Миа има 15 години и таа претрпува многу промени во нејзиниот живот. Таа се преселува во нов град заедно со нејзините родители и цело време е убедена дека е посвоена. Таа е многу очајна и почнува да пие и да се дрогира. Mиа почнува лошо да се чувствува и нејзиното тело брутално се променува. Оценка: 10/7
Знам дека не е за тоа темава ама дајте кажете некоја серија што секоја епизода решаваат ново убијство
Last Christmas (2019) Кејт е безнадежна млада девојка која работи во Божиќна продавница во Лондон. Но еден ден работите тргнуваат на подобро откако случајно го запознава Том - добар и згоден дечко, но и малку чуден. Тие се дружат и доста се зближуваат, но баш кога сето тоа треба да прерасне во романса се случува нешто што целосно ќе ги промени нештата. Мене искрено премногу ми се допадна филмов, ме расплачи. Ако сакате да го гледате не читајте коментари на трејлери на јутјуб, бидејќи ќе наидите на спојлери. Јас така се зафркнав и знаев што ќе се случи уште на почетокот. Сепак тоа не ме спречи да уживам во филмот, само мислам дека поинтересно ќе беше да не знаев. Моја оцена: 10/10
10/10 Филмов е Фински. Спаѓа во драми, но јас би го класифицирала како трагедија. Ме мачи тоа што темата на филмот возможно е вистински да се случила што ме згрозува. Нормален брачен пар - интелектуалци кои имаат две ќерки и мирен сеемеен живот се ремети кога во нивните животи доаѓа синот на мажот од првиот брак. Проблематично дете кое мора да смени средина за да се смири, па доаѓа да живее кај таткото (Питер) Маќеата (Ана) по професија е адвокатка чија канцеларија се бави со специфични случаи на насилство врз млади и нивна злоупотреба. Фамилијата се труди да го прифати новиот член Густав, но макеата вложува посебен напор па ,,спонтано,, започнува сексуална врска со детето (кое патем е малолетно). Се испреплетуваат настани кои би го загрозиле бракот и статусот на Ана, па таа почнува и да го одбива и да го напаѓа Густав, за на крај да го довоеде во ситуација на тешка психичка состојба и смрт. Многу ме разжалости филмов
abgeschnitten cut off или отсекување на HBO за тие што се изгагаа месецов На hbo го гледав пишан е отсекување во хорори, ама не е хорор Мене многу ми се допадна филмов. Германски е. Татково е доктор, врши аутопсии. Му носат еден труп, и во мозокот на трупот наоѓа мала капсула со името и телефонскиот број на ќерка му. се јавува и сфаќа дека е киднапирана. И тука започува се. Многу мистерии, секоја минута plot twist се дешава Будно го пратев Ме бендиса ептен. Јака психолошка мистерија со психопатски примеси. 9/10 вреди да се изгледа 2 часа ми летнаа
Многу добра камера, приказната е емоционална, и само 'случајно' е во Научна фантастика претставена. Тамата која ја обработува е многу добра, само што многу ја 'оптегнале', се' поради обид да ја доловат атмосферата на Одисеја на Стенли Кјубрик.. а можело во 1.30ч да се пренесе поентата. Генерално сум задоволна од филмот... Иако монолозите на моменти потсеќаат на селф хелп книжуле. Оцена 7/10
Одлична драма, со брилијантна изведба. Беспрекорна е глумата на сите актери. Приказната е за текот на разводот на брачен пар. Посебно интересно е што нема страна. И со двајцата 'те тера' да емпатизираш. Оцена 10/10
Ел и Ли се најдобри пријатели уште од детството. За нивното пријателство да функционира тие си поставуваат правила. Правилото е таа да не оди на дејт со никој од неговата фамилија и обратно. Но се случува токму спротивното Ел се заљубува во братот на Ли и се плаши него да не го изгуби како пријател. Оценка 10/10
Џоди е највисоката девојка во средното училиште и таа секогаш се чувствувала непријатно поради тоа. Таа е премногу исмевана од соучениците и мрази што е многу висока. Но еден ден Џоди по секоја цена конечно одлучува да изгради самодоверба и во тоа и успева. Оценка 8/10
Кратка содржина: Joe е аспирантен актер кој работи како bus boy во ресторан од висока класа. Неговата долгогодишна девојка Mary работи како козметичар за модната индустрија и во голема мера го поддржува со нејзиниот постојан приход. Joe повеќе се грижи да се изрази себеси како актер отколку да пронајде профитабилна работа и поради тоа не сака да прифати улоги што не соодветствуваат на неговиот уметнички стандард... Рецензија: Интересен филм кој изобилува со разни мотиви како површност, обид за слобода на уметничко изразување, но и прифаќање на концептот за парите и бизнис индустријата. Ми се допаѓа изборот на актерите во филмот, музиката, костумите, како и сценографијата. Оценка: 10/10
Klaus Клаус е испратен од својот татко да биде поштар во едно запуштено место каде луѓето веќе не се сакаат. Тој ќе успее да ја оживее магијата на Дедо Мраз и да ги разбуди желбите кај децата. Преубаво и релаксирачко филмче.
Само што го изгледав Од кај да почнам... Мислев дека после Endgame нема да можам да сум толку среќна, ама сум се излажала. Одбегнував да имам превисоки очекувања пошто the last jedi ми беше малку исфорсиран, па се плашев и овој да не го оплескаат. За сите што сте фанови на оргиналните core филмови - овој е малку поразличен. Има огромен омаж на првите филмови, меѓутоа има еден нов поинаков правец кој мене лично ми се допадна. Гледам многу негативни критики искочија, Rotten Tomatoes го изругаа филмот, меѓутоа јас не би се согласила. Да, точно е дека е поинаков, ама овај пат it works for me. Ја сакам сета оваа динамика меѓу Кајло и Реј, Фин и По не се како Лук и Хан ама се прилично симпатични. Сепак според мене брилиираат Реј и Кајло, на грб го носат цел филм. Можеби е мојата субјективност во прашање, ама Star Wars за мене е нешто кое ми е преблиску до срце, се радував како мало дете на некои easter eggs, тешко тие до мене што беа Не е најдобриот Star Wars филм (nothing beats empire) ама е одличен крај на сагата. Јас сум среќна и задоволна.
Од страшниот настан поминуваат 27 години. Дружината губитници во меѓувреме се отселуваат во други градови. Но еден повик ќе ги принуди после долго време пак да се вратат во родниот крај за да го завршат тоа што си го обеќале уште како мали. Оценка 10/8