Млада бејбиситерка по име Би задолжена е да го чува 12 годишното момче Кол. Кол и неговата најдобра другарка Мелани се љубопитни што прави Би откако Кол ќе заспие.Мелани го советува Кол да остане цела ноќ буден и да гледа што Би ќе прави. На Кол никогаш не би му паднало на ум што Би прави откако тој ќе заспие. Оценка 9/10
Benvenuti al Sud (2010) Италијанска комедија која топло ја препорачувам. Се работи за вработен во пошта кој со години чека да биде преместен во Милано, но за жал го преместуваат во мало селце близу Наполи. Од овој филм има и втор дел, кој сеуште не ми е гледан. Според мене оцена 8\10
Интересен филм,тажен но со среќен крај.Овде повеќе се работи за вербата во Господ на една мајка и колку силна може да биде таа верба за да успее од нешто кое секако треба да заврши лошо да извлече среќен крај. Од мене оценка 9/10 вреди да се погледне.
Invincible Добро филмче! Интересна приказна. Оценка: 8/10 Базиран врз основа на приказната на Винс Папале, 30-годишен шанкер од Јужна Филаделфија, кој ги надмина долгите шанси да игра за НФЛ Филаделфија Eagles во 1976 година.
https://m.imdb.com/title/tt7083526/ Предобар филм,нема да ве остави рамнодушни.Базиран на вистински настан е,за чудото што се случи кога едно дете се удави пропаѓајки во замрзнато езеро.
Еден дечко запознава девојки преку интернет. После средбата со една девојка, животот му станува пекол... 7/10
Hellboy Интересно филмче! Оценка: 9/10 Врз основа на графичките романи од Мајк Мињола, Хеллбој, фатен меѓу световите на натприродното и човечкото, се бори против древна волшебница која само сака да му се одмазди на Хелбој.
Gone baby gone (2007) https://m.imdb.com/title/tt0452623/?ref_=m_nv_sr_1 Добар трилер. 4 годишно девојче исчезнува. Двајца најмени детективи го решаваат случајот. Многу пати ми е гледан филмот и пак би го гледала. Оцена 10:10
Џесика се бори за старателство над нејзиниот син после разводот. Таа заради една постапка е уценувана на суд дека ќе го изгуби старателството. Во обид да најде пари, таа ќе се обрати кај нејзината сестра близначка Александра. Но не е се како што изгледа... 8/10
Две измамнички се запознаваат и одлучуваат да работат заедно, се додека не направат еден необичен облог. Оценка 10/10
Mystic river Жанр: драма Извонредно дело на Клинт Иствуд кое започнува со улична дружба меѓу три момчиња, а едно од нив ќе заврши во автомобил на двајца мажи кои се претставуваат како полицајци. 25 години подоцна сеуште сите тројца живеат во исто маало. Брутално ќе биде убиена ќерката на Џими кој очајно го бара убиецот. Одлична екипа на актери добитници на оскар 10/10
Стефани е самохрана мајка, која има сопствен блог. Таа случајно ќе ја запознае Емили, чии деца одат заедно на училиште. Тие стануваат најдобри пријателки. Кога Емили ќе исчезне, Стефани започнува да истражува што се случило...
На сите ви е познат цртаниот, а во филмот има ситни измени не се ни забележуваат. Сепак интересен беше.
Кајлин и нејзиниот сопруг заедно со нивните 2 деца близнаци се среќно семејство. За жал среќата и трае кратко, Кајлин доживува сообраќајна несреќа и после се се променува. Оценка 10/10
Ноќ пред нивната матура две најдобри другарки сфаќаат дека за време на средното училиште воопшто не се забавувале и дека се пропуштиле.Тие сакаат се да надокнадат за само една ноќ. Оценка 7/10
Филмчето е врв. Ќе ви покаже колку трчаме, одиме негде, лутаме за да создадеме нешто повеќе а при тоа го забораваме најбитно: семејството. ВРВ филмче
Клер е млада австралијанка, што обожава да фотографира. Клер оди за Берлин, и таму случајно го запознава Анди. Во очите на Клер, Анди е шармантен но тоа не изгледа така. Таа не е свесна на што е способен тој. Оценка 9/10
https://m.imdb.com/title/tt8490744/ Српски филм и баш интересен.На моменти смешен,на крај емотивен,во целост ни малку досаден.Глумецот го засакав уште од Андриа и Анѓелка.Хаотична вечер на еден таксист,што ке му го промени животот.