Последен филм што го гледав е... Вчера го гледав Кillers многу е убав ако го немате гледано гледајте го
Последен филм што го гледав е... Интересно филмче... носи убава порака дека денес колку повеќе пари толку повеќе "пријатели" имаш!
Последен филм што го гледав е... Која доза на неизвесност, исчекувања и поигрување со нашите мисли. Една млада учителка по име Ана (Кристина Ричи) си заминува од ресторанот, по расправија со нејзиниот дечко (Лиам Нисон). Кратко време подоцна, таа се буди на плочата на локалната мртовечница. Главниот службеник (Justin Long) во самата мртовечница ја информира дека таа загина во сообраќајна несреќа и дека тој го подготвува нејзиното тело за погреб..... Интензивен, брутални дуел следи помеѓу нив двајцата, Ана тврди дека таа е се уште меѓу живите, а тој и го вметнува во главата сосема спротивното. Прекрасен филм, вреди да се изгледа, посебно оние кои сакаат напнати филмови.
Последен филм што го гледав е... http://www.youtube.com/watch?v=L4GeA50K8xQ фино филмче со Расел Кроу и Мерион Котијард
Последен филм што го гледав е... Јас синоќа бев расположена за некоја комедија па си го пуштив Wedding Crashers
Последен филм што го гледав е... И јас го гледав, синоќа. Добар е за опуштање, на лесен начин е опишано како животот некогаш може да те удри од земја... ама после се оправаш
Последен филм што го гледав е... Ever After...старо филмче инспирирано од бајката за Пепелашка истовремено одлично филмче,малку поразлично од онаа приказна што ја знаеме,сепак совршено
Последен филм што го гледав е... Ramona and Beezus - интересно филмче, убаво е претставен начинот на кој децата ги доживуваат нештата околу себе и богатата детска фантазија Conviction - филм според вистинска приказна, за човек кој е невино осуден на доживотна казна поради убиство, и за силната љубов меѓу него и сестра му, која станува адвокат и го запоставува својот живот само да му помогне