THE INVISIBLE MAN (2020) Кога насилниот сопруг на Сесилија извршува самоубиство и цело богатство и го остава неа, таа почнува да се сомнева дека неговата смрт е всушност измама. Таа ќе биде упорна да докаже дека не е луда и дека е прогонувана од некој кој не може да го види. 6/10
Сем е надзорник во еден летен камп. Една вечер тој се наоѓа во шумата и се обидува да се скрие од убиец. Тој оди во една запуштена куќа и од таму и се јавува на неговата другарка за помош. Сем не е свесен што ќе откријат заедно со неговата пријателка. Оценка 6/10 Рејф е тинејџер и тој се занимава со уметност. Тој започнува да оди во ново училиште. Уште на првиот училишен ден тој има проблеми со директорот. Тој му ја уништува неговота тетратка за скицирање. Рејф сака да се одмазди за тоа. Оценка 7/10
The loft. Петорица другари земаат стан за повремено да се гледаат со партнерките. Но се случува самоубиство во станот, кое е убиство. За лажното пријателство, злобата, високата елитна класа. Одличен филм. Препорачувам за гледање.
Слушнав добри критики па решив да го гледам. Се работи за жена што пробува да побегне и надмудри нејзиниот сопруг што ја контролира и малтретира. 8.5/10 од мене.
Лили и Аманда се поранешни другарки. После толку години тие повторно стапуваат во контакт. Тие се многу различни. Аманда воопшто не го сака очувот на Лили и таа сака да пронајде начин како да се ослободат од него. Оценка 7/10
Емотивна приказна на едно семејство што ќе се соочат со една загуба. Преубав филм за човечките вредности и односи. Дајте му шанса, јас се изнаплакав. 9/10
Интересни ми се интриги, љубов, романси, убиства. такво нешто. Инаку филмов до самиот крај врв. Какво одигрување семејствово. Браво
Vertigo (195 Вертиго, може да е и најголемиот мастерпис на големиот Хичкок, и беше еден од неговите филмови кои цело време го чував и не сакав да го гледам. Има некои такви класици за кои сум чекал погоден момент. Тој момент дојде и конечно го изгледав. И какво само воодушевување беше. WOW. Тоа е. Нема што повеќе да се додаде. Од една страна само ми е криво што чекав толку долго, а од друга страна пак сум задоволен што сум го чувал до сега кога станав веќе без скромност филмски зрел за овакви големи залци. Како и сите негови останати филмови, така и Вертиго содржи елементи на психолошки трилер, со доза на страст и љубов. Кадрите во истиот се прекрасни. Кинематографијата како да не е од тој период, туку најмалку 20 години понапред од своето време. Единствено ја издаваат ефектите кои се на ниво на Македонски народни приказни, но тоа е само еден мал нус ефект пред кој треба да затворите со очи и да не барате влакно во јајцето. Сепак се работи за филм постар од 60 години. Приказната, како што реков е феноменална, наративот исто така. Филмот за брзо ве внесува во заплетот, динамичен е, мистериозен и интригантен. Ниту еден момент не ве остава да земете здив или пак да исклучите мозок. Цело време ќе бидете љубопитни, ќе се ставате во детективски чевли и ќе се прашувате што ли тоа следи и како да ја одгатнете мистеријата. Вртоглавицата е загарантирана, фигуративно. Очекувајте лавина од измешани емоции, прашалници во глава и збунетост. Ова не е лесен филм кој се гледа со друштво за да се одморите 2 часа и насмеете. Ова е филм кој најубаво се гледа сам, со пригушено светло, и можеби чаша вино, за поголема возбуда. А и филмовите се баш како виното. Колку постари, толку подобри. Не читајте ништо. Не гледајте трејлери. Пуштете го и влезете во лавиринтот на маестралниот Хичкок. 10/10 Оскуден сум јас со оцени и секогаш сум и превише критичен, но на овој не можев ниту десетинка да му земам од 10ката. Мастерпис е прав. Ме обори со нога.
Харис е млад дечко и тој е опседнат со користење на апликации за запознавање. Скоро секој ден е со различна девојка. Тој ја запознава Рајли но тогаш работите многу ќе станат комплицирани. Oценка 9/10 Една жена случајно убива една личност и се обидува да ја прикрие несреќата. Таа се повеќе се судира со нејзината совест и тоа ја принудува да го врати телото на жртвата назад во семејството. Оценка 8/10
A DOG`S JOURNEY ( 2019 ) Прекрасна, топла и многу емотивна приказна за патувањето на едно куче, преку различни сопственици и различни луѓе кое се обидува да ја оствари целта на сопственото постоење. Препорачувам 10/10
Одличен филм за едно младо момче кое го заведува постара жена за да си ги исполни своите цели. Крајот непредвидлив и неочекуван. 10/10 препорачувам.
Еден човек се пријавува да помине време во институција која всушност е затвор, одбирајки 1 предмет (книга) со намера да се откаже од пушење и да добие акредитирана диплома. Кога се буди во институцијата откако е примен, се се менува. Секој ден има маса која оди од ниво 0 надолу, и има којзнае колку нивоа. Тие на врвот јадат први, за тие многу подолу не остануваат ни коски. Многу добар филм кој предложува морална дилема, и има очигледни анти капиталистички идеи. 9/10 Препорачувам гледање со отворен ум кон идеи.