Овој филм моментално оди на телма, ако е некој заинтересиран да го гледа. едит Мене ми е гледан, ама случајно се деси да прочитам на темава, а да го видам на ТВ, па да кажам.
Rocketman Добра приказна, не сум го слушнала Елтон Џон до сега и ми се засвиѓаа некои песнички. Оценка: 8/10 Се работи за музички филм за Елтон Џон.
The princess and the cabbie Старо е филмчето,ама супер си е. Едноставно,вткаена љубовна приказна меѓу богата наследничка и таксист. Одма е нашата помисла заради менталитето шо ни е таков,ех клише како и сите други приказни бла бла. Епа не е бла бла.Таа богата наследничка во филмот има дислексија,а само таксисто се заинтересира за то да и' помогне да ја преброди таа состојба за која останатите и' велеа дека има оштетување на мозокот. Епа дислексијата не е тоа,едноставно поинаку луѓето ги перцепираат нештата,а за да ги пребродат треба секогаш да сме спремни да помогнеме,а не да речеме ех тешко на тој и тој болен е.Друго е само да збораме,а друго е коќе помогнеме некому.Кога ќе помогнеме,ќе видиме дека грешиме во нашата проценка и дека тој со мозочно оштетување може всушност да стане гение. * * * * * Дислексија имаше и Ајнштајн,Џон Ленон... Тоа е поинакво перцепирање на нештата,мало шрафче во мозокот на кое му треба да му се најде местото бидејчи се изгубило.Тоа се луѓе со тешкотии во пишење и читање,ориентација. Филмот вреди да се гледа,инспиративен е.
10 x 10 Луис киднапира девојка и ја затвора во соба во својот дом со цел да ја извлече темната страна од нејзиното минато. Филмот е со неочекуван расплет 8/10
Го гледав Џокер и заборавив да пишам ривју. So, here goes. Ко прво, не ми се допадна филмов. Не знам дали јас имам високи стандарди ама едноставно не ми се допадна. Дејството е околу главниот лик Артур и како тој доаѓа до точка каде станува џокерот. Филмот те тера да сочуствуваш со него и да го сожалуваш зашто сите што требало да му се најдат во животот, почнувајќи од најблиските (мајка му), преку системот, до обичните луѓе на улица, него или го игнорираат или го третираат како фрик, или го лажат и му наштетуваат. Сите околу него го оставаат на цедило, а тој е навидум добра личност. Викам навидум зашто иако тој се труди, работи, ја чува мајка му... реално Артур е човек со метална болест што, ако не ги бројам двете убиства што ај, ќе ги наречам, во самоодбрана, тој убива 4 луѓе. Недолжни. IN COLD BLOOD. И филмов ти кажува дека тоа е тоа што општеството го заслужува зашто општеството го третираше Артур на таков начин. Пред филмов да излезе во кино во Америка, на мејстрим медиумите се креваше паника дека може да има инциденти од крајно десничарски групи итн. Ама полевичарска порака од тоа дека општеството создава криминалци и дека ние сме виновни за нивните дела нема. Реално. Испаѓа дека ги оправуваат сите оние mass shooters што убиваат во школи, цркви, кина итн само зашто имале ментална болест и некој не ги третирал добро. Девојката што ја сакале не им дала. Boo fucking hoo. Глумата на Хоакин Финикс беше на ниво. +1 за тој аспект.
Angel has fallen (2019) Филмов го чекаше правиот момент да биде гледан, и исто како и другите делови- одличен. Џерард и Морган знаат што прават. Борбата за претседателскиот стол и превласт продолжува, овој пат најголемата жртва е Мајк. Оцена 10/10 Joker (2019) Според ревјуата очекував многу повеќе, голема фама се крена за филмов, а тој испадна под сите мои очекувања. Пораката која ја пренесува самиот филм, движењето што почнува во него, е погрешно на многу основи. Психички нестабилна личност убива невини луѓе и станува славен убиец. Тоа е реалноста што е прикажена всушност. Имаше една порака што некој веќе ја постирал погоре, не треба да има очекувања дека психички нестабилни личности ќе се однесуваат нормално, се согласувам со неа, ама истата не им дава слобода да прават што сакаат и да се извлечат за тоа. Сценариото не ја пренесува суштината за психичките растројства, не барем онаа за која се пишува по нетов. Оцена 4/10
Филмов го немам гледано, ама претставата Странци во Драмски да претпоставувам дека се правени по исто сценарио.
Точно. Претставата е буквално иста со филмот(доста послаба верзија, се разбира), така да едино вреди да се гледа ако имаш гратис карти.
Девојки кога веќе пишувате за некој филм напишете го и името на филмот а не само слика По одредено време сликите ги снемува не се достапни и немаме појма за кој филм се работи о баш е безвезе
Equinox [1992] Кратка содржина: Henry Petosa и Freddy Ace се идентични близнаци кои живеат во фиктивниот град Empire и била одвоени од раѓање и дадени на посвојување. Henry е срамежлив механичар кој живее во сиромаштија и ја сака Beverly Franks, сестра му на неговиот најдобар пријател. Од друга страна, Freddy е возач на Mr. Paris, кој е гангстер. Многу е самоуверен и оженет со неговата материјалистичка жена. Еден ден, една млада жена по име Sonya Kirk која работи во мртовечница случајно наиде на писмо во кое се наведува дека близнаците се всушност потомство на европското благородништво и имаат огромно наследство. Таа одлучува да игра аматерски детектив за да ги пронајде близнаците... Рецензија: Прекрасен филм кој совршено успеава да го долови разликите на човековата природа. Сметам дека Matthew Modine одлично се снаоѓа во улогите на двајцата близнаци каде успева на убедлив начин да прикаже два сосема спротивни и различни карактери. Оценка: 10/10
Повторно во мој стил филм со убијства... Се работи за детектив кој го истражува исчезнувањето на неговата роднина а во тоа исчезнување се испреплетуваат уште многу исчезнати девојки.Од друга страна го имаме киднаперот кој се претставува како Казанова и една девојка која успева да побегне од негови раце. Оцената за филмот ми е 10/10
Одамна не сум гледала толку глуп филм.Толку е без смисла што го гледав цел за да видам каква друга глупост ќе покажат.10/1 Ама ако сакате да се смеете на глупости секоја препорака
Birdcage Комедија нумеро уно, сега за сега. Вил одлучува да се жени на негови 20ти, со ќерката на сенаторот. Неговите геј родите кои се сопственици на клуб, треба да ги пречекаат сватовите и да остават добар впечаток. 10\10
Врба Приказна за мајчинството/родителството. Филмов на моменти е сериозно трогателен. Има две приказни. Првата во минатото, да речеме, 19-ти век. Втората во сегашноста. Двете приказни прикажуваат два пара што пробуваат да зачнат и што се се спремни да направат. 7/10
Ќе се надополнам. Уште мислам на филмов. Овој пат со посталожени впечатоци. Првата приказна беше многу подобра од втората. Крајот на филмов не ми се допадна. Spoiler: спојлер Како после толку перипетии забременила пак од пукнат кондом? 5/10
И од мене добива 5/10. Глумата на актерите е беспрекорна, ама дијалозите и целата приказна ми се фалични.