El Camino - A Breaking Bad Movie Комотно може да се прескокне. Го гледав чисто зашто ја гледав и Breaking Bad ама ништо слично на серијата не беше филмов. Темпото на филмов ми беше споро. Досадно ми беше. Нема реален заплет. 2/5
Убиство на една 14 годишна девојка.Необичен филм испреплетен со фантазија.Мене ми се допадна.Главната глумица има преубави очи.Вреди да се погледне.
Го гледав пред десетина дена. Одличен! Глумата на главниот актер (Феникс) е перфектна, брутално добра. Мене во сите понови филмови поврзани со Готам, ми фали онаа магија што ја имаа порано, како да се одвиваше се во друго време, а сега е се пореално, ама сепак од мене "Џокер" добива 9,5.
О Д Л И Ч Е Н. Ни јас немаше да го изглумам подобро. Тажен ликот на Џокер, повеќето велат мрачен, но не беше воопшто. Мене ми беше жал, да го гушнеш и со него да тргнеш во колење. Ми фалеа повеќе сцени откако се трансформира во Џокер, најголем дел од филмот беше животот пред да стане Џокер. Ама и тоа малку на крај беше маестрално. Само еден дел од филмот не ми се допадна, две минутки отприлика при крај кога беше во емисија, некако малку исфорсирано ми дојде, ама за филм од 2 часа да кажам дека само 2 мин ми беа...мех...е ништо. И ми фалеше малку повеќе драма и болештини. Heath Ledger (лесна му земја) изгледа како аматер во споредба со Феникс. Би го гледала уште најмалку трипати. Прекрасно.
Е да, и мене ми фалеа повеќе сцени по трансформацијата во Џокер, перфектен е! 2 саата траеше?? Одма ми поминаа! Ќе го гледам пак и пак.
Медена Земја (Honey land) 2019 Го гледав филмов во кино, вечерва. Полн со вистини, полн со бол и тага.. За една жена, која се жртвува за мајка си, за една жена која се обидува да и помогне на природата, за една жена која е реална и вистинска, но кога не го послушала патот на судбината, за Атиџе. Жената која ме расплака, филмот кој ме расплака, за нашата земја, за нашата природа. Топло го препорачува. 10/10
Да се приклучам и јас со позитивни коментари за Џокер. O-Д-Л-И-Ч-Е-Н. Многу ми се допадна тоа што дадоа еден нов, поинаков агол на антихерој кој црпи инспирација од мојата светиња - стрипот. Ми се допадна што останаа доследни на тој темен, меланхоличен вајб, на таа болна нота што е карактеристична за DC. Тоа што дадоа еден убав поглед на менталното здравје и тоа дека медицината тука потфрла бидејќи не го лекува човек, туку го турка во еден кафез, во кој ја потиснува агресијата, меѓутоа не и мизеријата. Освен медицината едно големо бу и за општеството денес кое ваквите луѓе ги препушта сами на себе, а претставуваат еден нежен филамент кој под притисок може да крахира. Социјалните служби биле нешто што ми е секогаш со знак прашалник за тоа како работи, во овој филм само се потврди зошто тие се таа отскочна даска која го моделира менталното здравје на едно дете, кое дури се развива како глина го фрлаат со мајка која дефинитивно нема никакво право да го задржи. Она што најмногу ме импресионираше пошто сум заколнат comic book фан беа easter eggs од самите стрипови. Она што само ние може да го приметиме, Бетмен и Алфред, кинотеката, Аркам и уште неколку кои во салата предизвикаа восхит меѓу тие што ги пратат приказните за Бетмен и Џокер. Особено за кинотеката, еден таков убав nod за Бетмен, а толку малечок и неприметен што не ја дисруптираше самата приказна за Џокерот. Ќе се согласам со @Bridget дека финалето беше малку исфорсирано - според мене последните 10 минути беа вишок. Знам зошто ги ставиле, зошто не ги направиле еден цел филм (комотно има материјал за да се направи за ефектот и анархијата како најпроминентна карактеристика на Џокер), затоа што ова ќе биде еден и едини филм со Хоакин во оваа улога, стенд алоун филм а не франшиза. Само тоа ми го прави 9/10. Не се согласувам дека Хоакин е подобар од Хит Леџер, многу различен пристап имаа кон Џокерот, Хоакин ги дава катализаторите што го прават Џокер, а Хит беше анархист кој го преставува врвот на лудилото на ликот. Мене и двајцата ми брилиират, а ако го додам и Џек Николсон стварно не можам да одлучам кој Џокер го сакам најмногу. Моја најтопла препорака, нема да погрешите ако го гледате.
Crazy Rich Asians Филмов кога искочи мислев дека е досаден и не го гледав, но погрешно сум проценила. Предобра романтична комедија! Оценка: 10/10 Оваа современа романтична комедија, базирана на глобален бестселер, ја следи њујоркерката Рејчел Чу во Сингапур за да се сретне со семејството на нејзиното богато момче.
Најдобар филм / трилер што сум го гледала годинава! https://m.imdb.com/title/tt4332232/?ref_=fn_al_tt_0 Оценка 10! Човек е на патување со својата жена и ќеркичка, но после една незгода се живо се испревртува. До крај ве држи во неизвесност и е прејак!
Го гледав овој.Не е којзнае што но можеби добив таков впечаток затоа што цело време ми кочеше тел.Ама океј филмче може да се погледне
Shaft (2019) Го обожавам Самјуел во вакви улоги, комедија, акција, драма, супер филм за да одморам мозок. Серизоно, како салтко сум се смеела во одредени моменти. Дефинитивно овој тип на филмови ми се ново омилени. ФБИ дата специјалист губи пријател чие убиство е прикриено како самоубиство со дрога. Знаејќи дека му е потребна помош за да ја истера работата до крај, тој треба да се обрати кон својот татко детектив. Само после 22 години, и сите дополнителни компликации, не е толку лесно. 10/10
Joker Многу добар филм за да се запрашаме какви луѓе сме, и како треба да се однесуваме во општеството. Доста емотивен филм, сите да го гледате.
Филмов е корнење живци, го гледав еднаш. Ако не го пратиш од сам почеток темелно и немаш добри живци нема да го сфатиш крајот, а крајот беше врв. Има ваква епизода во една серија на Fox Crime да ме убие човек нема да ми текне као се вика.Нешто Murder mysteries врска неам
The NUN Втор пат го гледам филмов. Втор пат! И пак се преплашив... Ем знаев што ќе се случи, ем пак ми беше страв. Толку страв да неможев да заспијам цела ноќ. Се работи за една мала црквичка/манастирче во Ромаија, каде што The Duke of something, порано, си имал сериозни психички проблеми и пробувал некои си работи со црна магија. И успеал, нели. Е сега, типкава е не здрава, а исто и овие камерманиве и овие што ја прават музиката во филмовите. Го препорачувам топло доколку сакате хорори. Уште подобро е, да ги ѕирнете сите филмови поврзани со нив.
Maleficent: Mistress Of Evil (2019) Уживање! Смеење и плачење. Џоли и Фајфер завршиле перфектна работа! Гледајте го, гледајте го во кино!