The Hustle Кога Rebel Wilson e во главна улога, никогаш не очекувам нешто сериозно. Филмов е одлична old fashioned комедија, без некаква поента.
Една фамилија доживува трагедија и се одлучувa да одат да живеат некаде на мирно место. Тие се многу загрижени за нивниот син. Тој брзо си наоѓа пријател но неговиот пријател е чуден тој е само една кукла. Неговата мајка е сигурна дека тој не е само една обична кукла. Оценка 9/10
10/10 Џејн Ејре е романтичен драмски филм во 2011 година, во режија на Кери Фукунага и глумa Миа Васикоска и Мајкл Фасбендер. Сценариото е напишано од Моира Буфини, засновано на романот на Шарлот Бронте од 1847 година со исто име, класика на готскиот, билдуншроман и романтичен жанр. Филмот беше објавен на 11 март 2011 година во САД и 9 септември во Велика Британија и Ирска. Дизајнот на костумите на филмот, предводен од Мајкл О’Конор, беше номиниран за Оскар.
Џема и Том се во сериозна врска и сакаат да основат семејство. Тие сакат да купат куќа. Случајно го запознаваат брокерот Мартин и тој и покажува куќа во една чудна населба. Кога одат таму тој наеднаш исчезнува а тие незнаат како да се вратат дома. Оценка 5/10
Џон има 30 години и тој сака да ја пронајде неговата совршена жена. Се зачленува на еден руски сајт за запознавање и наскоро ја запознава Надја. Надја оди кај него во Англија. Кога таа ќе отиде таму тој е разочаран затоа што таа незнае да зборува англиски,и тој сака да ја врати неа повторно во Русија. Оценка 10/10
Синоќа го гледавме, залудно потрошени два часа Филмот според мене е целосно бесмислен и апсолутно не го препорачувам 2/10
Овој филм е базиран на вистинска приказна. В0 60тите години глумицата Шерон Тејт се преселува во една куќа заедно со нејзините пријатели. Шерон е бремена, а пријателите и помагаат на неа затоа што нејзиниот сопруг Роман не е дома. Додека престојуваат во куќата Шерон почнува да сонува кошмари и добива визии дека во таа куќа наскоро сите ќе бидат мртви. Оценка 7/10
Девојка по име Хантер потекнува од скромно семејство. Таа се омажува за Ричи тој има своја фирма и е многу богат. Наскоро Хантер останува бремена, и нејзиниот сопруг е пресреќен. Хантер со себе носи една мрачна тајна. Нејзиниот сопруг не е ни свесен колку тоа може да и ги промени животите. Оценка 7/10
The Boy Првиот дел подобар е и понапнат, и вториот не е лош. Bad boys - Уште една авантура на старата екипа, во Мајами. Овие двајцата и после толку години се одлична комбинација, чиста 10 ка Сега му дојде ред и на Angel has fallen, предобра акција.
За филмов не гледав ни трејлер, бидејќи самиот наслов ме потсети на книгата и решив да го гледам. 5 пати плачев и 5 пати се изнасмеав. *Бак имаше повеќе facial expressions него ли Lion King. Инаку се работи за кучето Бак кое го грабнуваат од неговиот дом и го носат во Алјаска. Таму го наоѓа поштарот кој го носи во неговиот дом и заедно со другите кучиња секој ден влечат санка за да ги донесат писмата во малото село. После некое време поштарот го повикуваат во градот и ги остава кучињата во селото. Таму ги наоѓаат 3ца луѓе кои ќе ги мачат кучињата за да ги однесат до златото, за кое има верување дека се наоѓа длабоко во планините. Џон го спасува само Бак и му предлага да одат негде многу далеку во планината бидејќи тоа го сакал неговиот син со кој не се гледа повеќе. Наоѓаат колиба и во меѓувреме Бак си го пронајде местото каде што навистина припаѓа. Препреубава природа, Алјаска ми е навистина најубава земја. 10/10
Емили е 16 годишна тинејџерка и таа се занимава со скокање на јаже. Таа има натпревар во скокање на јаже ама нејзината цела фамилија заборава да дојде на натпреварот. Емили е лута на сите и решава работите да ги превземе во свои раце. Оценка 7/10
I STILL BELIEVE ( 2020 ) Филмот е базиран на вистинска приказна за младиот пејач на христијански песни Jeremy Camp, Моќна приказна за вербата во Бога, филм за радост и тага, љубов, верба и сомнеж, надеж и безнадежност.
84 Charing Cross Road Прекрасен. Писателка од Њујорк и книжар од Лондон си разменуваат писма преку што гледаме како се развиваат нивните животи. Немав некои големи очекувања, иако Ентони Хопкинс и Анне Банкрофт ама ме воодушеви. Толку е мек и пријатен, токму она што ми требаше. Плус боите на филмови од 80тите и 90тите ми се слаба точка, визуелно уживање. Оценка: 8.5/10
Aли е мајка на 8 годишно дете. Таа нејзиниот син и нејзиното момче живеат нестабилен живот. Тие немаат куќа и принудени се да живеат по мотелски соби. Али секој ден се надева дека се ќе биде во ред, но тоа не изгледа баш така. Оценка 6/10