The shape of water Глувонема жена која е чистачка во една лабораторија се заљубува во чудовиштето кое што е создадено таму. Не знам што да кажам, не е баш нормално ама ај битно награди си добил филмот , не е мала работа со чудовиште да се сакаш..
Todos lo saben (2018 ) Шпанска драма со музата на Педро Алмодовар, и што друго ако не замрсени семејни односи. Во позадина као нешто мистерија, со многу емоции и патетика( ама тоа за драма е дозволено, нели).Не е лош, би му дала едвај 7/10, можда можеше да биде пократок и поинаку изведен.
Boy Erased 18 годишно момче, син на свештеник, посетува терапија за преобратување поради својата хомосексуалност. Филмот е направен по вистинска приказна. Никол Кидман многу ми се допаѓа во улога на мајка, глумата ѝ е фантастична. Општо за филмот не знам што да кажам. Сурово и тажно. Може дечково не завршува така лошо, меѓутоа фактот дека 700 илјади американци биле жртва на ова, од кои не знам колку завршиле катастрофално е навистина застрашувачки. The Miseducation of Cameron Post Овој филм е нешто слично на претходниот. Камерон ја испраќаат на камп за преобразување, откако ќе ја фатат со својата другарка во кола. Ми се допадна за нијанса повеќе од Boy Erased, затоа што Камерон како лик и децата со кои се здружи во кампот се по relatable, а и самата содржина е помалку брутална. Сепак, и двата филма прикажуваат убава слика до каде може да оди некогаш родителскиот памет.
Cruel Intentions 1 Првпат го гледав филмов и ми се допаѓа, интересна и романтична. Само крајот не ми се допадна како заврши. Оценка: 9/10 Сестрaта се обложува нејзиниот со полубрат дека нема да можат да ја однесе девојката која е девица во кревет. Во случај на нејзина победа, таа го добива неговиот автомобил Jaguar. Gone Girl Мистериозен и предобар! По вторпат го гледам. Има книга и сакам некогаш да ја читам, Бен Афлек го бива у вакви филмови. Оценка: 9/10 Со исчезнувањето на неговата сопруга да стане фокус на интензивен медиумски циркус, човекот гледа дека целото тос внимание е фокусирано на него кога се сомневаат дека можеби не е невин.
Вчера го гледав, фала на препорака Ми се допаѓа што го вметнале делот каде Л. Гага си кажува зашто не ја сакале во музичката индустрија. Не знам дали филмов е вистинска приказна но е предобар. За Бредли немам коментар. 10/10
Кече каде го најде филмот, го чекам и јас да го изгледам, баш да видам дали на исти места сум вртела со овие низ Ибица
Teenage Mutant Ninja Turtles Интересен филм, комичен е и првпат го изгледав целосно пошо кога го даваат на тв не бев толку заинтересирана. Оценка: 9/10 Група од четири мутантски желки кои, заедно со нивниот ментор Сплинтер и новинарката Април О'Нил се обидуваат да се стави крај на криминалната организација што го опфаќа Њујорк.
На Нетфликс го гледав јас, ама најверојатно го има и по онлајн страниве. Иначе, не е многу прикажана Ибица.
Bohemian Rhapsody Колку е добар филмот, Рами Малек го изглуми феноменално Фреди, после филмот пуштив видеа на јутуб да видам дали уствари движењата и фаците на Меркјури биле такви, и да баш така е. Во филмот е преставен почетокот на кариерата на Фреди Меркјури, се до неговиот настап на хуманитарниот концерт, преубав филм, и тажен. @LiliBoz ако го немаш гледано еве уште еден за гледање. Чиста 10 ка, заслужува оскар.
Кај го гледаше, го чекам од првиот пат кога го видов трејлерот. Омилен ми е Фреди, едвај чекам да видам глумата
Кога го изгледав со лејди гага отворив имдб и ми излезе овој па го симнав. Предобар и заслужува 10/10 Мислам 80% од филмот бев наежена.
A Knight's Tale Забавен, инспиративен и позитивен филм. Глумецов е предобар! Оценка: 10/10 Откако неговиот господар умира, еден селски племеник, поттикнат од желбата за храна и слава, создава нов идентитет за себе како витез.
Welcome home Дечко и девојка од Америка одат на одмор во Италија со цел да се одморат во една изнајмена и осамена куќа, но сепак одморот ќе им се претвори во замор поради комшијата. Во филмот мислам повеќе целта е да се прикаже колку е згодна Емили, не е нешто кој знае што но може онака за тепање време да се погледне.
Widows Толку го чекав филмот да искочи ама на крај малце ме разочара. Немаше многу акција и глуп крај имаше. А ми се допаѓашр многу тимот на актерите и актерките. Посебнo Viola Davis. Најдобра е она ја бива за силна и храбра жена исто како во нејзината серија. Оценка: 8/10 Поставени во современиот Чикаго, четири жени со ништо заедничко, освен долг што им ги оставија криминалните активности на своите мртви мажи, се борат со свои раце и се залагаат да градат иднина според сопствени услови.
Hunter Killer Каква добра акција, одамна не сум гледала ваков филм. Американската подморница е нападната од руската, при тие конфликти доаѓаат до сознание дека направен е пуч против Америка бидејќи е киднапиран рускиот претседател и направено е да изгледа дека за тоа се криви американците. Екипата од подморницата тргнува да го спаси претседателот и да докаже дека не стојат тие позади ова, а на терен има уште една одлична екипа на специјалци. Чиста 10 ка
No Escape Многу добар филм! Пуштив неколку солзи а по втор пат го гледам. Оценка: 9/10 Во нивната нова куќа во Тајланд, едно американско семејство наскоро се наоѓа во центарот на државниот удар и бараат сигурно бегство од околината каде што тие веднаш почнуваат да ги убиваат странците.
https://www.imdb.com/title/tt0047522/ A star is born Sega ke go gledam, popularen vo posledno vreme. Muzikata od filmot mi se dopagja. Inaki se raboti za filmska Zvezda koja na mlada pejachka I pomaga da stane slavna iako godinite I alkoholizmot na zvesdata poleka mu ja namaluvaat negovata slava.
Mortal Engines Па искрено не ми беше до толку добар но ми се допаѓаше акцијата, првин на почетокот не сфатив за што се дешава. Оценка: 8/10 Илјадници години откако катаклизмичните настани ја избришаа нацијата каква што ја знаеме, човештвото се прилагоди на новите услови и разви нов начин на живот. Гигантските мобилни градови сега владеат со земјата во форма на смртоносни машини и господарат со помалите населени места, освојувајќи област по област.