San Andreas ( 2015) Градот е погоден од земјотрес со јачина од над 9 степени по рихтер, а подоцна и од цунами . Бројот на жртвите е огромен. Секој гледа да се спаси себеси... Двејн Џонсон беше одличен во улогата на татко и спасувач . Оценка од мене 9/10.
Дечки сакам да ви предложам повеќе филмови кои мене ми се допаднаа: -Акциони филмови: Knight and Day, No escape, In time, Inception,Tomorrow land, Cloverfield paradox, Annihilation, This means war, Escape room, Meg, -Комедии: Ride along 1/2, Central Intelligence, Blended,
The Perfect Date Интересен филм! Оценка: 8/10 Еден средношколец создава апликација за да ги понуди своите услуги како лажен дејт на девојките за да заработи пари за колеџ. Кога ќе развие чувства за некого, неговиот план станува комплициран. A Dog's Purpose Филмов е предобар и малку тажен. Вреди да се гледа! Оценка: 9/10 Едно куче сака да ја открие својата цел во животот во текот на неколку кучешки животи и нивните сопственици.
Wanted Жанр/акција Сметководител живее живот во сенка, слабак, плашливец. Откако ќе дознае дека неговиот татко е убиен, ќе стане член на тајното друштво Братство обидувајќи се да го пронајде својот идентитет. Неочекувани настани, акциони сцени, одлична екипа на актери 8/10
После една цела река солзи (што од носталгија, што од возбуда, што од крајот) конечно се оспособив да напишам нешто. Кога имаш 21 филм зад тебе кој си ги следел од самиот почеток, година за година си чекал за големото финале, 11 години стрпливо си читал стрипови и си пораснал со некоја франшиза, крајот е само јагода на шлагот, an end to an era. Филмот е о-д-л-и-ч-е-н. Од самиот почеток, од тоа како ја изнесоа ситуацијата после крајот на infinity war, како ги покажаа ефектите на геноцидот на Танос, како успеаа да ги изнудат сите емоции на фановите, од среќа, до носталгија и тага, до хајп за badass kicking, amazing combos и прекрасни дијалози и хумор. Секоја секунда е worth it, 3 часа летаат како пола час. Секој Авенџер е прикажан во најдобро светло, брилиираат сите Тони, Кап, Нат, Хокај, Халк и секако Тор. Секој со одличен удел, секој достоен на името што го носи. Крајот, крајот е најубав крај што бил на суперхеросјки филм, душата ќе ми излезеше, збесна цела сала, сите блокбастери на кино сум ги гледала, онаква атмосфера немало, на таа една сцена 500 души наеднаш се стишаа, игла да паднеше ќе се чуеше, а на таа една друга имаше масовен мелтдаун и само се слуша АААААААААААА ТОАААААА низ цела сала. Тука ќе прекинам, тие што сте фанови ова ви е а must, мора, значи мора у кино да го гледате, не си дозволувајте вакво нешто да го пропуштите. Оцена, 3000/10. ( )
Spoiler У вакви ситуации се викаат другарки ма. Молам да ми се плати парично за потенцијално изгубениот двочасовен адреналин.
What Men Want Пресмешен филм и глумицава значи е прејака! Сличен е на филмот со Мел Гибсон (What Women Want). Оценка: 10/10 Една жена работи со машките спортски агенти во својата професија, но добива неочекувана предност над нив кога развива способност да ги чуе машките мисли.
Филмов е 10год стар ама ми е предобар. Откако ќе му ги убијат жената и детето, типов го сместуваат во затвор и смислува цел план како да влезе и излезе од затворот. Башка и Жерард ми е меѓу омилените глумци. Оцена: 10/10
Татко и мајка заедно со нивните деца се вселуваат во нова куќа. Девојчето во шумата позади куќата открива гробишта за миленици... Интересен филм кој ми го задржа вниманието до самиот крај. Оценка 10/10
The hustle (2019) Се пресмеав на филмов, мене ми беше интересен, многу мала оценка има на IMDB што мислам дека не ја заслужува. Се работи за две измамнички кои ќе работат заедно еден период, потоа ќе се разделат и ќе се бидат една против друга.
The House That Jack Built ( 2018 )Ларс фон Триер e ексцентричен дански автор кој во своите неконвенционални филмови на експлицитен и невообичаен начин се занимава со психологијата на човекот. Некои го обожаваат и го сметаат за филмски гениј, некои не можат да ги смислат неговите филмови и го нарекуваат преценет шарлатан. Средина нема. Куќата која ја изгради Џек е негов нов филм за еден интелигентен сериски убиец. За дванаесет години, сведоци сме на пет убиства кои се супер развиени и ептен супер дефинирани и разработени во филмов. Секое убиство претставува генијално уметничко дело, а приказната е раскажана од самиот Џек преку разговор со мистериозниот В. Во текот на овие разговори, ние учиме за состојбата на Џек, за проблемите со кои се соочува, а во моменти кога разговорот станува монолог каде Џек самосожалувајќи се, со своите психопатски објаснувања и филозофски дискусии ни дава до знаење дека се работи за еден човек кој за се има паметни аргументи и е со прилично висока интелигенција, но се работи за многу многу болен мозок. Ако го знаете Триер и неговите дела, филмов нема да ви изгледа непознато, но во спротивно спремете се за едно шокирачко и вознемирувачко искуство.
John Wick 3 Филмов прејак! Немам коментар, само што имаше too much акција но супер беше. Оценка: 9/10 Убиецот Џон Вик е во бегство откако уби еден член на еснафот на меѓународниот атентатор, и со цена од 14 милиони долари на главата - тој е таргет насекаде од други мажи и жени кои се убијци.
Hellboy Оцената морам да ја поделам на Акција 9/10 Прича 4/10. Направија Remake на старите филмови, така да не е истиот, ако сакате да гледате крвишта, чудовишта како бодат луѓе, тепање, акции во главно, тогаш овој филм е за вас таман. Ако не сте по такви работи, тогаш подалеку, прича е , мех, доаѓа вештерка отвара врата со чудовишта и се тепаат, и тоа е цел филм, тепање и газење.
The last summer (2019)-сакав да се потсетам на тинејџерските денови и реков ајде еден тинејџерски филм ама...клише приказнацел филм немаше ниту една сцена која ме заинтересира многу можев комотно да го исклучам на пола и да не ми е криво Приказната е за тинејџери кои завршуваат средно училиште и се спремаат за последното лето како деца всушност бидејќи следната година одат на факултет,па така сите средношколски врски пропаѓаат,некои од нив почнуваат на работа,се раѓаат нови врски,ништо посебно се се врти околу 5-6 личности.. оцена 3/10
Greta Добар трилер, но оваа Клои не ми е многу омилена. Оценка: 8/10 Една млада девојка се спријателува со осамена вдовица, која има една темна и смртоносна агенда кон неа.
John Wick 3 7/10 Филмов е исто што и минатите 2 филма, John Wick на разни убави, смешни, грозни, holy fuck начини убива 100+ луѓе кои сакаат да го убијат тоа. Убава акција , толку што не те ни интересира причата, све што гледаш е како гази Џон. Така да ако сакате акции и тепачки овој филм е за вас, ако сакате прича или слично, тогаш не е за вас.
The A-Team Тимот као случајно се спаја еден е добар планер кој ги планира акциите Едниот е фаца типче Едниот е добар борец и возач на автомобили Четвртиот е тотално исклучен ама добар пилот е Акција од 2010
Mortal Engines 6/10 Многу ми е некако форсиран филмов, многу карактери на едно место, ниту знаеш кој треба да следиш, кој да мразиш, кој да сакаш, за кој да навиваш, цел филм е машините како шетаат низ европа и се тепаат, мислам супер е направено визуелно све, и компјутерски и битки итн, ама причата ми е едноставно мех, да го гледаш еднаш и да го заборавиш, очајно ми изгледа дека сакаат да направат некоја триологија а го посраа уште првиот дел. А баш штета има простор за многу повеќе....
Captain Marvel Филмот не беше нешто многу вау, не ми беше како другите Марвел филмови, дали до глумицава или нешто друго. Оценка: 8/10 Керол Данверс станува еден од најмоќните херои на универзумот кога Земјата е фатена во средината на галактичката војна меѓу две вонземски трки.