Еден возрасен маж ја запознава младата Ени на интернет, тој ја наговорува да излезат на јадење. Ени прифаќа без размислување но таа не е свесна дека нејзиниот живот е во опасност. Оценка 9/10
The human stain 2003 8/10 Професор Силк ненамерно ќе направи расистичка примедба за двајца студенти. За да го обели своето име се обраќа кај познат писател да напише книга за неговиот живот.
It's Complicated Пресмешен филм со многу добри глумци. Оценка: 10/10 Кога присуствуваат на дипломирањето на нивниот син, еден пар ја преиспитува искрата во нивната врска. Но, комплициран факт е дека тие се разведени и тој се премажи за помлада и згодна девојка.
Ана оди во Америка да студира. Таму ја запознава Моника и тие стануваат добри пријателки. Во меѓувреме се случуваат чудни работи, и Ана е принудена да престојува кај родителите на Моника. Ана не е свесна што таму ќе и се случи. Оценка 10/10
The Girl on the Train Оваа Емили Блант од секогаш ми била многу одвратна глумица и уште по одвратна фаца има. Цел филм е нараторство од нејзина страна, што она имала, што изгубила.. Бла бла бла.. Нешто како дозволен порнич само порно глумциве многу си прават муабет. Не ме фана воопшто око. Бош филм, за џабе потрошено време. 2/10
Стивен (Colin Farrell), е кардиохирург, во брак со Ана (Nicole Kidman), ценет офтамолог . Богати, среќни и задоволни се од својот семеен живот кој го сочинуваат нивните деца, 14-годишната Ким (Raffey Cassidy) и 12-годишниот син (Sunny Suljic). Стивен одржува пријателство со Mартин (Barry Keoghan), кој живее без татко. Нивниот однос доживува мрачен пресврт кога Стивен го запознава Мартин со своето семејство. Нивниот живот станува метеж во кој Стивен е присилен на шокантно жртвување или во спротивно ќе изгуби се. 9/10 Тежок психолошки трилер. Самата приказна е тешка, се работи за жртвување на живот поради грешка во минатото. Односите на ликовите во целиот филм се многу ладни, дури и тонот на кој разговараат само да ги искажат мислите, без емоции. Јас сум обожавател на психолошки трилер па интересен ми беше но тешко дека на секој ќе му се допадне.
Уште една психолошка драма од грчкиот режисер Јоргос Лантимос која е пример за тоа како средината во која што живееме влијае врз формирањето на личноста . 8/10 Dogtooth е филм за едно семејство мајка, татко и три деца, кои што живеат далеку од градот. Околу нивната куќа се наоѓа висока ограда и децата никогаш не излегле надвор од куќата. Тие се образуваат, забавуваат, тренираат така како што нивните родители мислат дека треба, без влијание од надворешниот свет. Тие мислат дека авионите се макети кои паѓаат во дворот, a зомби жолто цвеќе. Единствена личност која има пристап до куќата е Кристина. Таа работи како обезбедување во нивната фирма. Таткото ги договара нејзините посети како би ги задоволил сексуалните потреби на својот син.
https://www.google.com/search?q=the...0j35i39j0l3.5553j0j7&sourceid=chrome&ie=UTF-8 prejak film devojka zaedno so nejzinata najdobra drugarka koja e luda otkrivaat deka imala dechko koj i bil kriminalec koj rabotel za nekoi mafii tie se spravuvvat so toa i zaedno patuvaat niz evropa.film koj bi go preporachala na povekjeto lugje koi se zainteresirani za akcija,komedija i drama..
Рој е фин дечко. Тој се запознава со Емили и таа го поканува на вечера кај неа. Тој прифаќа. Кога ќе отиде таму тој сфаќа дека Емили и нејзиниот брат не се такви како што се претставуваат. Но тогаш ќе е прекасно. Оценка 7/10
Revolutionary Road Spoiler Брачна двојка која ми е несоодветна. Цело време ко да имаа еден промашен живот, со различни интереси. Целеа кон нешто и на крај ништо.
Wish Upon Проколната кутија за желби од древната кинеска историја за секоја желба зема по една жртва .. Одличен хорор , кој не е за луѓе со слаб желудник . Оценка од мене : 10/10
Searching Конечно го гледав филмов, добар беше само што не ми се свиѓаше што цело време беше со лаптопи и такви ствари. Оценка: 8/10 Откако неговата 16-годишна ќерка исчезна, очајниот татко го пробива нејзиниот лаптоп за да бара траги за да ја најде.
The boy in the striped pajamas Жанр: драма Среќно и богато семејство ја напушта идиличната куќа и се преселува во нов дом во близина на концентрационен логор Потресна приказна за време на втората светска војна Детска наивност, чистота, толку многу прашања, а скоро и никаков одговор 10/10
Во екот на Втората Светска војна, во едно селце на југот на Англија, собрани се 5-6 Англиски, врвни математичари и криптографи да ги отворат шифрираните вкрстувачки пораки на Германската 'Енигма' По низа перипетии ги откриваат скоро сите пораки, и така ја добиваат војната и всушност ги поставуваат темелите на компјутерите. Жанр : историска драма Оцена : 10/10
Аладин е градски магионичар кој краде од богатите и им дава на сиромашните. Еден ден ја среќава принцезата Ј(Џ)асмин која му остава впечаток, а и тој неа. Аладин сака да стане крал и да се омажи за принцезата, а тоа му го ветува десната рака на султанот, злобниот Џафар. Оценка: 10/10
Група од тинејџери сакат да прават журки но тие се малолетни и не можат да купат алкохол. Тие наидуваат на Су Ен и таа им помага, во купувањето на алкохол. Таа и предложува журките да ги прават кај неа во подрум за да не имаат проблеми со полицијата.Тие без размислување прифаќаат. Но Су Ен не е таква како што се претставува. Оценка 10/10
Искри започнуваат да фрчат кога Фред ќе се сретне со девојката од неговите соништа, таа исто така е негова поранешна дадилка. Таа е популарна американска политичарка, исто така сака да се кандидира за претседател. Фред и помага во пишување на говори тој е новинар. Шарлоте почнува да се заљубува во Фред но има страв дека тоа негативно ќе почне да влијае на незината кариера, бидејќи Фред е само еден обичен човек. Оценка 10/10
Група на млади се собира во Чикаго и таму го поминуваат последниот летен распуст пред да започнат да одат на колеџ. Оценка 8/10