5/5 Жанр:Акција Во филмот се зборува за тајна агетка кој на задача во Русија ќе се залуби во еден од банкарите на голем мафијаш кој го бараат затоа што украл голема сума на пари од мафијашот.Агетката (Анџелина Џоли) случајно ќе седне во воз до непознат турист и потоа настаните ескалираат... Филмот втор пат го гледам и ми е еден од поомилените...
Kомедија/драма "Perfecr Strangers" ама италијанската верзија (има повеќе верзии, на повеќе јазици) Во филмот се зборува како сите ние имаме некакви тајни кои ги криеме од нашите најблиски... За време на вечерата, седум пријатели ( брачни парови, и разведени) решени се да играат опасна игра (слична на вистина или предизвик) . Присутните ги ставаат своите мобилни телефони на масата и се согласуваат да ги споделуваат меѓусебе сите пораки и повици кои им стигнуваат во моментот во јавност, во обид да докажат дека немаат што да кријат. Но... If mobile phones could speak..? Добар цитат од филмот: " Cell phones are the black box of our lives. How many couples would split up if they looked at each other's phones?"
Аquila roja или во превод Црвениот Орел. Дејствието на филмот се наоѓа во 17 век во Шпанија. Жанр - Акција, Авантура, Историски. Филмот ја разработува разликата меѓу богатите и сиромашните, интригите, кралските тајни и желбата на останатите кралеви од Франција, Португалија и Англија да го убијат кралот на Шпанија, Фелипе 4. Главен егзекутор мора да биде маркизата од Шпанија која исто така е и љубовница на кралот. Главниот јунак овде, односно Црвениот орел помага на сиромашните во неправдата со богатите, никој не знае за кој се работи. Филмот е кратка содржина, предвесник на она што се случува во серијата. Вреди да се погледне. Оценка 8/10.
Драма/ Биографски Драма по вистинита приказна со одлична глума. Филмот опишува трансформација на Скинхед, кој со силна желба ќе го промени својот живот. Одлична порака за тоа дека доколку се сака нешто се е остварливо и покрај препреките. Иако е со бавно дејство, го задржува вниманието и вреди да се погледне. Мој личен рејтинг 8/10
Rust creek - Една девојка ќе навлезе во шума од кога ќе го згреши патот и овде е нападната од двајца локални жители па мора да се бори за да преживее. Интересен филм, препорака ANNA - Назад веќе е постиран филмот, значи предобар е непредвидлив до самиот крај, глумицата е многу јака.
Alone (2007) Всушност, вистинскиот превод од оригиналниот наслов од Тајландски би бил Twin, но сепак го превеле како Alone. Хорор. Pim и нејзиниот партнер Wee еден ден заминуваат во Тајланд, по влошената здравствена состојба на мајката на Pim. Објаснуваат дека кај неа постои страв од нешто, дека нешто ја вознемирува. Истовремено, враќајќи се во семејната куќа, Pim се соочува со привиденија. Почнуваат да ја прогонуваат спомените на нејзината почината сестра Ploy. Pim и Ploy биле сијамски близначки, кои како девојчиња, двете биле вљубени во Wee, но тој и` ги возвратил чувствата на Pim. Поради тоа, Ploy станала љубоморна и дошло до расправија помеѓу сестрите при што се јавила потребата од нивно раздвојување. Меѓутоа, работите тргнале во друг правец и втората половина на филмот е голем пресврт кој нема да го откријам, туку ако се јaви љубопитноста кај некој, нека погледне.
Мислам дека до вчера, јас бев единствената што ги немаше воопшто никогаш гледано Step Up филмовите, но немав никаква друга инспирација. Тинејџерски мјузикли кои навистина ми се допаднаа, не само што ликовите беа градени, туку музиката, кореографијата, сценските изведби, гардеробата, се беше цакум-пакум. Немам зборови! Како можев овие филмови да ги испуштам. Првиот дел, најстариот кој е 2006 беше предобар, но погрешка не го изгледав следниот туку тој со различни глумци што е. Е таму, таа типката што е главна улога толку многу ми лазеше по нервите, да тоа беше невозможно. Таа и девојка му на Мус, ми се едни од најантипатичните глумици.. лигавешници. Во главно, 10ка за првиот, и 6 за вториот само заради тие глумиците.
https://m.imdb.com/title/tt6533240/ Мислам оти заслужува повисока оцена.Во градот подолго време исчезнуваат девојки и повеќето ги наоѓаат мртви.Во меѓувреме поранешен судија работи на своја рака во ловење на предатори кои заведуваат девојки.Неможам повеќе данраскажувам за да не го откријам филмот. https://m.imdb.com/title/tt4642192/ Берт е германски воен затвореник кој случајно ке биде откриен од еден локален сопственик на фудбалски клуб,дека знае да брани во фудбал одлично.Така ке почне да биде ангажиран за време на фудбалски утакмици.Ке мора да се соочи со омразата од англичаните поготово оние кои загибиле блиски во војната.Во меѓувреме ке се заљуби во керката на сопственикот.Базиран е на вистински настан и е мн интересен.
Angel of mine ( 2019 ) Прогонувана од нејзиното трагично и болно минато и горчливата борба за старателство со поранешниот сопруг, Лизи како да ја губи врската со реалноста. На роденденска забава кај пријател од нејзиниот син, таа забележува девојче по име Лола и некако го препознава бебето кое го изгубила пред неколку години. Препорачувам!
Го барам веќе подолго време, но без успех. Ако некој знае на која страна можам да го гледам онлајн, молам да сподели.
Одличен филм, сега брзо го гледав. За онлајн не знам, јас го симнав со торент, провери на замунда или рар.
https://m.imdb.com/title/tt8110640/ Еден полицаец ке се опседне со еден случај на убиства и ке ги посвети 27год од својот живот,а во меѓувреме животот му се распаѓа.Добар е.
Медена земја (honeyland) Документарец за една жена шо огледва пчели и произведва прекрасен мед во едно пустинско турско село во околијата на Скопје. Таа се вика Атиџе и е родена 1964 ако убо запамтив и цело време освен медот и мајка му,друго баш и не прави.Повредно суштество не сум видела дури и почнав да плачам бидејќи имаше жални моменти. Македонски кандидат за Оскар,со многу освоени филмски награди низ свето. Овој филм стварно,ама навистина преееемногу заслужва Оскар!
ANNA ( 2019 ) Позади впечатливата убавина на Ана Полиатова, се кријат многу тајни, Млада Русинка со исклучителна интелигенција, сила и вештини кои прават таа да стане најголем владин убиец. Филмот има интересни моменти испреплетени на начин кој го држи вниманието до крај. Динамичен, неизвесен, со добра глума и комплексна приказна. Препорачувам!
Fast and Furious: Hobbs and Shaw Дуово заедно е прејако! Целиот филм е акција, значи до детал акција. Одлична приказна, постојано го држи вниманието. Кратко, овие двајцава не се поднесуваат и мораат да работат заедно да најдат еден вирус кои ги претвора луѓето во супер-луѓе. We don't want that. Има женска во филмот, да не мислите дека е само за мажи, и oh my, многу убава женска. Топло го препорачувам. 10/10 и повеќе ако може.