Two lovers Жанр: драма Леонард е фотограф кој живее со своите родители. Ќе се најде меѓу две жени, една сензуална, искрена еврејка од една страна и манипулативна, но прекрасна жена од друга страна која го “врти околу малиот прст”. Интересна приказна 8/10
Тројца најдобри другари одат заедно во 6ти клас и се поканети на забава за бакнување. Но тие незнаат да се бакнуваат и бараат решение што побрзо да научат да се бакнуваат. Па така решени се да ја шпионираат нивната соседка како таа се бакнува со нејзиниот дечко. Тројцата другари не се свесни каков проблем од тоа ќе направат. Оценка 10/10
Battle for Sevastopol e биографски филм за Људмила Павличенко млада руска студентка која се вклучува во Црвената армија да се бори против нацистите и станува најсмртоносна снајперистка во Втората Светска војна. Филмот прикажува како започнува да се вклучува во армијата и во текот на филмот се прикажани нејзините доживувања во војната како професионалец снајперист и романтичните доживувања. Инаку во филмот е прикажано како таа ја прифаќа поканата од првата дама на САД г-ѓа Рузвелт да ја посети Белата куќа и таа и дава фустан да одржи говор така облечена но министерот за пропаганда од Русија ја тера да ја облече униформата од Црвената армија и таа наместо да прочита даден говор се обраќа со зборовите:Господа зарем не мислите дека долго време се криевте зад мој грб? Људмила е прогласена за народен херој и г-ѓа Рузвелт и доаѓа на посета во Москва по завршувањето на војната во 1957година и заедно со синот на Људмила одат на опера. 10/10
Marriage Story Добар филм, Скарлет е неверојатно добра во секоја сцена од филмот. Оценка: 8/10 Во филмов се работи за едно растурено семејство кое може и да живеат разделно сосема добро.
Дон и неговата сопруга купуваат стара куќа. Тој прв се преселува во куќата и почнува да ја реновира. На прв поглед куќата за него е нормална но потоа ќе почнат да му се случуваат паранормални работи. Оценка 10/8
Joker посебно глумецот во филмот е толку доминантен и има потенцијал што го ставив во првите топ 5 глумци, а филмот е добар не е којзнае што ама е добар да е друг глумец филмот би бил катастрофа сигурно.
Џипси живее заедно со нејзината мајка. Нејзината мајка крева паника за секаква ситница, а Џипси е принудена секогаш да ја слуша. Но нејзината мајка е всушност вистинска измамничка, а од како тоа Џипси ќе го дознае се се променува. Оценка10/10
https://www.imdb.com/title/tt6751668/ Филмов ми дојде како право освежување после сите холивудски срања. Не сакам да откривам ништо. Го препорачувам. 9/10
Ad Astra долг и развлечен филм, но претпоставувам мора да е таков за да ја долови тежината и одговорноста на професијата астронаут. Има приказна на релација син-татко( на момент толкувана преку религиска симболика што е малку ту мач) која заклучокот го достигнува на крајот. Се на се не е лош филм, бавен, минималистичка сценографија, нема премногу ликови, главно е претставено како се тоа го доживува главниов лик. 6/10
Џен е вдовица и таа пробува да пронајде кој стои зад смртта на нејзиниот сопруг. Џен оди на терапии и таму ја запознава Џуди. Таа се вселува во куќата на Џен но исто така носи шокантна тајна со себе. Оценка 10/8
Група деца се ослободени од нацистичикиот логор. Тие се префрлени во една куќа каде што се препуштени сами на себе и сами морат да се борат против гладта,жедта и гладните кучиња што се наоѓаат во дворот од куќата. Оценка 10/8
The Imitation Game биографски филм за извонреден математичар, гениј Алан Туринг кој во Втората светска војна успеал да ги дешифрира германските пораки испраќани преку Енигма. Во тоа успева со тим од уште неколку математичари и се раскажува за нивната заедничка дружба и соработка. Има и дел во кој се зборува за третманот на поразличните луѓе во тој временски период, поразлични во однесувањето и сексуалната ориентација. Прекрасен и инспиративен филм кој ме натера да прочитам нешто повеќе за животот и делото на овој научник кој се смета за татко на теоријата по компјутерски науки и зачетник на создавањето за компјутерите. 10/10 Marriage Story емотивна приказна за бракот на двајца уметници и нивниот син, за лавиринтите низ правниот систем за добивање на старателство за детето по прекинот на нивниот брак, за животот пред и по бракот. Исцрпна рецензија има https://meduza.mk/fem-101/brachna-p...BtCsocTYzPsZG8aKmgeyWPdlBagXiesHmx_V1Cea-VxiM Поучен филм на моменти со напорни дијалози но добри за да се долови поентата на филмот. 8/10
Портрет на една дама на оган...е романса на една жена која се обидува да ја долови убавината на друга - на платно и на филм. Маријана е овластена да го слика свадбениот портрет на Елеосе, млада жена која штотуку го напуштила манастирот. .. За да се случи бракот, мора да има портрет што ќе го испрати на нејзиниот сопруг наскоро... Прекрасна љубовна приказна претставена со уметност, кинематографијата е извонредна, завршницата е многу тажна.
Фала на убавите зборови @piksooki . Еве уште еден што можеби ќе ти се допадне : KNIVES OUT (2019) Богат старец - писател на мистерии е пронајден мртов во својот дом со пресечено грло. Почнува истрага дали е самоубиство или убиство и први за испрашување се неговата ексцентрична фамилија, нивната помошничка и негувателката која на секое лажење реагира со повраќање . Истрагата е водена од локалните детективи плус приватен детектив кој никој, па ни тој самиот, не знае од кого и зошто е ангажиран во решавањето на ова убиство/самоубиство . Целата атмосфера во филмот потсеќа на некој роман од Агата Кристи, а во главните улоги се познати актери како Даниел Крег, Џејми Ли Кертис, Крис Еванс итн. Мене лично филмот многу ми се допадна, интригантен цели 2 часа, а крајот неочекуван, така да оцена 10/10.
I SEE YOU (2019) Младо момче е киднапирано во мало гратче во шумата на патот кон дома. Почнува истрага водена од детектив Харпер и потпомогната од детектив Спитцки кој водел слична истрага 15 години претходно. Во меѓувреме, чудни работи почнуваат да се случуваат во домот на Харпер кои ги доведуваат до лудило сите во куќата. Но, ништо не е како што изгледа. Филмот е трилер со примеси на хорор, напнат цело време, со неколку твистови, имаше некои мали нелогичности, но ми беше преинтересен, па оцена 10/10.
Joker (2019) Сите го знаете сите сте го гледале. Едно имам само да кажам Хоакин е лудило од глумец, ми падна у очи уште од Her и стварно мислам дека е парекселанс глумчиште. Филмот е тежок во смисла на тематиката што ја обработува. Но имало далеку покомлексни и потешки филмови за гледање. Приказната нема да ја коментирам зашто не сум добар познавач на ликот на Џокер, не сум ги читала стриповите и така натаки, ама мислам дека е сосема солидно кименатографско дело. Подлабоко во психологијата на менталните болести нема да навлегувам, си се јавија више експертите за ментал хелт што си постираат секојдневно, но имам само да кажам едно - Хоакин ис д (зашто нема емоуџи со бомба бе?) 8/10
Само што го изгледав A simple favor. Интересен филм, го сместиле во комедија и драма али К од комедија не видов. Многу добра драма, добар филм интересен. Вреди да се гледа според мене. 10/10 Btw дур пишував го пуштив ,, Fighting with my family” , уште еден добар филм во најава.