10/10 Еден од најубавите филмови што ги имам гледано. Иако е од 1989 и снимките не се најсовршени(додуша мене филмовите од овие години ми се најубави ), уживав дур го гледав. Се работи за студенти што започнуваат прва година студии на медицинскиот факултет, покажува колку е тешко да се студира ова, дека скоро секој втор запишал студии поради тоа што родителите му работат во таа бранша, колкав притисок има за да се постигне со се, еден студент за да постигне повеќе да учи дури не спие и зема амфетамини. Секако има и по некоја љубовна приказна и смешни моменти. Го препорачувам на секој што сака филмови од овој период и му се свиѓа оваа тематика.
8/10 Писателката Хелен (Голди Хон) и актерката Меделин (Мерил Стрип) се мразат меѓусебно со години. Меделин е мажена за пластичниот хирург Ернест (Брус Вилис), кој порано ѝ бил свршеник на Хелен. Откако закрепнува од душевен слом, Хелен се заколнува дека ќе се одмазди со тоа што ќе го украде назад Ернест и ќе ја убие Меделин. И двете сопернички тајно се имаат напиено еден чудотворен лек против стареење. Кога меѓусебно се обидуваат да се елиминираат, и двете случајно откриваат дека станале бесмртни и дека „животот нема никогаш повеќе да биде ист. Комедија,научна фанатастика...Може мене затоа што едни од омилените актери ми се Брус Вилис и Мерил Стрип па затоа ми се допадна.Онака кога кога вие е досадно па да го погледнете и да се насмеете...
Само еден дел е. Не е серија, филм е и остава без здив до самиот крај. Турски серии не гледам ама филмовиве им се врв.
Исто добро филмче. Дечкото си ја крши ногата и треба да закрепне...Се запознава со една девојка во која наводно е вљубен но испаѓа дека е најголемиот посерко. Да не го кажувам крајот. Убаво, лесно филмче во еден здив. пс. Станав филмоман. Секој ден гледам филмови. Барем по едно дневно.
Филмов ми е во топ 10 комедии на сите времиња. Веќе не знам колку пати сум го гледала, сите тројца актери се извонредни. Посебно Мерил Стрип, нема улога што не и лежи. Ја обожавам женава.
Black Narcissus Топ 10 за мене, извонредна кинематографија, саундтрак, содржина, а посебно глума. Златен класик на кој многу често се навраќам кога сакам да погледнам нешто извонредно. Adaptacija na kniga The name of the Rose Исто адаптација на книга. И двата филма содржината им е поврзана со свештенство/инквизиција.калуѓерство. Преубава кинематографија и глума на Шон Конери. Адаптација на книга од Умберто Еко. 7/10, првиот 10/10
Avengers: Endgame Се опседнав со серијалов The Avengers и сите филмови поврзани со нив. Овој го чекав не знам колку време да испадне и конечно нешто као подобра снимка на Замунда. Преубав филм, толку ми се допадна што го гледав два пати и тоа едно по друго. Best 6 hours of my life. Оваа капетан(ка) Марвел ми гази по нервите! Не постои антипатична глумица од Бри Ларсон. Толку лигава, нема појма кај се наоѓа. Одвратно. But still, 10/10.
Џенифер има несреќа, но опоравувајќи се од траумата нејзиниот живот се уште е во опасност. Таа сака да се врати на нејзиниот стар живот на кој што не се сеќава после несреќата. Оценка 10/10
Заводливата тинејџерка по име Ванеса го оддалечува својот дечко Крис од неговото семејство. Кога неговата мајка тоа ќе го открие таа настојува Крис да ја преќине врската со Ванеса. Оценка 10/10
Само што го изгледав: Персеполис, француски анимиран филм. Според автобиографијата на Маржи Сатрапи, девојка од Иран. Дејствието започнува во деновите пред исламската револуција во Иран, кога почнува еуфоријата кај Иранците дека конечно режимот (?) на шахот ќе биде заменет со нова, народна слободарска власт. Семејството на Маржи е едно од многуте обични, образовани и модерни ирански семејства кои веруваат во новите ветришта на промените. Арно ама.... Каков ќе биде животот на една искрена, бунтовна, независна тинејџерка најпрвин во репресираниот и од војна опустошен Техеран, а подоцна во Виена. Дали е подобро да се бориш дома на свој терен каде лесно може да ти летне главата од банални причини, или да го имитираш туѓиот живот и вредности за да се вклопиш и да бидеш прифатен во туѓина? Може ли човек да остане она што е и да биде свој на своето без оглед каде е наоѓа? Прекрасен филм, секоја препорака.
Предобар филм одлично дуо (повеќе ми се допаднаа и од Вин и Паул) имаше и хумуристични сцени одлична акција иако малку нереалистични беа повеќето акциони сцени.. Се на се многу ми се допадна Оцена: 10/10
The defender ( bodyguard from Beijing) Akcija so jet li vo glavna uloga filmot e star no navistina dobar.
A Christmas Kiss Венди работи како дизајнерка на ентериер, за богатата Присила Хол. Таа добива задача од Присила..за Божиќ да ја уреди куќата на нејзиниот дечко Адам. Кога ќе го запознае, ќе сфати дека тој е личноста која ја бакна во лифтот ден претходно. Преубав филм. Од сам старт се виде дека дечкото сака едноставни нешта за Божиќ. Не дозволи неговата надмена девојка да му ги наметне. Оценка 10/10