Последен филм што го гледав е... Се вратив во средношколските денови на 2 часа. Женски филм, поженски амин! Интересен е да утепате време. Но...за жал далеку од првиот дел. Првиот дел беше култен за мојата генерација, а овој па и не верувам дека ќе стекне толкава популарност. Главната негативка, не е ни приближно злобна како Реџина од првиот дел, а целово филмче е некако Дизни тралала. Ама што да кажам, очекував дека ќе биде нешто вакво.
Последен филм што го гледав е... Одамна го имав гледано филмот, и сега пак го гледав... Аииии кои емоции и љубов ги има Ми трепереше срцето додека го гледав, ми се стегаше нешто
Последен филм што го гледав е... Valentines day, а сега ќе го гледам BEVERLY HILLS CHIHUAHUA 2! зашто 1 го иам гледано и многу ми се допадна
Последен филм што го гледав е... Не можам да редактирам, го изгледав Чивава филмот супер беше а сега ќе го гледам овој на сликава! Очекувам многу, па ќе видиме
Последен филм што го гледав е... Black Swan и морам да кажам дека филмот беше одличен . Ludoto19 ако може да ми кажеш кај го најде Little Fockers го барам на нет ама неможам да го најдам, ако може линк ?
Последен филм што го гледав е... Don Juan DeMarco по кој знае кој пат еден од моите омилени филмови со Johnny
Последен филм што го гледав е... http://vidreel.com/video/OTI0NTE2/ не е кој знае што снимка ама тоа е edit-ќе почекам подобар квалитет тогаш ќе го глеам, а сега малце хорорче ќе глеам едит 2 првите 5 минути ги видов, и филмов не е за слаби срца поучен е хороров се работи за негативната страна на нетот, и какви се психопати можеш да најдеш
Последен филм што го гледав е... "Moon" - мистерија, драма. Филм за работата на НАСА. Воедно прогласен е за најнереален филм од страна на НАСА, а мене ова ме тера да размислувам зошто толку остри критики кон филмов упатуваат ако нема ништо вистина во тоа. Мене не би ме зачудило навистина да прават така научнициве, хммм зошто да не, и онака се е бизнис оставам на вас да процените, повелете трејлер http://www.youtube.com/watch?v=LNsuUEdRqV8
Последен филм што го гледав е... 127 часа. Тие со слабо срце никако да не го гледаат. Страшно ме вознемири, но е премногу поучен за истрајноста и волјата да се живее, и според вистинска случка е. Иако се работи за престрашна случка, има доза на хумор во неа, и баш ке ми биде мило ако главниот актер ја земе наградата за најдбар машки актер, бидејќи е во номинациите за 2010, и подобро не можеше да го донесе ликот.
Последен филм што го гледав е... Си сакам индиски, што да праам Добро филмче, смешно-жално. Па индиско е, какво би било поинакво