1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    39.485
    Пол:
    Машки
    @burthdaykake , ја го немам гледано Мизери иако ми е на вачлиста одамна, ама се некако чекам прав момент. Знам иначе доста за него и знам дека е снимен по книга на Кинг, па ако сакаш баш нешто такво, би ти ја препорачал серијата Castle Rock иако мене не ме воодушеви нешто многу и не ја догледав втора сезона (секоја сезона е засебна).
    Други што се правени по негови книги, а се предобри филмови се следниве, наредени по редослед мој од најдобриот до најлошиот:

    The Shawshank Redemption (1994)
    The Mist (2007)
    It (2017)

    The Shining го немам гледано иако се работи за легендарен филм. И тој ми е еден од оние што ќе ги изгледам во блиска иднина.
    Друг хорор-трилер би ти го препорачал Get Out, еден од најдобрите снимен во последните години.



     
    На Celltica, boomsleng и burthdaykake им се допаѓа ова.
  2. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за препораката. Не знам зошто, It и Get Out некако цело време ги одбегнувам и никако да ги изгледам, но еве на твоја препорака ќе ги изгледам, време е. :D
    The shining е одличеееенн! Имав преголеми очекувања и не се разочарав. Обавезно да го гледаш.
     
    На simoncelicius и Billy Idol им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    39.485
    Пол:
    Машки
    @burthdaykake , Ќе го гледам, обавезно. Си имам посебни денови за такви класици. Не сакам да ги "потрошам" некако одеднаш и си ги чувам некои што е можно подолго кога ќе бидам во правиот mood.
    Еве во последно време еден таков што го чував долго беше и Vertigo, кој го изгледав скоро.
    Ќе му дојде редот и на The Shining, Misery и Rosemary's Baby. Овој ми е еден од последните останати од Полански. Имам читано дека му е најдобар, па знаеш, го чувам како јаготка на шлагот.
    Кога сум кај него да ти ги предложам и неговите:

    The Tenant - Психолошки драма-трилер. Ептен mind-blow филм.
    Bitter Moon и The Ninth Gate - Еротски пихолошки трилери со малку окултни елементи.

    Кога веќе сум на темава, да си кажам дека денес изгледав уште еден од Шпанските трилери, Contratiempo овој пат и помалце ми се допадна од El Cuerpo. Премногу плот-твистови што ме натера да се загубам во истиот. Се на се, не беше до толку лош. Солиден е и кој сака да гледа овакви, добива препорака од мене.

    7/10

    [​IMG]
     
    На Celltica, boomsleng, Regina.Phalange и 4 други им се допаѓа ова.
  4. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Get_Out_poster.png
    Chris Washington е млад Афроамериканец кој открива вознемирувачка тајна кога ќе се сретне со семејството на неговата девојка Rose Armitage.
    Жанр: psychological thriller
    8/10
    @Billy Idol само што го изгледав, конечнооо. Малце сум збунета, не сум сигурна дали многу ми се допадна или пак не. Сценариото е преоригинално, сосема различно од тоа што сум гледала до сега. Првата половина ми беше одлична, а втората и не баш. Беше доста предвидлив, посебно последните петнаесеттина минути - типичен хорор филм. Но, во секој случај вреди да се изгледа и сигурно е еден од подобрите филмови од 2017 па до сега.
     
    На boomsleng, flawless_, Regina.Phalange и 2 други им се допаѓа ова.
  5. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Chloe
    Сомневајќи се во својот сопруг, изнајмува ексорт девојка за да дознае дали нејзиниот сопруг ја изневерува.
    Девојката е млада, убава, привлечна, но кај нејзе предизвикува страст.
    Интересен и вреди да се погледа.
     
    На Izaabella, boomsleng, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    39.485
    Пол:
    Машки
    Ирански филмови (Asghar Farhadi) pt.1

    [​IMG]

    Решив периодов да се запознаам со иранската кинематографија и изгледам некој нивни филм. На крај, наместо еден, излегоа три. И тоа какви само три филма беа...

    Сите филмови што ги одбрав беа од режисерот Азгар Фархади, кој го знаев уште од шпанскиот трилер Everybody Knows. Солиден филм, но не ми остави некои преголеми импресии.
    За разлика од него, овие филмови на режисерот се прав скриен дијамант во филмската индустрија.
    Иако, секој индивидуално плени на различен начин, прикажувајќи тотално неспојливи приказни од иранското секојдневие, од нашето, вашето, моето, секое секојдневие, сепак сите носат иста морална дилема која се протнува низ филмовите.

    Баш, она посебното кое го имаат во себе е начинот на кој се прикажани овие приказни кои се толку, навидум сосема обични, реални, нешто што може да ви се случи во животот, а од друга страна толку тензични и маестрално изведени завиткани во неколку слојна мистерија која ќе ве остава со прашалници во глава гледајќи ги, а од друга страна и нестрпливо ќе очекувате да видите како ќе се разреши се на крај.
    Фархади, во сите филмови обработува морални социолошки дилеми кои ќе ве преиспитуваат вам, и вашите морални критериуми. Дали има ултимативно зло, ултимативно добро? Дали може истите да се разликуваат или животот не се движи на крајот на спектарот, туку некаде, таму, по средината? Баш таа средина, тие gray zones се оние во кои се наоѓаат ликовите во неговите филмови. Секоја постапка која ја превземаат, носи свои последици.
    Наративот е спор, бавен, секој детал има сопствена тежина, сопствена мистерија, секој нов кадар од филмот открива нешто ново и го придвижува дејството, слеано, завиткувајќи ни ја или одвиткувајќи ни ја мистеријата во него.

    Би ги предложил на сите кои сакаат да се нурнат подлабоко, кои обожаваат спори трилер-драми и секој филм го гледаат без предрасуди според местото на потеклото, јазикот, и ефектите.
    Филмови без superheroes, без villians. Филмови за обични луѓе, со необични случки.

    А, да. Заборавив да ги споменам и наградите кои ги имаат добиено за квалитетот кој го поседуваат, посебно добитници на Оскар за странски филм на годината.
    Еве ги рангирани според тоа како ми се допаднаа:

    1. A Separation (2011) (добитник на Оскар), Оцена: 10
    2. The Salesman (2016) (добитник на Оскар), Оцена: 9
    3. About Elly (2009) (сребрена мечка- Берлин), Оцена: 8

    Во план сум да изгледам уште некој негов филм. Веројатно ќе следи и втор дел. До тогаш, уживајте во овие препораки :)
     
    На orevokrsacka, boomsleng и Thallia им се допаѓа ова.
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    6.675
    Ајде да пишам што гледав периодов во карантин :)
    The call of the wild(2019)
    Филмов ми остави добар впечаток,, топла приказна за поврзаноста на човекот и кучето.Пожртвуваноста, издржливоста на големи минусни температури од кучето Бак само за да докаже дека е најверен пријател на човекот. Носи јасна порака, како се однесува некој со тебе така и ти со него. Според книгата повик на дивината една современа преобразба,супер. 10/10
    Willy Wonka & the Chocolate Factory
    Филмов е со Џони Деп во помлади години, има човеков своја чоколадна фабрика која е ненормално голема, и носи деца случајно избрани на прошетка во неа. Тој што ќе го гледа филмов да си набави благо до него пред да седне да гледа.:$ Јас едно чоколадо 200 грама изедов гледајќи. 8/10
    Dear John

    Филмов е од Николас Спаркс и му е еден од послабите. Има многу подобри филмови режирано, како легендарниот Notebook. Очекував повеќе.Овде пробувал нешто да прави, ставил познати актери ама не е тоа тоа. Некако немаше хемија меѓу актерите, како сосила комуникацијата. Приказната привлекува ама глумата не баш. Едвај ми задржа внимание. 6/10
    Cast away (2000)
    Постар филм ама вреди да се гледа. Човек кој работи во брза пошта заглавува на еден пуст остров. Паѓа на островот заедно со пакетите што ги требаше да бидат испратени.Интересно е како пробува да си ги пополни деновите да не му е досадно и да не го изгуби разумот. Самоконтрола си имаше човекот. Башка е со еден од моите омилени актери.-Том Хенкс. Нема промашај кога е тој во прашање. 10/10
     
    На Blue.Sky и boomsleng им се допаѓа ова.
  8. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Го препорачувам и јас! Интересен филм и убаво е смислено речиси сè.
     
    На burthdaykake му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    4.445
    9E579CE0-0808-4687-86D2-C922B936C8AD.jpeg
    Miracle in cell no.7
    Турски филм, приказна за татко кој е со психо-физички пречки во развој и неговата ќерка.
    Таткото ќе биде обвинет за убиство.

    10/10 од мене.
    Се убив од плачење...
    https://www.imdb.com/title/tt10431500/
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  10. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    365 Days.
    Мафијаш застанува на глава на мафијата откако неговиот татко ќе биде убиен.
    Опседнат е со една девојка и ја киднапира.
    И дава 365 дена можност за да се заљуби во него.
    Дали ќе се заљуби, што ќе се случува додека е киднапирана?
    изобилува со доста еротски сцени.
    Инаку девојката има дечко но се чувствува празно и неисполнето, па пробува да си ја спаси врската заминувајќи со партнерот и уште еден пар на летување во Италија.
    8/10 за мој вкус.
     
    На buba4e89, Anne94, Amelia и 3 други им се допаѓа ова.
  11. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Sex Doll
    Животот на една проститутка која го сретнува Руперт кој спасува проститутки и ги тргнува од патот на улицата.
    Глумицата не го доловува баш ликот на проститутка, затоа и 8/10.
    Но одлишна поука, одлична содржина и реалност што се може да му се случи на еден млад живот.
    Не секоја проститутка завршува окрај Рупер а реалноста е многу посурова.
    Вреди да се изгледа филмот, па ќе сподеилите мислење.
     
  12. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Последен мислам дека го гледав - Gone Girl со Бен Афлек и не ми текнува како се викаше актерката
    Филмот е малку долгичок, ама е страшно добра психолошка мистерија/драма.

    Други мистерии што ми се во топ изгледани филмови се:
    Inception со Леонардо Дикаприо - треба да се гледа внимателно целиот филм за да не се изгубите во кој сон сте, хаха, али ептен е добар

    Shutter Island - исто со Леонардо Дикаприо, искрено мене ми е малку преморничав, али почнав да го гледам и така не оставам филм до пола (пошто гледам филмови два пати во годината, хаха), Леонарод е пациент со некоја ментална болест и филмот е стварно прејак

    The Usual suspects со Кевин Спејси, The game - со Мајкал Даглас се исто така едни од подобрите филмови што сум ги гледала 8)

    Сите ми се 10/10
     
    На Ivanna23., flawless_, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  13. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    brad's status.jpg
    Brad's Status (2017)
    Прикажано е патувањето на таткото и синот до факултетот каде синот аплицира да се запише. Во меѓувреме таткото Бред се среќава со пријател кој е професор на факултетот и се навраќаат на спомените и пријателите од минатото.

    8/10
     
    На boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.
  14. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    gone.jpg
    Gone Girl (2014)
    Напната приказана за бракот помеѓу Ник и Ејми. На петтата годишница од нивниот брак Ејми ја снемува и никој не знае каде е. Приказаната се одмотува и открива изненадувачка вистина за Ејми.
    Книгата Ејми ја нема ми седи неколку месеци и мило ми е што ќе остане така, затоа што филмот воопшто не ми се допадна, особено крајот, а прочитав филмот е скоро ист како книгата затоа трае и долги два и пол часа. Промашен момент како таа кога го гледа што тој изјавува во телевизиското интервју колку ја сака па според тоа решава да му се врати. Друг промашен момент тој останува со неа поради бременоста на карајот иако не ја сака и се плаши да спие со неа во иста соба. Се на се џебе губено време на овој филм. Иако е напнат и има крвави сцени, од мене големо НЕ.
     
    На boomsleng, SINOLICKA_123, rokmibejbi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Мене баш ми се допадна, препорака :D
     
    На Juicy и tijanana им се допаѓа ова.
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    И јас го гледав синоќа на тв, по трет пат веќе и на секое гледање ме држи неизвесноста до крај.
    Прочитајте ја и книгата, предобра е, на македонски е преведена "Ејми ја нема" од Џилијан Флин. :)
     
    На simoncelicius, Billy Idol, SINOLICKA_123 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. vesna212

    vesna212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    Каде го гледаше филмов?
     
  18. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    На vesna212 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    20.838
    https://www.imdb.com/title/tt1032755/

    rockenrolla.jpg
    Не дека е баш последно изгледан филм, ама сметам дека поради различноста треба да го ставам ваму.

    Филм на Гај Ричи, ако сте гледале нешто од него, веднаш ќе го распознаете стилот.
    Жерард Батлер ја носи улогата на One Two.
    Интересен и многу динамичен филм кој говори за високите и ниските слоеви или прворазредни и другоразредни претставници на мафијата. За сјајот и гламурот но и бедата на познатите и славните, за корупцијата, за дрогата, за криминалот, уметноста...
    Интересни интерперсонални односи во бандата, во мафијата, во семејството, во личните и интимните врски, лаги, манипулации, заговори...
    Добра динамика, добра продукција, и иако има така не баш нежни сцени, филмот го доживеав како забавен.

    Оценка 7/10 од мене.
     
    На Veta, boomsleng и Billy Idol им се допаѓа ова.
  20. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    220px-The_Grey_Poster.jpg
    Се случува авионска несреќа, каде група работници, ќе бидат оставени сами на себе да се изборат со високите температури на Аласка, смртоносните повреди, како и група волци - кои прават се за да ја заштитат својата територија.

    Жанр: акција/авантура/трилер

    8/10, затоа што е предвидлив. Сепак е супер филм и вреди да се изгледа. Како и секој друг филм со Liam Neeson.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.