365 DNI Дечкото, опасен генгстер (самиот така се нарекува), решава да киднапира девојка која му се појавува пред 7 години кога го убиваат неговиот татко. Ја затвора во неговиот замок и и' дава 365 дена да се заљуби во него. Жанр: еротска драма Оцена: 2/10 Коментар: Тешко лош филм, лоша приказна и wannabe fifty shades of gray. Ја следи приказната од истоимената новела на Бланка Липинска. Доколку ви се губи време на еротска романтика, го имате филмот на нетфликс
Escape form Pretoria (2020) филм базиран на вистински настан за обидот да избегаат двајца политички активисти кои се уапсени затоа што се борат за правата на црнците во Јужна Африка. Напната и интересна екранизација. 10/10
Cinema Paradiso (198 Ако некогаш ме праша некој да му препорачам фим за дејт, несомнено еден од препорачаните ќе биде и Cinema Paradiso. Го гледав во друштво и иако го гледав на три дела, во три дена, секоја минута потрошена на него, вредеше. Cinema Paradiso е филм кој навидум го претставува животот на обични луѓе, во обично градче во Италија, со обична приказна, ништо посебна, ништо нова и необична, а кажува толку многу, толку длабоко навлегува во еден човечки живот, во неговите стремежи, сонови, мечти... Филм, кој на најпрост начин успева да ја долови љубовта. Љубовта спрема родителот, потребата од татко, од заштитник, од син. Љубов кон пасијата за филмовите. Љубов, на романтичен начин, кон единка, за која си спремен дури и да го трошиш залудно своето време, правејќи навидум глупави работи за истата да очекуваш да ти е возвратена и да уживаш во плодовите кои доаѓаат подоцна. Љубов кон родниот крај, кон родното место, кон сето она што те сочинува тебе, мене, сите нас како единки. Баш, сето ова успеал италијанскиот маестро Џузепе Торнаторе да го спои во едно прекрасно филмско парче кое вечно ќе остане вмрежано во аналите на филмската историја. Дејствието се одвива во едно мало италијанско градче, онакво какво што сите ние некогаш сме замислиле да живееме, или бар да го посетиме. Во тоа мало градче каде секој со секого се знае, каде животот е монотон, еднолик, живее и малиот Тото кој ќе ја открие пасијата кон филмовите кога стариот прожекторист Алфредо во кино Парадисо ќе го земе за свој "помошник" во малото темно собиче, таму горе од каде се емитува таа магија на платното. Деновите минуваат, а малиот Тото се повеќе ќе бенифитира од татко-син врската со Алфредо и неговата пасија по неколку немили настани еден ден ќе премине и во работа. Како времињата се менуваат, така еволуираат и филмовите, заедно со групата на граѓани кои нестрпливо го очекуваат денот кога за прв пат ќе им биде дозволено прикажување на бакнеж на филмското платно, нешто, што до тогаш се сметало за еретизам. Киното ги крие сите приказни, тажни, среќни, па и оние романтичните, љубовните... Нашиот мал Тото, растејќи ќе ги искусува една по друга, се до моментот кога ќе го прерасне градчето, кога веќе ќе биде премал за него и својата амбиција ќе мора да ја оствари на друго место. Но, дали истата ќе му донесе среќа? Дали ќе биде исполнет или сепак ќе му недостига старото место, со старите луѓе и љубовта, која не може никој да ја замени? По гледањето на филмот ќе бидете исполнети со цел микс од емоции, движејќи се од крајност на едниот дел од спектарот, до сосема другиот. А баш и тоа го прави овој филм посебен, што може да допре до нас, обичните луѓе, со навидум обични приказни. 10/10
Harpoon (2019) двајца пријатели и девојката на едниот од нив одат на еднодневно пловење со јахта, ама се случува нешто непланирано и непредвидливо и им се расипува јахтата и остануваат заробени и отсечени од се. Како ќе се спасат и дали и што ќе откријат еден за друг додека чекаат спас. Интригантен филм, на моменти е бавно дејството но вреди за крајот. 9/10
Масимо е италијански мафијаш се заљубува во Лаура и ја киднапира и и вели дека има 365 дена да се заљуби во него. Сличен е на 50 шејдс оф греј ама дефинивно беше подобар само крајот малку го зезнаа.Најмногу ми се допадна што е сниман во Сицилија.
The Vast Of Night Филм кој благо флертува со фановите на Stranger Things и сите вљубеници во мистериите, вонземјаните и хајпот околу нив кој расте во последно време. Сместен во 50те, во мало досадно градче in the middle of nowhere... Со одличен ретро сет-ап и привлечни кадри кои го отсликуваат животот тогаш, испреплетени со аналогна технологија, мистични бои и двајца тинејџери кои сведочат чудна фрекфенција која ја "фаќаат" на своето радио додека емитуваат емисија во живо. Мистеријата почнува да се преплетува кога повеќе луѓе решаваат да се јават во емисијата споделувајќи детали за нивен контакт со вонземски живот. Колку и да звучат налудничави, на сите им даваат шанса да се вклучат во емисијата и се одлучуваат ноќта да "тргнат" на патување кон разрешување на мистеријата: "Дали стварно се посетени од НЛО?" Не ми се допадна пејсингот. Или беше премногу спор, или премногу брз со хаотични дијалози и нелогични постапки. Првиот дел од филмот не се случува скоро па ништо, за во вториот се набрзина да се издешава. Се чувствува неискуството кај режисерот. Идејата е добра, но реализацијата е малку претенциозна. Би го препорачал само на љубители на мистерии и НЛО. 6/10
Гледам дека 365 има многу голем hype низ светот па и тука. Мене воопшто не ми беше лош филмот аи глумецот е топ
365 dni го гледав прееска. Според мене е веќе видено,ништо специјално. Крајот ич не ми се свиѓаше. 7/10
Па фазон 50 нијанси сиво. Само што глумецот е презгоден, па веројатно затоа е и целата фама. Преубав, згоден, богат, баш баш фаца, и сите се попалија по него а не по филмот
Две сестри се заробени во базен, поради невнимателноста од страна на менаџерот, кој го затвора базенот мислејќи дека сите се отидени. Нивните напори да го скршат оклопот од базенот се безуспешни. Се појавува надеж за спас кога доаѓа чистачката, но набргу сфаќаат дека не само што нема да им помогне, туку се обидува и да им го направи престојот во базенот уште полош. Интересен и драматичен филм. Жанр: хорор/трилер. Оценка: 8/10.