Колку прекрасен филм. Бура од емоции. Не знам кога последно сум плачела и смеела истовремено така на филм. Освежувачка и инспиративна приказна за брачен бар кој одлучуваат да ја разбијат монотонијата на својот живот и превземаат чекор за посвојување деца. Но, патот е бурен и комплексен... Сето тоа прикажано на позитивен и хумористичен начин, но ве предупредувам спремете си и шамивчиња обавезно. Шмрк. Најтопло ви го препорачувам филмот, ве уверувам дека никој нема да остане рамнодушен... Посебно ми се допадна тоа што не е само обична комедија склопена да не насмее, ами приказна која може да поттикне многу луѓе да ја споделат несебично својата љубов онаму каде што е најпотребна. Чиста десетка од мене.
https://m.imdb.com/title/tt7668870/ Searching 2018 Откако ќерка му ќе исчезне, очаен татко пробува да ја најде следејќи ги дигиталните кои ги оставила. IMDb оцена 7.9 Јас се сложувам. Солидно потрошено време.
За жал торент уште нема и го гледав онлајн со лоша снимка ама барем гледлива. https://filmotopia.org/movies/instant-family/
Јужен ветар (Južni vetar) Жанр: Криминалистички Оценка: 10/10 Филм во кој глумат најпознатите српски актери. Младите кои сакаат сѐ и одма понекогаш тргнуваат по погрешен пат. Младото момче Мараш е припадник на автомобилска мафија, но ќе направи погрешен потег и ќе украде автомобил што припаѓа на друг клан. Зошто кланот е спремен на сѐ само да го врати автомобилот? Што има во тој автомобилот? Заплет кој трае до самиот крај. Својата последна улога, Небојша Глоговац ја одигра во овој филм.
A star is born - Навистина исплени филмов, иако не сум обожавател на Лејди Гага таа еднаш сними филм и ги сруши сите рекорди. Му недостигаше малку повеќе себичност на актерот кој го глумеше менаџерот на Али. Предобра костимографија, ефекти, многу емоции дефинитивно ме наежи филмот. Многу ретко се случува да ми се допадне цел филм со песни и сета драма во него. Оценка 10/10
Replicas ( 2018 ) Многу чуден филм, не баш убаво склопен. Приказната е за човечка реплика, односно дуплирање. што сите знаеме дека е возможно, но е илегално секаде во светов. Човек си ја губи фамилијата во сообраќајка, и прави нивни реплики бидејќи неможе да живее без нив. Е сега, многу работи недостасуваат во приказната. Според постапките на човекот, подоле во споилер ќе напишам, доколку сакате да гледате не ги читајте. Spoiler: Содржина Човеков си ја губи фамилијата и место првиот инстинкт да му е да плаче или да викне брза помош, полиција, anything.. него му доаѓа идеја да ги реплицира. Нема смисла, како да нема душа човекот. Ед, што му е колега и пријател на човекот, глуми како да го мрзи да живее. Со полу-отворена уста, не како филм да снима, туку како реклама за некој маркет.. 5/10
Во Cineplexx Мора да го гледаш, филмот е врв. Сигурна сум дека многу ќе ти се допадне. На нет и јас го барав, но не можев да го најдам.
Bird Box Филмов не планирав да го гледам, бидејќи знаев отприлика за што се работи, а мене филмови од овој тип не ме привлекуваат... Но, ме мрзеше да барам некој друг онлајн, па кога веќе го има на Нетфликс и не мора да комплицираш за да го изгледаш... Како што кажав, вакви филмови не сакам. Содржина со натприродни работи никогаш не ми била нешто wow, освен ако не е вложено многу визуелно. Би ги издвоил последните 30 минути од филмот како нешто подобри од целиот проект, ама ништо посебно.
How To Be Single Имав многу ниски очекувања за филмов, но бев задоволна само не ми е за 10ка . Филмот не е само смешен, толку е симпатичен, тажен и само забавен филм. Тимот на актерките ми се допаѓаше. Оценка: 7/10 Њујорк е полн со осамени срца во потрага по вистинскиот. И она што девојкиве сите го имаат заедничко е потребата да научат како најдобро да бидат единствени во свет каде дефиницијата на љубов постојано се развива.
Синоќа го гледав во кино,преубав филм. Сакам вакви, фантазија и акција и многу убави глумци Кралот на морето од мешани родители на два света, конечно успеа да застане на тронот. Преубави ефекти има филмот и многу напредни технологии вметнати Оцена 10+/10
In the land of blood and honey 10/10 Феноменален филм.Во Босна и Херцеговина почнува војната.Довчерашните пријатели Срби и Бошњаци,сега се ставени на спротивни фронтовски линии,да се борат еден против друг.Во увертирата на еден таков хаос,таа-уметник и тој,се заљубуваат.Кога војната ќе го збрише и секој траг на мирот,ќе успее ли да ја избрише и љубовта? Болна љубовна приказна,исполнета со страст,злосторство,солзи.Но и страв кој го изразуваат нивните очи,блиски,а сепак многу далечни.Одлична љубовна драма,плачев Топло го препорачувам.
Did You Hear About the Morgans? Интересна комедија со овие двајца, омилени ми се! Оценка: 8/10 Во Њујорк, отуѓен пар кој е сведок на убиство се преселува во малото гратче на Вајоминг, како дел од Програмата за заштита на сведоци.
https://www3.1movies.is/movie/nobodys-fool-2018/120065/YXixNWFR комедија,драма со вупи , девојка излегува од затвор и оди да живее кај сестрата https://www.imdb.com/title/tt8097306/
Филм базиран според вистински настани. Се работи за група пожарникари(специјалци) кои ризикувајќи си ѓи животите успејале да локализираат голем број пожари. Толку имам да кажам, ме остави без зборови филмот и со многу солзи. Дефинитивно вреди да се погледне.
Robin Hood Интересен филм со акција, авантура и хумор. Предобра екипа и манусот е супер. Оценка: 10/10 Како млад човек полн со идеали, заминува во крстоносните војни, каде доживува разочарување, но станува искусен војник. По враќањето назад, го онерасположува состојбата на неговата земја, која западнала во корупција, на која ќе мора да се спротистави. Заедно со неговиот заповедник креваат бунт против англискиот крал.
Alpha Филмот е приказна за едно дамнешно време, таткото го губи својот син кога го носи на лов, мислејки дека не останал жив, таткото се враќа назат во домот а синот останува да преживува и да го бара патот до дома. Детето цело време е придружувано од еден волк кој за добиената помош го жртвува неколку пати својот живот. Мене онака ми беше како театарска претстава малку филмот, а детето многу симпатично.