Во раниот 17 век млада девојка по име Персефоне лажно е оптужена и уапсена. Изненадно и е понудена помош од еден мистериозен манастир. Кога таа оди таму Персефоне ја прогонуваат нејзините визии и таа сака да се спаси од таму. Оценка 8/10
MIB: International Забавен и смешен филм со акција. Добра екипа на глумци. Оценка: 10/10 Мажите во црно секогаш ја штитиле Земјата од лоши чудовишта на универзумот. Во оваа нова авантура, тие се справуваат со нивната најголема закана до денес: шпион во нивната организација "Мажи во црно".
И мене ми се допадна многу филмот има одлична хемија меѓу главните ликови Ќе има и втор дел во 2020, заради тоа и заврши така несврзано иако мене ми се допадна крајот, со оглед на тоа дека се планирани повеќе делови.. Иако има и негативни коментари според мене филмот беше одличен.. Оценка 10/10
Епска љубовна драма со Мерил Стрип и Роберт Редфорд. Кетрин од Данска се сели во Африка и започнува нов живот таму како жена на барон. Започнува бизнис со одгледување кафе и го запознава Денис... Интересна приказна, прикажан е животот во Кенија кога почнале да колонијализираат Британците. Кетрин ќе се избори за да се образуваат малите деца од племињата. Нема утка кај Сидни Полак 10/10
Петар Мараш е припадник на автомобилската белградска мафија. Заедно со неговиот тим крадат автомобили и полицијата не и прави проблеми,но се ќе се промени кога тој ќе украде погрешна кола. Оценка 10/10
Предобра мистерија на Алфред Хичкок. James Stewart во улога на фотограф кој поради повреда на ногата е во инвалидска количка ги набљудува соседите кои живеат наспроти неговиот апартман, ќе стане убеден дека еден од неговите соседи извршил убиство. Оценка: 10/10
Оценка 10/10 Ана е млада девојка од Русија која станува модел и двоен шпион. Добра мистерија, заплет, филмот те држи во неизвесност до самиот крај. Одамна немам изгледано вака добар филм.Препорака !
Го гледав пред некој ден и мене ми се допадна. Ophelia 2018 Приказната за Хамлет прикажана од перспектива на Офелија. Малку поразлично од вистинскиот Хамлет, ама мене многу ме бендиса. Глумицата многу ми е убава .
Три најдобри пријателки сакат да ја изгубат невиноста на матурската вечер,но родителите кога ќе го дознаат тоа се ќе направат за да ги спречат. Оценка 10/10
Пет мажи, пет клучеви и едно убиство.Тие се пет пријатели и поседуваат стан на поткровје,но никој освен нив не знае за тоа. Се се променува кога во станот ќе се случи убиство. Оценка 10/10
"Eternal sunshine of the spotless mind" улоги Џим Кери, Кејт Винслет, споредни Кирстен Данст и Марк Рафало. Двојка страсно вљубена еден во друг, доживува судир на нивните спротивности, кои на почеток ги привлекоа еден кон друг на потоа ги скршија. Џим дознава дека Кејт БУКВАЛНО го избриша сеќавањето за него преку научна програма/ проект, и од инает решава и тој да го стори истото. Но дали може да ја пушти?! 50/10 It hit me hard. BEAUTIFUL ~
https://www.imdb.com/title/tt4058500/ Un homme idéal (2015) Одличен француски трилер што не држи во неизвесност до самиот крај Идеален човек" ја раскажува приказната за Матие, кој се надева дека ќе стане признат автор, но и покрај сите негови напори, не успева... Еден ден, тој наоѓа дневник напишан од поранешен војник за време на војната го потпишува во негово име и го испраќа до издавач... Колку долго може да ја задржи својата тајна? и особено по која цена? Интересен филм кој раскажува за ужасната брзина и последиците од оваа измама. украдениот успех тогаш ќе го доведе до пеколна спирала на лаги.... Супер филм! со неизвесност од почеток до крај
Murder mystery 2019 Главни улоги Адам Сендлер и Џенифер Анистон. Сценариото како да е пародија на Агата Кристи романите. Моја оцена 7/10
И мене ми е последен гледан. Ме потсети на Murder in the orient express. Можеле малку подобро да се потрудат, лимонатка беше.
Shazam! Предобар филм! Оценка: 10/10 Били Батсон, со извикувајќи еден збор - SHAZAM - ова улично четиринаесетгодишно дете може да се претвори во возрасен суперхерој Shazam.
Always be my maybe Барав да гледам комедија и во првите опции ми се појави овој филм. Мене не ми беше смешен воопшто. Едвај го догледав. Како го натерале Киану Ривс да глуми во него не знам. Другари од детство кои еднаш се смувале, ќе стапат пак во контакт на 30+ години. Крајот е очигледен од почеток. IMDb: 7/10 Моја оцена: 3/10
The Spy Who Dumped Me Најдосадниот можен филм на светов. Се работи за една девојка чиј дечко ја откачува и и остава некаков трофеј кој има "неверојатна тајна во него која може да го уништи целиот свет". Wow. Видено 2000 пати и секој пат е досадно. Оваа плавава глумица толку е антипатична да ми идеше да ја убијам да не глуми никаде веќе.. + Мила Кунис е во филмов, а таа освен "факинг" друг збор не знае. 1/10 Колку да не биде 0/10. Ни мажите не им беа убави.. Штета.
Студентот Ана доаѓа од Шкотска да студира во Америка. Но наскоро таа станува жртва на опасен ловец, кој започнува да ја следи насекаде. За да се спаси од него, таа прифаќа покана да оди во село кај на една нејзина познаничка родителите. И таму започнува приказната... Го задржува вниманието, 8/10