The Grudge Филмот како и сите други делови, иста приказна и веќе добро позната.Го гледав на кино ок е.
TOGO (2019) He is not a sled dog. He is the lead dog! Една многу искрена и топла приказна од студената Алјаска што сигурно нема да ве остави рамнодушни. Филмот е одличен и раскажува вистинска приказна од 1925година. Најтопла препорака 10/10
Филмов е добар, се работи за војна и што се треба да направат двајца другари за да преживеат и да преживее еден цел батаљон од 1600 луѓе.Искрена приказна за пожртвуваноста,пријателството и вербата во самите себе. Филмот има 5 номинации за овогодинешните оскари.Ќе ви се допадне.
Harriet (2019) Филмот го следи животот и борбата за слобода на главниот лик, Араминта Рос, која успева да се ослободи себеси од ропство, а исто така и нејзиното семејство, како и голем број други црнци кои биле робови во тој период. Филмот е базиран на вистинска приказна. Мене ептен ме допре нејзината издржливост и непокорливост. 10/10
Случајно го фатив, не очекував премногу (бидејќи не сум некој љубител на ваков вид), но како што се развиваше дејството не ми беше криво што го изгледав до крај. Вреди да се гледа и по втор пат, бидејќи има доста добра поента. За актерите, добар избор се сите и не утнале со Милош.
Bombshell (2019) - 9/10 Интересен филм со брза динамика на случување на нештата со вистинска приказна во позадина за искуствата не неколку новинарки, жртви на сексуално вознемирување од нивниот претпоставен. Измешана е политика и скепса кон јавно признавање на овие вознемирувачки настани поради страв од губење на кариера и стекнување на стигма-сами го барале. Сепак го оценив со 9ка затоа што тимот мажи режисери го прикажале сексуалното вознемирување како тие го перципираат гледано низ очите на мажите. И претежно е површно прикажано, не се навлегува во психологијата и подлабоките последици од настаниве на жените жртви на сексуално вознемирување на работното место. Мене лично ми беа згрозувачки некои сцени и просто неверојатни дека во медиум од тие размери како Фокс Њуз, таква конзервативна атмосфера се случувале вакви работи и заташкувале и прикривале со години. Филмот е остава да лебди прашањето кога во една Америка уште не е угинато оваа појава колку ли ќе треба години,векови да се искорени низ цел свет?Многу разочарувачко сознание и чувство на горчина остава филмов. Среќна околност е што правно е добиена битката и финансиски компензирана ситуацијата на жртвите ако може ова да надомести до некаде за сите страдања и понижувања низ кои поминале тие. Инаку глумата на Шарлиз Терон, Никол Кидман и Марго Роби е одлична, и заслужени се номинациите за Оскари 2020 за глава женска улога-Шарлиз и споредна женска улога-Марго.Марго особено е фантастична и покрај глумата и во Беше еднаш во Холивуд покажува дека е сериозна глумица, одлична, шармантна, фасцинантна.
A SIMPLE FAVOR (2019) Филмот е од се по малку- драма, крими трилер со интересни комични моменти, неизвесен до самиот крај. Раскажува приказна за две жени кои во “нормални“ услови тешко дека би биле пријателки, Стефани е сосема обична самохрана мајка која има блог за родители, а Емили е жена од високото општество со одлична кариера и (навидум) среќно и хармонично семејство, чии деца одат заедно во училиште. Но, зад тие фасади од едноставност, среќа и хармонија, се кријат мал милион тајни Интересен филм 9/10
Самохрана мајка и нејзиниот син се преселуваат во нов дом. Тие незнаат дека куќата е опседната и дека постои проклетство во неа уште од минатото. Проклетството се случило поради чин на насилство во минатото и демонските сили предизвикале големо зло во куќата. Оценка 7/10
Little Women(2019)- 9/10. Интересна приказна за животот на четирите сестри, фамилијарната хармонија, нивните соништа за успешни професии, иднина со неочекуван расплет. Топла и емотивна приказна која е римејк на постоечкиот филм од 1933та и 1994та. Мене тој филм од 1994та ми остави повеќе впечаток можеби затоа што ми е повеќе пати гледан. И овој не е лош, напротив има многу убави кадри и глумата на Saoirse Ronan е одлична, заслужена номинација за оскар.