1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Gone girl. Ја имам читано книгата Ејми ја нема. Книгата ме воодушеви а исто така и филмот. Ејми дознава дека маж и ја изневерува и лажира свое сопствено исчезнување. Остава траги за да може полицијата да го оптужи нејзиниот маж за нејзиното исчезнување. Интересен филм ее, го препорачувам8)
     
    На elimkd, burthdaykake, simoncelicius и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    2BC51AB3-32F3-4A06-91F4-018982EA2D41.jpeg Дик работи во голема фирма каде добива унапредување и очекува голема заработка поради новата позиција, па затоа Џејн дава отказ од нејзината работа. Фирмата набргу пропаѓа, вработените се отпуштени, а директорот се обезбедува знаејќи го исходот. Поради низа неуспешни потраги по работа Дик се решава со кражби да го прехранува семејството, а исто така и да се луксузира и врати стариот живот. Гневни кон поранешниот директор тој, Џејн и негов поранешен колега се решаваат на голема интрига со која ќе го измамат директорот и повратат тоа што им следува.
    Жанр: Комедија.
    Оценка: 8/10.
     
    На bicycle, elimkd, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Моментот кога крадеше трева...Незаборавен (facepalm)
     
    На elimkd, Oneo, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Да хахах, неколку пати го имам гледано ама сепак ми е интересен. Џим Кери ми е врв кога се работи за комедија. :clap:
     
    На elimkd и cornflakes6556 им се допаѓа ова.
  5. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Секој филм му е закон, феноменален ее
     
    На elimkd и Fantasy33 им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.564
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    Eyes_Wide_Shut_(1999).png
    Филмов одамна ми стоеше на листа за гледање и сега конечно му дојде редот.
    Драма е, еротска и со малку мистериозни елементи.Најмногу е сконцентрирана на психологијата на ликовите и ги следи нивните внатрешни конфликти, поточно на главниот лик Бил, кој се шокира откако сопругата ќе му се исповеда за сопствена тајна и почнува едно "патешествие".Цела атмосфера на филмот е некако тензична и ме потсетуваше на сон.
    Иако обично преферирам филмови кои се динамични и имаат невообичаени заплети, што не е случајот тука, сепак ми се допадна од многу аспекти.
    8/10
     
    На Роберт 7, warrior, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  7. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    P. S i still love you. Интересен љубовен филм. Убави спомени ќе ми останат од негоо. Мислев фека ќе заврши поинаку. Се работи за женска која има дечко и во нејзиниот живот се појавува нејзината детскаа поранешна љубов. 8/10
     
  8. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    365 dаys
    Прво тука го приметив и ми фати интерес. На пола го гледав во два дена. Искрено, воопшто не ми се допадна, многу предвидлив, малку досаден. Да беше нешто трилер, ќе беше многу подобар. Таа фразата, "are you lost baby girl?":puke:
    Ме потсети на старите книги на ватпад, како фанфикција изгледа. Во група со 50 нијанси сиво и After, па и полош за нијанса.
    3/10 али па музиката ми се допаѓаше, и актерката.
     
    На Cutiepie1 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  9. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Вчера го гледав Тhe Old Guard нов е 2020
    Интересен е,акција со група врвни војници меѓу нив и две девојки и сите се поврзани имаат моќи.
     
  10. Superlejdi27

    Superlejdi27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    1.378
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    Американските дизајнери на софтвер Шон и Бен патуваат во Москва за да го продадат својот софтвер на инвеститорите. Сепак, нивниот шведски партнер Скајлер ги изневерил и склучил договор со Русите.Тие одат во ноќен клуб, каде се среќаваат со Американката Натали и Австралијката Ана и флертуваат во клубот,наеднаш снемува струја и сите излегуваат. Надвор, топки со светлина паѓаат од небото, а потоа избледуваат. Но, наскоро тие дознаваат дека светлата се вонземјани кои ја напаѓаат Земјата и користат напојување за да го уништат човештвото. Шон, Бен, Натали, Ен и Скајлер се кријат во кујната и кога ќе го напуштат местото, тие бараат преживеани на улица.

    Оценка: 10/10.
     
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    Прејак е филмов, ме потсети колку многу се смеевме со брат ми, незаборавен момент кога ќе му зборува како робот на тој крупниот и ќе го допира со прстите, ако добро забележиш и Џејн на таа сцена едвај издржува а да не се насмее
     
    На Fantasy33 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Superlejdi27

    Superlejdi27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    1.378
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Во 1984 година во Лос Анџелес,Терминатор започнува да убива жени по име Сара Конор, чии адреси ги наоѓа во телефонскиот именик. Тој ја следи последната Сара Конор во ноќен клуб, но Кајл ја спасува. На крајот Кајл ја заглавил својата последна бомба во абдоменот на Терминаторот, ја повредил Сара и се самоубил. Телото на Терминаторот се реактивира.Сепак Сара успева,го примамува да се заглави во хидрауличен печат,каде и умира.

    Оценка:8/10
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Frosi333

    Frosi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Nekoja dobra misterija?
     
  14. Рапунзел.*

    Рапунзел.* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    859
    Basic Instinct;
    Gone Girl;
    Eyes Wide Shut;
    Murder on the Orient Express;
    The Guest;
    The Good Liar;
    The Invisible Guest;
    Wind River;
    Ma-2019
    The Ninth Gate;
    The Game -1997;
    The Postcard Killings;
    Mystic River ;
    The Bone Collector;

    Ако имаш време сите изгледај ги,сите се добри особено последниве
    Mystic River со Sean Penn и

    The Bone Collector сo Denzel Washington и Angelina Jolie,секако ако ги немаш гледано. И првиот исто така постар мноогу добар-мојот омилен!!!
     
    На Ste Fani Ja, elimkd, LadyTwin и 3 други им се допаѓа ова.
  15. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.500
    Пол:
    Женски
    Extraction
    Screenshot_20200727-005904_Google.jpg

    Иако не сум фан на акциони филмови, овој сепак ми остави впечаток. Како што гласи и насловот, целта е да се спаси детето на drug lord од Индија, кое беше киднапирано од страна на drug lord од Бангладеш.

    Ќе започнам со некои недостатоци кои ми паднаа во очи. Не ми е јасно како еден "господар" од Индија не може да плати откуп за детето поради замрзнати сметки, после тоа и Saju не ми е јасно како премина во еден од поважните ликови во филмов, од обезбедување или што и да беше стигна до рамниште на Chris односно Tyler. Но, нема врска и со овие маани филмот е предобар.

    Ја опишува суровата реалност на децата кои се приморани од мали да носат оружје и да убиваат. Посебно ми се допадна тоа што Tyler не уби ниедно дете, иако самиот беше убиен од страна на дете ;( Дијалозите беа на три јазици, исто и актерите беа од различно потекло што дава некоја карактеристика на филмов. Друго, ми се допаднаа и сцените со борби, и оние со убивање. Иако беа премногу насилни, сепак филмот е акционен трилер и мора да има и такви сцени. Не ми се допадна убиството на децата, но за жал и тоа е секојдневие во некои земји. Има одлични аудио ефекти, музиката е исто така добра. Едноставно филмов е уживање за сите сетила. Е сега, колку и да ми е мака што го убија Tyler, сепак мило ми е што не се држат до непишаното правило - да не умре главниот лик. Дефинитивно вреди да се изгледа филмов.

    Дали ќе има продолжение? Ако знае некој нека каже :D Не ми заврши како што треба, не знам чија беше силуетата на крајот. И да, најмногу се израдував кога Golshifteh односно Nik го уби Amir, ми беше одвратен неговиот лик :|
     
    На Beemo, Callie и Billy Idol им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    39.484
    Пол:
    Машки
    Ice 2/ Лед 2

    [​IMG]

    Ви текнува на рускиот филм од пред некоја година со Милош Биковиќ и танчерката на мраз? Па по снимањето на филмот, официјално и беа во врска актерите, а Лед 1 доби интернационална слава и иако беше малку cheesy, беше солиден филм со одлична музика и нешто ново, свежо, занимливо. Ама од кога раскинаа, филмот како и нивната врска отиде во заборав.
    Е сега снимиле и втор дел годинава... Без Биковиќ.

    Го гледав само поради тоа што првиот ми остави солиден впечаток. Знаев дека нема да е добар, ама си викам кога можам да потрошам време за филмови како Eurovision и 365 days, можам и за овој. Белким нема да е до толку лош...

    Епа не беше до толку сега иако беше... едноставно мех.
    Се обиделе да го направат сериозна драма, емоции на сите страни, а после некои комични моменти, демек гледаш некоја cheesy комедија. Ни таму, ни ваму.
    Самата приказна што ја нуди, веќе одамна видена, развлечена до бескрај со многу клише моменти.
    Да го направеле 1:30 минути, барем поинтересен ќе беше.
    Музичките делови, за чудо, ми се допаднаа. Најубавиот дел од филмот ми беше песната од Т.А.Т.У. Одлична беше тогаш кинематографијата и ме врати назад низ времето.

    Ако сте го гледале првиот дел, ви се допаднал и сакате да потрошите 2 саати, гледајте го. Ако не сте го гледале првиот, не ги трошете.

    4/10
     
    Последна измена: 27 јули 2020
    На eliesaab и f.girl им се допаѓа ова.
  17. LadyTwin

    LadyTwin Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    The Body (2012) -odlicna misterija 10/10
     
    На Shalitra, P.S.love и Aneta92 им се допаѓа ова.
  18. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    20200729_033811.jpg
    Преубава романса :inlove::inlove:
     
    На P.S.love, simoncelicius, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.001
    Допаѓања:
    35.965
    Пол:
    Женски
    The Nightmare Nanny
    The_Nightmare_Nanny_TV-134399512-large.jpg

    Ени и Бен ја имаат тригодишната ќерка Џени. Заради финансиските проблеми Ени е принудена да бара работа. Решаваат да ангажираат дадилка. Кога во нивниот живот ќе се појави Џули (дадилката), започнуваат нивните проблеми. Таа има задни намери.

    Одличен филм драма/мистерија. На почетокот мислев дека сака само да го заведе Бен. Ама излезе дека има други намери. Девојката е со психички пореметувања.

    Оценка 10/10
     
    На Ste Fani Ja и Acka22 им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Black Is King
    [​IMG]
    Кога видов дека Бијонсе ќе има нов филм, ептен се израдував, со оглед на тоа што Lemonade ептен ми се допадна и верував дека ова ќе биде налик нешто на него.

    Black Is King е повеќе ко мјузикл во кој е прикажана на највисокобуџетен начин културата и историјата на црните луѓе. Има и некоја содржина која искрено јас не ја разбрав, можеби бидејќи филмов е поврзан на некој начин сo The Lion King, кој јас го немам гледано. Сѐ на сѐ, ми се допадна. Само што мислам дека поентата е малку утната. Повеќе ми делува ко едиторијал базиран на black culture. Во една сцена Фарел Вилијамс пее врз пластични шишиња на некоја пустина, на следната Бијонсе игра на сет поскап од цела Африка. Историја искрено и не се прикажува до толку, колку што се збори во монологот. Меѓутоа, како е склопен филмот со музика и сцена, перфектно и планирам повторно да го гледам само поради тоа скапо совршенство. :lol:
     
    На Ste Fani Ja му/ѝ се допаѓа ова.