За време на божиќните празници еден непознат човек почнува да ги следи 4те студентки. Тој почнува да и испраќа заканувачки пораки, а тие се обидуваат да откријат кој стои позади тоа. Тие не се свесни што ги очекува. Оценка 10/10
La Belle et la Bête (2014) 9/10 Романтична фантазија базирана врз познатата бајката за '' Убавицата и ѕверот ''. Занимлива екранизација на веќе позната приказна. Започнува како мајката на дечињата им раскажува приказна, а завршува со крајна сцена поврзана со почетокот на филмот.
Ги имам гледано, освен One day, фала во секој случај. Добродојдени се и други предлози може во тој стил ми се допаѓаат
Грејс е млада девојка која што сака да студира ама нема доволно финансии за тоа. Нејзината мајка е премногу себична и само вложува во нејзината помлада ќерка. Грејс се запознава со Дориан и тие започнуваат свој бизнис за таа да собере доволно пари. Оценка 10/10
Сара е една социјално изолирана девојка што работи во дуќан за текстил. Слободното време го поминува со гледање на натприродни криминални серии и таа секогаш оди во посета на коњите. Таа доживува надреални соништа кои што ќе и го превртат животот наопаку. Оценка 10/8
Харпер е млада девојка и таа оди на деловно патување во Шпанија. Но планот се малку променува нејзините најдобри пријателки исто така сакат да одат во Шпанија со неа. Таа од првин се двоуми и потоа се согласува и тие да дојдат со неа. Харпер не е свесна што ќе доживее во Шпанија. Оценка 10/10
Предлозите на @Herrera. Anna Приказната е слична со онаа на Atomic Blonde, доколку сте го гледале и ви се допаѓа, нема да имате утка со овој. Филмот е добар, само што јас филмови со многу plot twist-ови, не секогаш успевам да ги разберам. Актерската екипа е солидна. Bloodshot Доволно е да имаш гледано неколку филмови со Вин Дизел, за да можеш да предвидиш дел од филмот, врз основа на првата сцена. Spoiler Има ли филм каде што жената на Вин Дизел не е убиена и он не се одмаздува? Ама како и да е, овој филм повеќе ми се допадна од Anna. Интересна футуристичка акција.
Сесилија побегнува од својот сопруг. Таа сака да започне нов почеток од животот. Но тоа нема да биде едноставно така како таа што си замислува. По неколку дена се самоубива нејзиниот сопруг тој почнува да ја прогонува и таа сака да докаже дека таа не е луда и дека тој цело време прави лоши работи, а неа ја обвинува. Оценка 8/10
Врба/Willow (2019) 8/10 Најновиот филм на Милчо Манчевски кој ја прикажува приказната со мајчинството на три жени независно едена од друга. Првата приказна според мене е највпечатлива и таа е приказна на македонската жена од минатото и исконскиот нагон да се оствари како мајка како што си бил редот во тие времиња. Втората и третата приказна се современи приказни за мајчинството на две жени. Се на се многу емотивен филм.
Вчера го даваа на мтв 1 во 22часот во склоп на остани дома со гледање на филмови на Милчо што ги даваа секој викенд тоа време.
Mлада американка по име Грета е дадилка и таа оди во Англија за да се грижи за 8 годишниот Брамс. Кога пристигнува таму ја очекува големо изненадување и таа е шокирана. Брамс е всушност кукла и таа мора да се грижи за него таа добива правила по кои мора да се води но таа ги игнорира и наскоро почнуваат да се случуваат чудни работи. Оценка 9/10