Honeyland (2019) 10/10 Немам доволно зборови да ги опишам сите моќни пораки кои произлегуваат од докумнтарецов. Можеби би издвоила само една моќна порака дека е неопходен холистички пристап во животот, да сме во едниство и хармонија со природата. Барем до пола да живееме вака исто како Атиџе која вели половина од медот го земам за себе,а половина им оставам нив, би било подобро за сите нас и целата природа. Преубав документарен филм и сите награди е малку да се каже дека се заслужени, премногу се заслужени.
The pursuit of happiness. Филм базиран на вистинска приказна за претприемачот Chris Gardner. Во потрага по среќа, Крис е полн со надеж, додека неговата сопруга Линда е песимистичка, непријатна и секогаш бесна. Крис добива можност да стане брокер на акции, но прво мора да се соочи со неплатена пракса, што значи дека нема пари. Гарднер и неговиот син остануваат само со 21$ на сметка и без покрив на глава. Тој и неговиот син Кристофер трпат многу тешкотии во текот на филмот, вклучувајќи живеење на улиците и засолништата. 10/10 Филмот има прекрасна порака. Само упорноста и решителноста те донесува до тоа што сакаш.
YESTERDAY (2019) Филмот е лесна, интересна и освежувачка приказна за млад музичар кој се обидува да си го најде своето место под сонцето, но тоа баш тешко му оди и останува незабележан, а во него и неговиот талент верува само неговата најдобра другарка. После сообраќајната несреќа што ја преживува, Џек почнува да ги свири песните на The Beatles кои освен него, на нив никој не се сеќава дека некогаш постоеле. Одличен е филмот и со прекрасните мелодии на Битлси е вистинско уживање. Препорачувам
Три мајки, најдобри другарки се чувствуваат заборавени од нивните возрасни синови што живеат во друг град па решаваат да ги изненадат и да видат каков живот живеат откако заминале од нивниот дом. Убава приказна за односот мајка и дете. Ги покажува двете страни и препорачувам сите да го гледате филмов. 8/10
Anna (2019) Ана, млада руска убавица, која е жртва на семејно насилство, ќе стори сé за да го избегне животот во кој е заробена. Во пресврт на судбината, таа неволно прифаќа понуда од офицерот на КГБ Алекс. После една година тренинг, таа треба да работи како убиец на КГБ пет години под управувачот по име Олга, по што ќе може слободно да го продолжи животот како што сака. Шефот на КГБ Василиев не е подготвен да го испочитува овој договор, наведувајќи дека единствениот излез од КГБ е смртта. Таа оди прикриена како манекенка и е ангажирана да работи во Париз. Во исто време, таа завршува разни мисии и атентати. Кога е откриена од ЦИА, таа се согласува да работи за нив како двоен агент со агентот Милер како нејзин управувач, во замена за ветувањето за итно пензионирање и заштитен живот на Хаваи. 10/10
Парада Српско-македонски филм. Тони Михајлоски еден од главните ликови. Самиот наслов кажува дека се работи за хомосексуалци и мафијаши и нормално дека една жена може да промени се и да биде од страната на хомосексуалците за да можат на мирен начин да ја одржат парадата крајот е тажен... вреди да се гледа.
Within (2016) прикажува како едно семејство се навикнуваат на новата куќа во која постојано се случуваат чудни нешта. Хорор филм со неколку навистина страшни сцени. 9/10
My Spy Агент на ЦИА добива задача да посматра една жена и нејзината мала ќерка. Тој се вселува во нивната зграда и станува прв пријател со малото девојче. Интересен и лабав филм, акција/ комедија..
Siccin, 6 делови се и сите ги има на јутуб и со превод на македонски, српски.... Филмот е турски хорор и се доста добри за гледање, цело време се дешава нешто и многу се реални. Тој што повикува зло, злото на крајот него му се враќа.
Insidious 2 Семејството ќе се всели во нова куќа но нивното дете ќе биди напаѓано од демон и ќе бара жртва но на крај ќе успеат да ја прочистат куќата. Филмот цело време е со акција, вреди да се гледа.
Приватен детектив (Едвард Нортон), го истражува убиството на негов пријател. Дејствието се одвива во 50тите години од минатиот век. На ИМДБ нема баш висока оценка, ама според мене е брилијантен филм. 10/10
Wolves at the door (2016) Хорор филм базиран на вистински настан кој прикажува убиство на четворица пријатели од страна на членовите на сектата ''Семејството Менсон''. 10/10
What happened to Monday (2017) Во свет каде семејствата се ограничени на едно дете како резултат на пренаселеност, седум идентични сестри се трудат да избегнат да бидат изложени на долг сон од страна на владата додека го истражуваат исчезнувањето на една од нив. Секој од жителите носи електрична алка која ги следи. По умирањето на нивната мајка, нивниот дедо Теренс, ги именува по деновите од неделата и ги обучува да позираат како поединец по име Карен (нивната мајка), и секоја од нив излегува само на денот на своето име. 10/10.
Кениа е млада и успешна црна жена што се обидува да ја најде љубовта на нејзиниот живот, ќе ја најде во некој што најмалку очекува а тоа е бел дечко што е против нејзините убедувања. 7/10 Овој ич не ми се допадна. 2 мајки воедно и најдобри другарки, едното дете кога ќе порасне ќе се вљуби во најдобрата другарка на неговата мајка, и ќе почнат афера. Другиот син дознава и пробува да му врати со тоа што ја заведува неговата мајка. 4цата ќе си имаат афера. 4/10 Овој најмногу ми се допадна. Дечко и раскинува на девојката после 9 годишна врска. Девојката е уништена и се уште заљубена во него. Се учи како да живее без него и да се става себе си во прв план со помош на нејзините другарки. 9/10
Го изгледав и јас вчера, еве цел ден мислам на филмов, некако ме побрка психички Не е хорор, али ми се виде пострашен од сите хорори. Бизарен, реален.... Не е за сечив вкус, а богами ни стомак 8/10, мене ми се допадна целата поента на филмот. Колку сме ние себични... Крајот баш ми беше симболичен, со големо значење и порака. Spoiler Сцената со мајката јас вака ја доловив. таа гази низ лешеви, убива и коле само за да му однесе на чедото храна. На тоа ниво кај што е детето ако можев убаво да сфатам, не се јавува тоа топло-ладно, значи може да се прави залихи, затоа еднаш месечно мајката се спушта и носи храна за малово. Мислам дека точно сум доловила
Најслучајно го пуштив ем постар е 2011год,се запрепастив како се поклопи со ситуацијава со Коронава,кој не го гледал нека пушта Contagion
Ќе пишам повеќе предлози Annihilation Се работи за истражување на мистериозна зона во која се случувуваат необјасниви работи. Жанр: Драма, хорор. 10/10 Arrival 12 вселенски летела доаѓаат на најразлични локации низ земјата. Прават истражување и пробуваат да воспостават вокабулар со двајца вонземјанци. 8/10 Inception Многу добар филм со Леонардо Ди Каприо. Користи техника Сон во сон каде што пробуваат да пронајдат важна информација. 10/10 In time Во иднината луѓето престануваат да стареат до 25тата година и тогаш им се вклучува човечкиот часовник кој трае една година. Наместо со пари, тие плаќаат со часовникот, добиваат плата така што добиваат дена/месеци на живот. Џастин живее во сиромашниот дел и е исфрустриран по смртта на мајка си, па оди во богатиот дел од градот за да го укине системот. 9/10
Кога Paul доживува сообраќајна незгода, тој е спасен од поранешна медицинска сестра, која што му помага да се опорави од незгодата. Но, набргу Paul сфаќа дека е во поголема незгода и дека животот му е во опасност. Жанр: психолошки трилер/хорор. 10/10 Може да ми предложите сличен филм доколку го имате гледано.