Just Add Romance Карли и Џејсон работат во ресторан. И двајцата се пријавуваат на кулинарски натпревар. Најинтересниот момент е кога и двајцата ќе останат во финалето. А главната награда е отворање на ресторан. Уште еден одличен филм на Hallmark. Добро одбрана актерска екипа. Од сам старт се виде дека има симпатии помеѓу двајцата. Интересни беа кога си дофрлуваа. Оценка 9/10. Christmass Wishes&Mistletoe Kisses Аби е дизајнерка. За Божиќ треба да ја украси куќата на бизнисменот Ник, кој е син на нејзината пријателка Керолин. Во текот на работата ќе има проблеми со асистентката на Ник, а и со него. Филмов не ме воодушеви многу. Нема хемија помеѓу актерите. Како со сила да комуницираа. Единствено ми остави впечаток добриот однос на Ник со синот на Аби. Оценка 6/10.
Geostorm... Доста поучен филм, она што ќе ни се случува во иднина, а и веќе ни се случува... како временските промени и појави се програмираат и се е контролирано. Препорака! Оцена 8.5/10.
Medena zemja ништо посебно зошто во сите филмови сме претставени како бедни гладни боси ? Кој филм и да отишол подалеку од мк во сите смепретставени како некоја таму зимбабе
Big eyes Волтер кој се претставува како уметник, ја запознава младата сликарка Маргарет која се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Во неа гледа огромен уметнички потенцијал. Се претставива како автор на нејзините уметнички дела. Филмот е според вистинска приказна 8/10
Да, пошто во светот за нас владее перцепцијата дека сме богати и сити со економија боље од Шведската, па сеа се најде Медена земја да ја уништи таа слика. Пу јазк.
Life Itself 2018 Добро напишана приказна која се одвива низ животот на четири лица кои имаат заедничка основа што останува непозната за секој од нив. Моќен филм кој го покажа јадрото на човечките страсти и внатрешните конфликти со кои сите се соочуваме.
Самохрана мајка и 2 деца се вселуваат во нова куќа.Таа е медицинска сестра.За многу краток период приметуваат дека нешто не е во ред. 7/10
После неуспешниот брак,Ричард ја бара својата ќерка.Се запознава со Саша,амбициозна глумица која му ветува дека ќе му помогне,Починуваат претстава која трае 24h,но набрзо се претвара во крвава игра. 8/10
Марфи е Американец кој живее во Париз кој влегува во врска со една нестабилна девојка Електра. Одлучуваат нивната комшика да им се приклучи во врската и тука почнуваат проблемите за него и неговата љубоморна девојка.
Mr. Church (2016) Прекрасна, слатка приказна за семејство,љубов и посветеност. Ова е приказна за пријателство помеѓу готвачот, кој требаше да ја заврши својата работа за семејството шест месеци и наместо тоа, остана со нив за петнаесет години.
Гледав една емисија за мода каде баш го коментираа стилот на Шерон Стоун во една сцена од филмот, така и ми текна дека оваа класика сум го испуштила. Во филмот опишан е животот на Ајс кој работи како експерт во казино во Лас Вегас, но каде што е коцкањето, таму е и мафијата. Благодаренине на неговата способност, заработува милиони, но на приватен план не е ни малку успешен. Ремек дело на Мартин Скорсезе 10/10
Како може еден филм да биде реална и објективна слика за цела една држава? Зошто гледате така на работите? Саше Политико така размислува.
Млада мајка заедно со своите 4 деца се преселува во голема куќа, а како ќираџија доаѓа млад црнец. Наскоро забременува од него а нејзините деца одат да живеат со татко им. Во филмот понатака е прикажано како живеат и се снаоѓаат, но доаѓа Втората светска војна и се она што таа го носи. Филмот е по вистински случај и на мене лично многу ми се допадна, го препорачувам. 9/10
Артур е личност со ментални пореметувања.Тој пие лекови против неговата болест и живее со својата мајка.Артур одсекогаш сакал да стане успешен комичар,и најголеем фан е на ТВ водителот Франклин. 6/10
Last Christmas Едно смеејство од поранешна Југославија се сели во Англија. Емилија Кларк е ќерката која постојано оди на аудиции за пеење но безуспешно, еден ден сретнува еден дечко кој ќе го промени нејзиниот карактер засекогаш. Многу убав филм а глумецот го сакамм... Aladdin Приказните кои ги снима Дизни се секогаш прекрасни. Убава бајка испреплетена со хуморот на Вил Смит.
To All the Boys: P.S. I Still Love You Искрено, не бев нешто многу возбуден кога видов дека ќе има продолжение на To All the Boys I've Loved Before, бидејќи филмот ми немаше оставено некој долготраен впечаток, само се сеќавам дека ми беше cute. Не планирав да го гледам сѐ до пред две недели додека не излезе песната на Марина за филмот. Јас сум од оние луѓе кои ги гледаат сите филмови каде што омилените пејачки имаат удел во soundtrack-от. Филмот не е дека не ми се допадна, но ми беше досаден. Не ми текнува на првиот дел, ама овој не да беше лимонада, туку сируп за растворање во вода. Ноа толку пресмотан во улогата, толку фејк и без емоции, а сепак толку cute со Лана. Би си ги земал дома ко миленичиња да ги чувам. Приказната скроз без некоја поента, не знам ни деца од пред тинејџерска возраст дали би ги купила. Како и да е, ако имате вишок саат и пол, зошто да не?
Charlie's Angels Кога видов дека ќе има трет дел на Charlie's Angels, со Кристен во главна улога, сфатив дека таа е комбинацијата за која не знаев дека ми е неопходна. Не сум голем фан на акции, но првите два дела од филмот ги обожавам. За третиов дел немав големи очекувања, бидејќи секогаш кога се прави продолжение по 20 години, не може да биде ни приближно до стандардот. Плус, кога излезе филмот, критиките и оценките беа прилично ниски, што уште толку ми ја намалија возбудата околу најновиов дел. Well, искрено мене воопшто не ми беше лош. Глумата на сите три девојки беше солидна. Приказната исто така ми беше океј. Далеку дека е маестрален филм, но не се ни првите два. Е сега, вајбот секако не е ист бидејќи три badass женски ликови во главна улога, во почетокот на 2000 и сега е сосема различно доживување. Тоа е и брендот на првите два филма. Ако тогаш не биле сите три убави, згодни, секси жени, филмот би бил flop. Така да, thumbs up за diversity, бидејќи баш вака изгледаат ангелите на денешницата.