Двајца американски туристи одат во Мароко на одмор. Едниот повеќе е за журки а другиот пред некое време раскинал со женска му. Таму запознаваат муслиманка, убава девојка, а едниот од нив се зближува со неа. Таа го води на некое туристичко место(подалеку од градот) со некој си стар минибус, каде што го мами и го наведува да преспијат во оние пештери во рид кои се карактеристични за арапските земји. Утрото момчето станува гледа ја нема девојката, ја бара и открива таен тунел внатре во пештерите каде што го заробуваат некои војници и го носат длабоко во тунелите каде има "лабараторија" односно касапница за луѓе каде им се вадат органите. За тоа време другар му тргнува да го бара и тој го наоѓа тунелот, но и другар му мртов со извадени органи, веднаш и него го заробуваат и го снајдува остата судбина. Тука имаше уште 2-3 лика кои на почеток им се наоѓаа од рака, но испадна дека сите тие заедно со убавата и "фината" девојка се дел од таа гнасна организација. THE PASSAGE 2007
The Housemaid 2016 Кратка рецензија: Млада и убава девојка доаѓа од село на една голема плантажа , и бара работа како куќна помошничка . Главната помошничка ја прима прво на пробен период и ја предупредува ако добро ја извршува својата работа , ќе биде примена , но ако не ја извршува својата работа ќе мора да си оди . Но , работите се комплицираат кога газдата се враќа дома ранет од француските револуционери. По низа случувања, двајца вработени се убиени заедно со Себастијан - газдата на плантажата .. Одличен трилер. Мене ми го задржа вниманието до самиот крај. Од мене оценка 8/10 .
Оценка 8/10. Онака ми е филмов, по толку препораки очекував нешто по интересно. Воедно, се зборува за 4 другарки од средно кој после 10г се среќаваат на моминска вечер на Скалет Јохансон, кој што одат во Мајами и се среќаваат во разни ситуации. Забавата почнува вечерта кога пристигнуваат, конзумираат дрога и алкохол и накрај во чиста случајност кога се враќаат во куќата кај што се сместени, резервираат стриптизер за невестата кој што ненајдејно едната од нив го убива. Цел филм се мислат како да се ослободат од телото и на крај излегува дека тој не бил стриптизер туку мафијаш кој влегол во куќата да украде некои скриени дијаманти. Накрај завршува среќно и весело. Би го издвоила филмов исто така го гледав по 2 пат. Сандра Булог е талентирана за компјутери. Нејзините меѓучовечки односи се скоро целосно онлајн и по телефон. Нејзиниот соработник и доверува чип, која овозможува пристап до најчесто користен компјутерски систем за безбедност. Заедно со нејзиниот соработник патуваат во авион каде што намерно пага со цел мафијата да дојде до чипот. Нејзиниот соработник е мртов, а таа е хоспитализирана. Таа се буди и сфака дека нејзиниот идентитет е избришан. Се соочува со многу ситуации. Дел од филмот бара како да си го поврати идентитетот. Случајно наидува во една просторија каде што го наоѓа чипот и го брише и го убива лидерот на мафијата кој преку цел филм ја гони. Оценка 10/10.
Кралот Артур го гледав пред некој ден, стар филм од 2004 кој ми беше интересен, со интересен крал, харизматичен, и многу убав глумец кој го глуми. Интересна приказна Оцена 10/10
Фантастика, во кино 3Д верзија. Преубав суперхерој, убав вовед за следниот филм кој цела година ќе го чекам да излезе, со душа. Запознавање за тоа како настанува последната и најјаката од хероите. Препорачувам Оцена 10+/10
1984 Флмов е повеќе од добар. Џорџ Орвел знаел за што пишувал. Екранизацијата е фантаситчна. Филмот е снимен во 1984, намерно да се поклопи со насловот. Доколку сакате да видите каква е дистопијата, го препорачувам. Дејството се случува во 1984 година, во државата Океанија, тоталитаристичка, во некогашен Лондон. Светот изгледа поинаку од она што го знаеме, или барем така е претставен на популацијата на Океанија. Со општеството владее една партија, елитите ги контролираат цивилните службеници и пролетеријатот. Океанија е во војна со Евроазија... Животот на луѓето е контролиран од вестите кои стигаат до нив, до гмо храната, до нивната политичка определба... нивното мислење не е дозволено, љубовта како чин е забранета, а оргазмот се редуцира, моралот не постои. Војната која разрушила се, ги оставила луѓето во руинирани домови. Ама секаде има екрани, нешто слично на телевизија. Не постои копче за нивно исклучување, вести има во било кој дел од денот или ноќта. Единствена пропаганда за покорност и љубов има спрема лидерот, т.н. Големиот брат. Контролата оди до таму што постои кривично дело против државата- мислење. И соодветно, полиција за мислење. Сите оние кои се спротивставуваат на режимот се убивани. Нивните слики се бришат, нивните имиња се бришат од регистарот, историјата е избришана. Во такви услови, еден човек ќе ја открие љубовта. Топлината која му фалела од мајката, сега ја добива од жена. Убава и слободоумна. Морам да кажам дека Сузан Хамилтон е прекрасна, природна и сензуална. Нивната мала идила ќе ги натера да размислуваат, и од роботи да станат луѓе. Чудото за нив, љубовта која некогаш била нормална, сега е само луксуз. But Big brother is watching you... Понатаму нема да откривам. Останува да видите, дали љубовта е најмоќна? Дали стравовите се посилни од неа? Филмот многу потсеќа на поранешното социјалистичко општество, или на комунистичкото во Северна Кореја. Ама уште повеќе, на денешното време. Кога Џорџ Орвел го објавил романот во 40-те, тоа било шокантно. Со оглед на нормите што постоеле тогаш, родовата нееднаквост, ова било фантастика. Во 1984 кога бил снимен, веројатно целта била да се прикаже дека светот не изгледа така, иако бил нешто поблиску од фантазии. Денес најблиску сме до тоа. Ако продолжи вака општеството да се движи, се плашам дека ќе станеме модерни робови како луѓето од „1984“. Доколку сакате филм да ве остави да размислувате после него, погледнете го Визуелна порака од филмот: Среде сето сивило, пронајденото зеленило е најдоброто место за бегство. Моја оценка 10/10
Pay it forward 2000 Наставник ги предизвикува своите ученици да направат нешто со кое ќе го променат светот.
Ме изненади овој дел од коментаров, зашто јас во книгата забележав мизогени елементи. На пример како кога главниот лик Винстон Смит изразува желба да ја силува и убие секоја млада девојка што нејќе да му даде; или кога опишува како размислувал да ја турне жена си од карпа зашто нејќела да му даде; или кога 26-годишната Џулија тврди дека на 16 години спиела со 60-годишен од задоволство (шта речи, а не заплакати), понатаму и со стотици други мажи и така нашиот јунак станува фасциниран од неа иако нели, претходно сакал да ја види со згмечена глава затоа што не верувал дека сака да му даде. Ако мислиш дека ова дело пркоси на родовата нееднаквост... па зависи како гледаш на родовата еднаквост. Ако треба жената да биде секс-машина за да фигурира како еднаква, тогаш во право си. Не сум го гледала филмот, патем, верувам дека на пошироката публика не и е претставено ова што го наведов. Кога го гледав The Conjuring двојката, мислев Мерилин Менсон ја глуми калуѓерката, ама Гугл рече дека не е тој. Мене ми се добри филмчиња и двата дела, само не се нешто страшни да се извадиш од памет. Уствари не се ич страшни, поготово не вториот, ама е позабавен од првиот. The Nun уште не ми е гледан, а го мислам подолго време.
Тоа се однесуваше на времето кога бил објавен романот, не за неговата содржина. Апсолутно се согласувм дека има мизогени елемнти. Сепак самите еротски сцени кои се претставени, не биле замисливи во 40-те. Од аспект на тогашиот морал, ова било шокантно. И не мислам дека жената треба да е секс-машина за да биде еднаква, одвратна ми е и самата помисла Мислам дека не си ме разбрала добро, се надевам дека разјаснив.
The Favourite Дејството се случува во почеток на 18-ти век. На чело на Британија се наоѓа кралицата Ана - психички нестабилна жена, истрауматизирана од многуте бремености и загубени деца, и со кревко физичко здравје. Со политичките превирања во државата поради војната со Франција, всушност управува нејзината советничка Сара. Кога на дворот пристигнува Абигејл, осиромашената благородничка и братучетка на Сара, започнува ривалство помеѓу нив две за наклоноста на кралицата. За филмов читав и очекував дека е едно големо wtf, потоа и дознав дека од истиот режисер на The Lobster (кој кога пред неколку години го гледав, воопшто не ми се допадна), но пријатно ме изненади донекаде, па и ми имаше смисла - изгледа сум станала потолерантна кон ваква „несфатена уметност“... Интересно е на каков бизарен начин е претставена монархијата, гротескнава слика посебно не се вклопува во сликата конкретно за Англија, односно Британија. Глумата е извонредна, посебно актерката во улога на кралицата (заслужено го земала Оскарот), која е патем доста трагична фигура. Ми се допадна и тоа што беше поделен на поглавја (исто со целосно wild наслови ), тоа секогаш ми дава некој шмек во филмови. Од мене 7/10, поради некои од вулгарностите и кичот што сепак ми беа too much, а и крајот што ми беше малку несфатлив и не баш сјаен. Во секој случај, филмов ми разбуди љубопитност да погледнам уште нешто од режисеров.
Боемска рапсодија Биографски филм за фронтменот на „Квин“ - Фреди Меркјури. Акцентот сепак е ставен на подемот на групата, создавањето на песните, албумите, турнеите по светот. Фреди е прикажан како вреден и неуморен музичар, воркохолик. Што знам, слабо е разработен неговиот лик, само набрзина нафрлени пикантерии од приватниот живот како неговата промискуитетност, зависност од дроги, сидата. Очекував поподробна разработеност на неговиот личносен профил. Изборот на актерот не ми е баш најдобар. Не успеа да го долови ликот во вистинско светло. Од работите што не сум ги знаела е тоа дека најголемата љубов на Фреди (во филмот ја викаше „љубовта на мојот живот“) била жена. Оценка 8/10
Aquaman. Некако принцеза од морето завршува на копно кај еден младич, паѓа љубов и бебе и... ..ја напаѓаат војници од Атлантида. За да се спаси го напушта мажот и детето - аквамен. Покасно доаѓа до борби за наследување на престолот помеѓу аквамен и неговиот брат роден и пораснат во морето. Додека таткото на аквамен секој ден тагува и оди до пристаништето чекајќи си ја саканата, на крајот ќе... Гледајте го. Прв филм научна фантастика кој ми насолзи очи
Crazy rich Asians Дечкото ќе реши да ја однесе девојката во Сингапур и да ја запознае со неговата фамилија, но колку се тие спремни да прифатаат снаа која пораснала во Америка, многу добро и забавно филмче
Sully 2016 Spoiler Филмот е според вистинска случка, се работи за пилот кој после ударот на птици на авионот и откажување на двата мотори ќе успее да слета над реката Хадсон и да ги спаси сите патници. Оценка 10/10
Едвај го дочекав филмот, зошто одамна читав добри критики. Накратко, еден дедо откако губи се, случајно се вмешува во шверц на дрога. Интересна драма, добра е да се погледне. Оцена: 8/10
За оние кои го пребаруваат Oriol Paulo и неговите филмови El Cuerpo, Boy missing и други... Од скоро излезен и Mirage. Од мене има 10\10, оние кои го знаат неговиот стил, знаат каков пресврт се очекува Го препорачувам
Widows (2018 ) После атентатот на банда која извршува големи кражби, останува долг кој треба да го платат нивните сопруги. Се договараат да го направат следниот удар кој го планирал бандата, да ја вратат потребаната сум на пари и остатокот да го поделат меѓу себе, со услов дека никогаш повеќе нема да сретнат после тоа. Но што ако целиот настан има скроз друга позадина? И другата порака што ја испраќа филмов, исто како The hate U give, е грозоморна. Акција пропратена со добра глума. Оцена 9.5/10 Ocean's Eight (2018 ) Лајт варијанта на тематиката на филмот погоре. Има детајли од животот на една селебрити личност и тоа можеби го дава целиот шмек на фимот. Не очекував дека Сандра некогаш ќе глуми во ваков филм, но ОК. Оцена 8.5/10