Bird Box. @Ketchup го пишал на претходната страна, ама не му се свидел па еве и јас кратко ќе пишам за да има уште едно мислење за филмов од човек на кој му се допадна. И јас не обожавам фантазии, ама ми беше симнат па ај му дадов шанса и искрено не погрешив. Изгледа дека сакам малку напнати филмови со неизвесен крај и со борба за преживување, затоа ме привлече. Плус горе долу си ја сакам и Булок, па ете причина плус. Во филмов се работи за тоа дека на планетава се појавуваат некои чудни вонземјански суштества кои ако ги видиш полудуваш и се самоубиваш. Е сега има и некои луѓе што не се самоубиваат веднаш, туку само полудуваат, па ги присилуваат другите да ги отворат очите. Стануваат насилни и многу агресивни. Уште на почеток на филмот некои паметни луѓе ќе сфатат дека не треба никако очите да ги отвориш, па се собираат неколку рандом души и така со превез на очите преживуваат. Се борат за храна, се борат со полудени луѓе околу нив...Не знаат на кого да веруваат...И се тоа се затворени очи. Ликот што го толкува Сандра Булок има со себе и две деца, кои се родени во такв свет со превез на очи, кои не знаат како изгледа река, дрвја, трева или други деца, па освен што треба за себе да се грижи, таа мора да пази и на децата. Инаку тие суштества ништо не ти прават, освен што те полудуваат. Значи може покрај нив да поминеш и ако не ги видиш може има шанси да преживееш. Креаторите на филмот што ги цртале страшните монструми се посветиле на таа задача цели 6 месеци, ама кога ги видела Сандра Булок пукнала од смеење (и личеле како големи лоши бебиња), па затоа сега воопшто не се прикажуваат во филот. Се слушаат звуци од монструмите, ама не се прикажани. Значи не е нешто wow да паднеш на газ, ама за љубителите на фантазии и борби за опстанок, би им бил добар
Ladies in black Филмот е приказна според роман за начинот на живото во Сиднеј во 1959 година, Група на жени кои работат во една продавница за фустани. нивните животни приказни, нивниот стил изглед. Целата приказна е некако онака, нема некои запллети колуминации, акции но сепак може да се погледне за тепање време. Има многу убави жени, интересни фризури, шминка. фустани.
Tracers Интересен филм, Тејлор многу добар глумец е. Оценка: 9/10 Баран од кинеската мафија, Њујоршкиот поштар со велосипед, избега во светот на паркур откако се сретна со прекрасна странка.
Mortal Engines(2018 ) Со оглед на тоа дека филмов е од режисер на LOTR и Хобитот имав високи очекувања од филмов. А и во кино кога бев и фатив реклама за филмов изгледаше стварно добро и како да ќе има интересна приказна. Oh boy, i was wrong. Има потенцијал за добар пост апокалиптичен филм со типичната борба за преживување, компјутерската обработка е ептен добра, ама голем дел од сцените се веќе видени и превземени од многу други филмови. Има премногу елементи напикани во приказнава што се непотребни, и трае 2 саати, што е премногу. Многу предвидилив, со ликовите некако не се поврзуваш и крајниот впечаток е блуткав и прилично meh. 5.5/10
Crazy Stupid Love Интересна комедија со Стив Карел и Рајан Рејнолдс. Добро ќе ве расположи. Оценка: 8/10 Животот на средовечен сопруг драматично се менува кога неговата сопруга бара да се разведе. Тој се обидува да ја открие својата машкост со помош на новоотворениот пријател, Џејкоб, учејќи да биде со девојки по баровите.
После The keeper of lost causes (2013), The absent one (2014) и A conspiracy of faith (2016) конечно излезе уште еден дел од данскиот серијал Department Q: THE PURITY OF VENGEANCE (JOURNAL 64) ( 2018 ) Агент за недвижнини пронаоѓа три мртви тела седнати на маса во стан во центарот на градот. Истрагата ги поврзува телата со дом за проблематични девојки кој работел од 1958 до 1961 година. Овој случај го интригира детективот Карл Морк и заедно со неговиот партнер Есад кој има уште една недела во Department Q ги здружуваат силите за последен пат да го пронајдат убиецот. Како и другите делови, не зажалив што го гледам, преинтересен, од мене оцена 10/10. Кога сум тука да искористам да предложам уште еден преинтересен за мене филм: 11:14 (2003) Во овој филм се работи за сообраќајна несреќа (читај: тело паѓа врз кола во движење ) која се случува во 11:14 часот прикажана од 5 различни перспективи. Ми го задржа вниманието од почеток до крај, успеа и да ме насмее иако не е комедија, од мене оцена 10/10.
Vertigo https://www.imdb.com/title/tt0052357/ Хичкок мојот омилен и филмов гледан над 100 пати а и потребно е повеќе од еднаш гледање пошто се работи за сложена несекојдневна и уникатна приказна, а нели каква може да биде ако е раскажана од најголемиот мајстор на сите времиња, маестралниот господин Хичкок. Психолошка трилер драма, одличен филм и препорака!
Spider-Man: Into the Spider-Verse Воопшто не сум по анимирани филмови, посебно не со суперхерои, меѓутоа кога веќе ја преслушав Sunflower, а и самиот филм доби оскар... зошто да не? Дека сум гледал покул цртан, не сум гледал, но од приказната воопшто не бев нешто импресиониран. Генерално секогаш е истото, со мал пресврт. Малку не ми е јасно како секоја година излегува нов Спајдермен и сите се со прилично добар рејтинг, а содржината е речиси иста.
A quiet place татко мајка и три дечиња живеат во бегство од некои суштества кои имаат само сетила за слух, дури и најмал шум... Борба, упорност, снаодливост во филмот.
The Conjuring 2 Не го фатив од почетокот , па малку се збунив и мислев дека се работи за филмот The Nun ( на Тв го даваа The Conjuring 2 пред половина час ) . Интересен ми беше , ми го задржа вниманието до самиот крај . Полн со неизвесност дали ќе го избркаат демонот или не , дали ќе го спасат девојчето а и останатите членови на фамилијата и кој е всушност вистинското зло во куќата . Од мене оценка има 7 / 10 . П . С . Патем налетав на сликава
Caged (1950) Филмот ја следи приказната за Мери Ален, 19 годишна девојка која пристигнува во затворот, осудена за ситна кражба за која не е ни виновна. Таа е кревка, наивна и плашлива а пеколните искуствата што ќе ги преживее во затворот ќе ја натераат пред време да созрее. Филм во кој се прикажани најголемите зла во човекот наспроти невиноста на една чиста душа, како нормален човек се справува во ненормални услови со уште поненормални луѓе, колку може да истрпи или не и како понатаму се одразува тоа на една девојка која сеуште е дете. Одличен филм, ептен пријатно ме изненади, секој еден лик во затворот е приказна за себе, разработен до најситен детал, одлични дијалози и шокантни случки, главната улога и лошата чуварка ликови за оскар... One Flew Over the Cuckoo's Nest приказна за женскиот затвор. 9/10
А-У. О д л и ч е н. Ептен скептик отидов во кино, мислев дека само ја уфрлаат Капетанкава колку да си направат пари и дека ќе иде као најбејзик суперхеројски филм, ама boy I was wrong. Си има крадено од други филмови и овој, ама толку се добро вклопени сцените, сто посто уживање загарантирано. Имаше plot holes нормално, али мене како верен comic book фан не ми промакнуваат, не ни можат толку стриктно да се водат према стриповите. Бри Ларсон парче прави, жениште и пол. Ако DC ја има WW, Марвел дефинитивно треба да ја промовираат неа, ниту Scarlet Witch, ниту Black Widow, ниту Џин Греј не си можат реално Оргинал Капетанка ја кастнале, не можеле да направат поубав избор. Секоја чест. Топла препорака од мене.