало. Не знам што го бендисавте толку, па има 1000х пати подобри филмови со суперхерои.
Јас сите филмови ги симнувам од Замунда.нет. Направи си акаунт и симни го го има таму. Ако немаш џабе линкче ќе ти ставам .
Game Night Интересна комедија. Ми се допаѓаа актерите, супер беа. Оценка: 8/10 Група пријатели кои редовно се сретнуваат за ноќни игри се наоѓаат заплеткани во мистерија од вистинскиот живот кога е киднапиран братот на еден од нив од опасните криминалци.
Bird Box Сандра Булок изигра супер улога како и секогаш, а сценариото онака. Ок е филмот ама ништо посебно за толку фама околу него.
The House with a Clock in Its Walls 6/10 Филм каде што Jack Black е Jack Black, со доза на ок хумор, ок прича, глупи негативци кои се таму чисто да не биде филмов само Jack Black doing Jack Black stuff, небитно дете кое е таму да го види Jack black doing Jack Black stuff, ќе имате прилика и да го запознаете трамп на мали години кога учествувал на избори во школо. Се на се ок филм, вреди да го погледнете, еднаш.
Оценка 10/10 Иако долго траеше до крај ми го задржа вниманието. Животот на Одри, нејзината љубов кон глумата и актерството, потрагата по татко и, и љубовта за дете
The Way Back(2010) 10/10. Одличен филм инспириран од вистинска приказна. Оддамна ме нема восхитено некој филм како овој. Бегство на затвореници од руски логор во Сибир преку Хималаите во Индија и сите предизвици на непредвидливиот пат до повторна слобода.
Now You See Me Одличен филм и екипата со актерите! Оценка: 10/10 Ф.Б.И. агентот и детектив од Интерпол следат тим на илузионисти кои прават банкарските кражби за време на нивните настапи и ја наградуваат публиката со парите.
5th wave 5.5/10 Група вонземјани доаѓаат и сакаат да ја колонизираат планетата и да ги убијат сите луѓе, нашата мала херојка ќе се бори да преживее. Има доза акции, ако сте за уништување и хаос таман ви е иако све се случува во првите 30 мин од филмот, после е шетање и тупење, глумата е ок и причата е ок... Не ви претпорачувам да го гледате, губење на време.
First Man Рајан Гослинг во улога на Нил Армстронг, т. е. првиот човек на месечината. Ако човеков оваа година не земе Оскар, не знам кога. Мене многу ми се допадна како се снајде во улогата, а и самиот филм е одличен. Не е некоја досадна биографија, напротив, одлична драма со емотивен концепт. Исто така и глумицата што ја глумеше сопругата беше предобра.
Bird Box Сандра Булок најомилена ми е во сите филмови до сега што сум ги гледала, но овој ми остави еден предобар впечаток. Оценка: 10/10
Ibiza Уште еден од филмовите на Нетфликс, каде неколку другарки одат на бизнис патување, меѓутоа тоа оди во сосема друга насока. Ваквите филмови се секогаш со глупа содржина, ама овој и беше малку досаден на моменти. Ми се допаѓаат само сцените со журки, музика и hype енергија.
The Nutcracker and The Four Realms Магичен и интересен филм. Се беше перфектно од актерите до нивните костими и шминка. Keira Knightley многу добро глуми во секој филм. Meryl како секогаш одлична. Оценка: 9/10 Една млада девојка се транспортира во волшебниот свет oткако нејзината мајка за Божиќ и остави подарок заклучено јајце и ќе требс да го најде клучот во волшебната земја.
A Star is Born Многу добар филм, глумците прекрасни, Лејди Гага ме изненади позитивно, а Бредли Купер си е фаца. Тој е познат пејач, таа има прекрасен глас, се сретнуваат случајно и покрај него таа постигнува слава...