1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    5.891
    upload_2020-8-4_21-37-18.png upload_2020-8-4_21-37-18.png
    After 10/10
    Прекрасна романса, глумците топ. Препорачувам на сите лабаво филмче.
     
    На Veta, Thallia, Ste Fani Ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.467
    Пол:
    Женски
    Perfume: The story of a murderer
    p159683_v_v8_an.jpg

    Филмов е сниман според истоимената книга. Прво ја прочитав книгата, па го изгледав филмот. Искрено имав големи очекувања, но ете некако се разочарав на крајот.

    Прво филмов е преееедолг, и покрај тоа фалеа некои важни сегменти од приказната за да се добие целосна слика. Исто не го следеа баш дејството според книгата и тоа ми пречеше. Ако веќе се снима филм според некоја книга не треба да се додаваат сцени кои се непостоечки. Исто и бројката на девојките кои беа убиени е тотално различна. Главниот лик не ми беше негативец и некој од кој би те полазиле морници, туку ми беше убав и невин. За глумата негова немам замерка.

    Го гледав со сестра ми која ја нема читано книгата и неа и беше досаден и нелогичен, што е оправдано. Со самото изменување и додавање на нови случки се губи замислата на авторот, приказната е нелогична и има дупки. Дури и се направени глупави грешки како таа кога кучето ја најде косата баш кога го фатија Grenouille, а како да не можеше порано да ја најде. Ова не ни постои во книгата и затоа нормално е што филмов за некои е нелогичен.

    Мене ми беше интересен бидејќи постојано правев споредби со книгата (читај: се нервирав) :D Филмов е уште еден доказ дека книгите се подобри од филмовите.

    Го препорачувам на оние што сакаат да анализираат и да прават споредби со книгата. Во спротивно голема е веројатноста да ви е досаден.

    6/10
     
    На elimkd, Thallia и Billy Idol им се допаѓа ова.
  3. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Само што завршив со филмската вечер :)
    9e59770e-ab9e-4902-875e-b406cbfac8d2_1.71e0eeea77c1ec961b371ff8175a9374.jpeg
    Предобар филм, а кога го пуштив си помислив ептен стар е, не е мој стил ама ептен ми се допадна. Ви препорачувам да го погледнете. 10/10
    VeronikaDecidesToDie_USPoster.jpg
    Книгата ја немам читано :tmi: претпоставувам дека е многу подобра од филмот. Ни праќа ептен добра порака, ама ретко кој би издржал до крај да го изгледа оти еден период станува многу досаден. Почетокот и крајот му се интересни само, едно време се мислев да го исклучам ама викам ај при крај сум ќе го догледам и не погрешив :)
    Би му дала 6/10, само заради тоа.
     
    На elimkd, joy1 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Donnie Darko 2001
    [​IMG]
    Го гледав The Director's Cut, кој е продолжена верзија од оригиналната објавена во 2001. Оригиналната верзија е 1h 48m, оваа верзија ги има некои избришани сцени и е подолга за 20 минути. Првичната замисла ми беше да ја гледам верзијата од 2001, но ненамерно сум ја спуштила втората верзија, па да не биде залудно решив таа да ја изгледам.

    ,,Kelly (the director) also superimposed text from the in-universe book The Philosophy of Time Travel, providing an explanation for some of the more ambiguous elements of the film's plot. Additionally, the sound quality was improved, digital effects were added, and a new soundtrack was created using songs for which Kelly had previously been unable to obtain the rights."

    Не сум сигурна дали има голема разлика помеѓу двата дела, но според тоа што го прочитав има некоја минимална разлика во тоа како се доловени настаните.
    За овој дел, можам да кажам дека пријатно ме изненади. Филмот првично ме привлече поради добриот рејтингот од 8/10 на IMDb, добрите критики и фактот дека е психолошки трилер. Фантастичните елементи (при крај на филмот) не ми беа целосно претставени на најдобар можен начин но сепак станува збор за филм од 2001 година. Исто, покрај тоа што спаѓа и во sci-fi, според мене акцентот не беше ставен најмногу на тој дел, можеби затоа фалеше нешто во однос на sci-fi аспектите. Од друга страна, самата приказна, поента и порака беа одлични.
    Начинот и аспектот на опишување на психичката состојба на главниот лик Donnie во борбата со шизофренија, беа одлично доловени од емотивен аспект.
    Уште една прекрасна и тажна приказна со емотивни елементи, психолошки борби, пожртвуваност.

    Вреди да се изгледа.
    Од мене 4/5
     
    На warrior, f.girl, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    10.469
    Пол:
    Женски
    1_-liR3H_fmJemOp4qOUfpyA.jpeg
    Млад пар кој после тешки караници во врската одлучуваат да си се избришат од меморијата. Не би сакала повеќе да откривам бидејќи и јас не знаев ништо повеќе од ова кога го пуштив филмот, и многу ми се допаѓаше текот на приказната.

    Глумата е одлична, приказната исто. Дури и се прашував како можеле толку добро да ги доловат ситуациите кога сцените се многу измешани.

    Mногу се наежив на овој дел пред крајот:

    Clementine Kruczynski: This is it, Joel. It's gonna be gone soon.
    Joel Barish: I know.
    Clementine Kruczynski: What do we do?
    Joel Barish: Enjoy it.

    Би ви го препорачала да го изгледате.

    IMDb 8.3/10, јас му давам 8/10.
     
    На elimkd, warrior, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Препорака за добра мистерија. Онака љубов, секс, интриги...
     
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    39.458
    Пол:
    Машки
    Bitter Moon (1992)

    Брачен пар решава својата криза во бракот да ја спаси со одење на Honeymoon после 15 години. Но, додека се на крстарење, запознаваат друг брачен пар со уште поголеми брачни проблеми. Искушението кон посегнување кон туѓото е големо. Изобилува филмот со неколку twist and turns, има добра вожња и сите 3 полиња што си ги набројала ти ги чекира како еротски трилер.

    Gone Girl (2014)

    Кога жена му мистериозно ќе исчезне, цело внимание паѓа на него, и се товари како главен осомничен. За да ја докаже неговата невиност, а и го потврди својот сомнеж, решава да оди во потрага по својата сопруга и да ја разреши мистеријата. Исто ти ги чекира сите 3 полиња.

    A Perfect Murder (1998 )
    Жена му го вара со еден уметник и кога ќе го дознае тоа, решава да му понуди пари на љубовникот за да ја убие жена му. Дали ќе го прифати уметникот предлогот и ќе изврши убиство или сепак крои некои други планови, може да видиш во филмот. :D Малку послаб е од останатите два, но сепак солиден филм исполнет со еротски и секс сцени, а и интригите не се изоставени.
     
    На babaDara, christinnn, Роберт 7 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски

    Bitter Moon е нешто што еднаш го гледаш и го памтиш цел живот после. Предобар во секоја смисла.
     
    На simoncelicius, christinnn, ancebanance и 3 други им се допаѓа ова.
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Saving Private Ryan-1998
    [​IMG]
    Дејството се случува за време на инвазијата на Нормандија во јуни 1944 година за време на Втората светска војна, кога тројца браќа, американски војници, загинуваат во ист ден, па генералот одлучува четвртиот најмлад брат, војникот Рајан, да биде спасен и вратен дома.

    Ретко гледам воени трилери но обожавам историски филмови па така овој веднаш ми привлече внимание и не зажалив што го изгледав. Навидум воена акција, но во исто време филм полн со емоции. Фактот дека дејствијата во филмот се толку блиски до вистинските историски настани уште повеќе предизвика интерес за да го изгледам. Дури, прочитав дека делумно е заснован врз вистинска приказна за браќата Ниланд. Толку реално и емотивно се претставени страдањата и емоциите кај војниците, давајќи слики за тоа низ што сѐ физички и психички поминувале луѓето кои учествувале во војните низ историјата.

    Филмот освоил 5 Оскари и Златен глобус за најдобар филм. За љубителите на воени акции и за сите кои уживаат во квалитетен филм, препорачувам да го изгледате.

    Обично не гледам долги филмови, но филмов целосно ми држеше внимание скоро 3 часа.

    IMDb оцена: 8.6
    Од мене: 5/5
     
    Последна измена: 5 септември 2020
    На turist, Роберт 7, f.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.467
    Пол:
    Женски
    The man who knew infinity

    A1X+u9vdXtL._SY550_.jpg

    Биографски филм за еден од најбрилијантните математичари-Srinivasa Ramanujan. По потекло бил од Индија и иако немал никакво формално образование, ниту диплома, тој оставил голем придонес за математиката.

    Во филмов е прикажана "жртвата" која ја направи за да ја постигне својата цел. Мораше да ја напушти својата жена и да замине во Англија. Ми се допадна поддршката која што ја доби од жена му, не му се спротивстави и веруваше во него и неговата љубов. Одлично беа доловени предрасудите, потценувањата, љубомората и расизмот од страна на останатите професори. Постојано беше одбиван од нивна страна и не беше посакуван во нивното друштво. Освен од страна на проф. Харди, кој го прими како свој соработник.

    Посебно интересна ми беше нивната врска. Иако Харди беше премногу строг со него на почетокот, сепак само тој беше заслужен за успехот кој го постигна Рамануџан. Го насочи на правиот пат и веруваше во него. Станаа соработници, но и пријатели. Иако беа сосема различни во духовен поглед (Рамануџан тврдеше дека формулите му ги кажува неговиот Бог, а Харди беше атеист), љубовта кон математиката им беше заедничка. Харди несебично се радуваше за неговиот успех и овозможи Рамануџан да биде дел од Royal Society. Посебно ми се допадна неговиот говор.
    Well, despite everything in my being set to the contrary, perhaps he is right. For is this not exactly our justification for pure mathematics? We are merely explorers of infinity in the pursuit of absolute perfection. We do not invent these formulae, they already exist and lie in wait for only the very brightest of minds, like Ramanujan, ever to divine and prove. So, in the end, I have been forced to consider, who are we to question Ramanujan, let alone God? Thank You.

    Филмов успеа да ми го задржи вниманието до крај и направи да се сочувствувам со главниот лик. Ми фалеа само повеќе математички елементи и изведувања, но сепак филмов ја исполни својата цел - ја раскажа приказната за врвен математичар кој е на исто ниво со Ојлер и Јакоби. Дел од неговите теории и формули биле користени за опишување на Црните Дупки. Останува само да се прашуваме што уште ќе откриеше доколку не починеше толку млад.

    Сè на сè, впечатоците ми се исти како и после гледањето на "A beautiful mind" и " The theory of everything". Затоа дефинитивно го препорачувам доколку сакате вакви филмови.
     
    На Pretty Woman, Роберт 7, IM.TMKQ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    39.458
    Пол:
    Машки
    I'm Thinking of Ending Things

    [​IMG]

    Се што треба да знаете за филмов е дека пар, кои се кратко заедно решаваат да одат на далечно патување, во селото на неговите родители за да ги запознаат. Девојката, иако не планира долга иднина со дечкото, сепак прифаќа да замине со него и да ги запознае. Цело време има некоја мрачна, мистична атмосфера...
    Но, едно големо НО, филмот е многу, многу по длабок од ова.
    Се останато што ќе кажам, ќе биде огромен спојлер кој ќе ви го уништи гледањето.

    Ако сте љубители на филмови како Eternal Sunshine of the Spotless Mind, и останати мистични психолошки филмови, не го пропуштајте.

    Мене ми беше едно од најдобрите парчиња филм што сум ги гледал во последните години, и сигурно најдоброто од годинава.
    Еве и после неколку часовно гледање, сеуште не можам да си ги приберам мислите.
    Ова е филм кој се гледа повеќе од еднаш.
    Следно што сакам, е да ја почнам истоимената книга по која е направен.

    9.5/10 само и само затоа што имаше некои непотребни развлечени сцени.
     
    На fanfalla24, warrior, Angy.S и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Mulan
    [​IMG]

    Приказната за Мулан ми е омилена од Дизни. Но, во споредба со другите филмови што ги направија изминативе години по цртаните, Мулан можеби и ми е најголемо разочарување.

    Посовршена приказна од цртаните на Дизни, мислам и дека нема за да направиш екстра филм во 2020. И да било скроз истото сценарио, немало ништо да му фали на филмот, иако и тоа што додале екстра содржина, не ми сметаше.

    Не знам кој да критикувам за тоа што не ми се допадна, дали режисерот, дали едиторот, кој и да стои зад тоа, сцените некако не се слеваа една во друга. Едноставно немаше простор да се внесеш во филмот. Исто така многу малку карактер од глумците. Мулан во цртанот буквално е all over the place, во филмов е скроз спротивно. Нема ни некоја посебна емцоија низ филмот.

    Се надевав на многу повеќе.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Her (2013)
    Во Лос Анџелес сместен во блиска иднина со технологија развиена на наредно ниво, Теодор е интровертен и осамен писател на приватни писма по нарачка за луѓе кои не умеат сами да ги изразат своите емоции, кој самиот поминувајќи низ развод со својата љубов од детството, навлегува во необична врска со својот помошник-оперативен систем по име Саманта.

    Филмов си го пуштив по вторпат по неколку години како еден од најомилените романси ever, а мислам дека немам никаде пишано рецензија. Повторно многу ме погоди приказната и онака низ цел филм посакував пријателски да го гушнам главниов лик. Заедно со The Shape of Water можам да кажам дека ми се топ вакви необични, на моменти со одредени сцени можда за некои и awkward/weird љубовни приказни, кои всушност на креативен и емотивен начин генијално ја доловуваат осаменоста, отуѓеноста. Хоакин е неверојатен во улогава, а и Скарлет Јохансон само со гласот што овде ѝ доаѓа до израз. Кинематографијата и естетиката на сцените е прекрасна, изобилуваат со интелигентни и heartwarming дијалози.
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    "It's like I'm reading a book... and it's a book I deeply love. But I'm reading it slowly now. So the words are really far apart and the spaces between the words are almost infinite. I can still feel you... and the words of our story... but it's in this endless space between the words that I'm finding myself now. It's a place that's not of the physical world. It's where everything else is that I didn't even know existed. I love you so much. But this is where I am now. And this is who I am now. And I need you to let me go. As much as I want to, I can't live in your book any more."

    Дефинитивно филм-лектира од изминатава декада на која вреди човек да се наврати :l:
     
    На plava.90, P.S.love, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Life Is Beautiful/ La vita è bella (1997)
    [​IMG]
    Филм за еврејски татко кој успева на интересен начин да ја искористи својата имагинација за да го заштити својот син од бруталната реалност за измачувањето на Евреите во нацистичките логори. Масовните убиства, прислина работа, гладување, геноцидот, успева да ги сокрие и прикаже на еден поинаков начин, преку детска игра.

    Филм кој покажува дека љубовта не познава граници, кој ја прикажува родителската пожртвуваност и смиреноста во цел тој хаос.

    Тажна приказна како и повеќето кои го опишуваат овој период.
    На почетокот акцентот повеќе беше ставен на романтичната страна, но втората половина е предобра.

    IMDb оцена: 8.6
    Од мене: 4/5
     
    На Veta, P.S.love, simoncelicius и 10 други им се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    I'm Thinking of Ending Things (2020)

    [​IMG]

    Пар одлучува да одат во посета на родителите на момчето кои живеат на фарма. Навидум романтичен филм, но суштината е сосем поинаква.

    По предлог на @Billy Idol го гледав ова ново филмско остварување. Били фала за предлогот но јас морам да кажам дека не знам каков став да заземам за овој филм. :whew: Ми се допадна, но сепак за мој вкус како да не беше целата поента доловена на најдобар можен начин. Држи во неизвсност до крај, можеби затоа и очекував уште подобро прикажан расплет. Поентата е добра но начинот на пренесување мислам дека можеше подобро да биде осмислен, особено при крајот. Можам да кажам дека првата половина ми беше подобра од втората. Филмот остава прашалници, некои работи за мене немаа логика после разрешување на заплетот, па гуглав за да си разјаснам некои работи. Сепак, фактот дека е нов филм а се повеќе лоши филмови се снимаат, overall, не е воопшто лоша замисла.

    IMDb оцена: 6.9
    Јас не знам што оцена би му дала, горе-долу сметам дека рејтингот е оправдан.
     
    На simoncelicius, SummerGirl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.996
    Допаѓања:
    35.944
    Пол:
    Женски
    Stepmom
    [​IMG]

    По разводот, Џеки и Лук се обидуваат да им го олеснат животот на нивните деца Ана и Бен. Лук живее со девојка му Изабел, која е професионален фотограф и е многу помлада од него. Таа на секој начин се обидува да се зближи со децата. Ана има одбивност спрема неа, додека тоа не е случај со Бен. Кога Лук ќе ја побара Изабел за жена, наоѓа на осуда од Џеки.

    Филмов е одличен. Тоа што се случува, за жал, го има и кај нас. Џулија Робертс е одлична во улогата. Интересни ми беа моментите кога Џеки (Сузан Сарандон) се обидуваше на секој можен начин да им ја саботира врската.

    Оценката на IMDb е 6.8/10.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    MV5BNDJiZDliZDAtMjc5Yy00MzVhLThkY2MtNDYwNTQ2ZTM5MDcxXkEyXkFqcGdeQXVyMDA4NzMyOA@@._V1_.jpg
    The Old Guard
    Последното од Шарлиз Терон. Филмот има одлична приказна, голем дел е слична и со Хајлендер од 90тите. Приказна за бесмртноста или како на бесмртноста и доаѓа крајот.
    Личности низ историјата кои се екипирале со цел да се помогне на човештвото. Многу акција, за љубителите на акциони филмови посебно.
    Сепак многу прашања поставени во филмот ми останаа неодговорени. Крајот најави и второ продолжение, веројатно.
    Моја оцена, 7/10
     
    На НаталиЛили и joy1 им се допаѓа ова.
  18. #Dizi

    #Dizi Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    upload_2020-9-14_11-32-54.png

    Postar ama odlicen politicki triler, The hunting party go gledav vikendov na Filmbox. Richard Gere dobar a prikaznata za site sranja vo postvoena Bosna, dal se novinari dal se CIA agenti. Koj ne go gledal go preporacuvam.
    8/10
     
    На simoncelicius и Аргентина * им се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.926
    Допаѓања:
    12.020
    Пол:
    Женски
    movieposter.jpg

    Содржината не ја замислував баш како во филмот. Единствено ми се допадна крајот и повеќе тоа ме подзамисли (како и некои реплики). Не знам како да го оценам.
     
    На simoncelicius и sikica7 им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    This Is Paris
    [​IMG]

    Да. Парис Хилтон има документарец. :D

    Искрено, ми се допадна идејата на филмот. Накратко, се зборува за оние средни училишта каде што родителите ги праќаат своите "непослушни" деца, да ги изведат на прав пат. Мило ми е што Парис ја користи својата платформа за проблем за кој не се зборува до толку во Америка.