Одличен документарец за Banksy и уште еден лик, или само за Banksy( јас би рекла, ми стои прашањето сеуште дали Тери вистински лик или измислен) за сите кои сакаат street art и општо уметност. Не е лошо да го погледнете. Оцена 10\10
"Граница" (201. Шведски филм во режија на Али Абаси. Режисерот има иранско потекло, а за мене иранската кинематографија е една од најдобрите во светот. Затоа веројатно и толку ми се допадна филмот. Накратко: Тина е цариник со необичен физички изглед и дарба да ги "намириса" криумчарите, и воопшто сите оние кои нешто кријат од јавноста. Затоа и често соработува со полицијата. Еден ден сретнува човек физички сличен на неа, со многу тајни и една вистина која ќе и го открие нејзиното потекло и многуте неразјаснети прашања кои никој не и ги одговорил. Филмот има доза на фантазија и митологија, онолку колку што треба. Непредвидлив, ненаметлив, прав европски филм, од мене 9/10.
https://m.imdb.com/title/tt6472976/ Двајца тинејџери се заљубуваат во болница каде добиваат третман за цистична фиброза од која и двајцата боледуваат.Добро е филмчево го препорачувам на оние кои сакаат емотивни драми.
Godzilla 2 7/10 Филмов е, како да кажам , прекрасен во погледа на тепачка на чудовиштата, мора да признам трејлерот не излажа, вика ќе имало 17 ама на крај испадна само 2ца да се главни чудовишта а другите се као ги спомнувам или нешто ќе ги покажат и тоа е тоа. Причата е Годзила доаѓа да го спаси човештвото против Змејот со 3 глави, тоа е, и успат 5-6 глупи одлуки на луѓето што ќе викаш, дај бе нека ги згазат и да не ги гледам веќе... толку. Може да се гледа во кино, барем ефектите се ок и нема да заспиеш на филмот
Don’t breathe Жанр: хорор/трилер Тројца млади дечки ќе провалат во куќа на еден самец, обидувајќи се да го ограбат. Откако ќе влезат во куќата дознаваат дека станува збор за слеп човек со извонредена сила и изострен осет. Одличен филм полн со неизвесност и напнатост до самиот крај. 10/10
Aladdin Филмов добар беше, Вил Смит како и секој пат одличен! Само што очекував дека ќе биде ист како цртанот ама супер беше. Оценка: 8/10
Интересно, релаксирачко филмче. Баш онака ме опушти и ме исполни Колку е убав само тој глумецот . Приказна за ќерката на американскиот претседател, дејството се случува баш за време на претседателските избори. Филмов е нешто сличен на Chasing Liberty. Пуштајте слободно,нема да згрешите воопшто. Spoiler: Сцени Оцена: 10/10
X-men Dark phoenix 4/10 Филм број 16 од истата франшиза, мислите дека после толку критики и очај ќе се подобрат, ама не, секој филм е полош и полош, за филмов сега се демек Санса од Гот добива моќ и станува лоша, ама па нешто вонзјеманите сакале и они да ја земат моќта, као апла се гледа дека е само за пари правење филмов, толку. Ништо убаво и забавно нема, еве неколку сцени со акција и толку, друго е све тиња невидена, не би претпорачувам за ова да фрлате пари.
Pokemon Detective Pikachu Интересен филм но секогаш оригиналот ќе ми биде предобар. Оценка: 9/10 Во свет каде што луѓето собираат Покемон за да се борат, момчето се среќава со интелигентен Пикачу кој сака да биде детектив.
las chicas del cable сеуште не е завршена серијата (ќе има и 5 сезона заради гледаноста)... според мене предобра е има и добра костимографија дејството е брзо и феминистичка е
Men in black international 6/10 Прилично ок филм, мала доза хумор, малце акција, малце шлаење, ама не е ништо посебно вау. Приказната е најакото оружје од цел универзум, замисли на земјата е, вонземјани сакаат да го украдат, луѓето у црно сакаат да ги спречат и да го убијат главниот, и тоа све, имаш неколку убави сцени со Liam Nelson, неколку сцени зашто не е жените во црно него мажите во црно... неколку кул сцени со мали слатки човечиња и така. Доста е и клише, као знаеш одма кој е лошиот кој ќе ги спаси итн.... Не би ви претпорачал да фрлате пари за у кино, али може во домашна атмосфера да се гледа.
Dumbo Филмов.. најубав и предобар! Оценка: 10/10 Едно мало слонче, чии преголеми уши му овозможуваат да лета, помага да се спаси циркусот кој се бори да опстане.
Две момчиња и една девојка му провалуваат во куќа на еден старец. Тие мислат дека можат лесно да го средат но всушност не е така, тие не знаат на што е тој способен. Филмот е одличен 10/10
Jumanji : Welcome to the jungle Интересен филм , одлична екипа . Филмот се одвива во различен период , почнува во 1996 , кога играта го зема Алекс , продолжува во 2016 , кога играта ги зема Спенсер , Ентони , Бетани и Марта , и тука почнува акцијата . Иако е очекувано каков крај ќе има , сепак мене ми го задржа вниманието до крајот . Двејн Џонсон повторно одличен . Кевин Харт како и секогаш со својот хумор. Од мене оценка : 9/10 .
The butler 2013, историска драма. 8/10 Сесил е момче кое заминува за да создаде подобар живот. Поделен меѓу професијата и животот, се бори секојдневно да постави рамнотежа. The secret scripture 2016 7/10 Роуз е жена затворена во ментална институција заради обвинение дека го убила своето бебе.
Eat Pray Love Интересна романтична приказна со Џулија Робертс. Оценка: 8/10 Една мажена жена сфаќа како навистина е несреќна во нејзиниот брак, и дека нејзиниот живот треба да оди во друга насока. По болниот развод, таа тргнува на патување низ целиот свет за да се "најде себеси".
"Child's Play" 6/10. Milion pati podobar od uzasite na Mancini, interesen remake, prikladen za modernoto vreme .
Млад брачен со нејзиното бебе се вселуваат во нов дом. Нејзиниот сопруг е премногу зафатен со работа и таа е по цел ден сама со бебето. Таа почнува да слуша гласови и почнува да истражува кој живеел порано таму во станот. Оценка 8/10
After WOW! Толку.. немам коментари. Едвај чекав да излезе и конечно го изгледав. Оценка: 10/10 Една млада девојка се заљубува во момче со темна тајна, кои почнуваат во љубовна врска но со многу проблеми. Филмов е врз основа на романот на Ана Тод.