The Boy in the Striped Pajamas (200 Уште еден филм кој ја обработува еден од најтешките и најмрачните периоди во човековата историја, Втората светска војна, и злоделата кои ги направиле нацистите во неа. Има многу снимани филмови за Холокаустот, прикажан од различни агли, видувања, раскажани различни приказни, случки, некои со среќен крај, други, со не толку среќен... Детето во пижами со риги, опишува една оваква случка, ниту помалку, ниту повеќе грозна, лоша и ужасна од оние кои сум ги видел. Овој пат, сето тоа проследено со зголемен број на емоции поради самата тежина која се чувствува гледајќи го овој филм, посветен баш на оние, најмалите, невините деца, кои за жал повеќе не се меѓу нас. Приказната почнува со преселбата на едно германско семејство во близина на еден логор, по унапредувањето на таткото на малиот Бруно (Отис од Sex Ed) како главен на истиот. Потешкотии во навикнувањето на новиот живот имаат сите членови на семејството, но најмногу Бруно, кој едноставно не може сеуште да разбере кои се тие луѓе околу него, облечени во пижами со риги, такви чудни, различни од нив. Својот авантуристички детски дух, ќе го натера да истражува во недозволеното подрачје и ќе наиде на уште едно дете, Евреин, "непријател", толку различно од него, а сепак исто. Дали ќе надвладее омразата меѓу нив наметната од нацистичката пропаганда, или пак детското срце нема омраза во себе... Не би сакал да откривам повеќе за филмот, затоа што секој нареден збор ќе биде спојлер кој ќе го уништи уживањето, ако може воопшто да се ужива во ова парче филм. Тажно. Трогателно. Тешко. 10/10
Ljubav voli slucajnosti. Турски филм, ама интересен. Животот е исполнет со случајности и непредвидливост.
Навидум на почеток не се случуваше ништо посебно. Мислам дека е еден од ретките филмови што си бара повторно гледање за да се одлучи човек дали се' тече и ништо не се менува или се' тече и се' се менува. Инаку магија е!
Léon: The Professional (1994) Го репризирав после неколку години и повторно ме воодушеви како и првиот пат кога го гледав и ме направи тажен, повторно. Еден е од култните филмови на 90тите, а и на целокупната кинематографија. Филм кој треба бар секој да го погледне еднаш во животот. Навидум, се состои од линеарна приказна, но многу подлабока. Самите дијалози, кинематографија, глумата на актерите го издвојува и става на самиот врв меѓу филмовите. Морам овде да ја споменам и музиката во филмот, фасцинантниот Стинг и може најубавата негова песна може да се слушне овде... Не може на неа да се гледа исто после гледањето на Лион. Ова е и прв филм кој ја става на сцена младата Натали Портман, која глуми таков контроверзен и комплексен лик како Матилда. Нејзиниот перформанс е доведен до перфекција. Од другата страна го имаме Рено, познатиот француски глумец кој одлично го носи својот лик и успева да ни ги освои симпатиите. Има две верзии на истиот, американска, и француска верзија која е подолга и вклучува некои малку контроверзни, "шкакљиви" сцени кои ќе ве вознемират. Американската публика не реагирала добро на нив, па таму се исфрлени. 10/10
Нов модифициран терминатор пристигнува од иднината со цел да убие работничка во фабрика Дани Рамос. Исто така Грејс е пратена назад во времето за да ја спаси Дани од неуништливиот терминатор. Во нивната мисија ќе им помогне и Сара Конор.
Една жена бара одмазда против оние кои ја организирале авионската несреќа во која загина нејзиното семејство Сопругите на ганстерите продолжуваат да работат рекет, откако нивните сопрузи ке одат во затвор.
Adrift 2018 Засновано на вистинска приказна за преживување, случајна средба на млад пар, прво ќе ги одведе до љубов а потоа на животна авантура каде се соочуваат со најкатастрофалниот ураган во историјата.
The platform (El hoyo) 300 платформи поставени вертикално. Секоја платформа е ниво во која престојуваат по двајца. Во текот на денот имаат две минути да јадат. На масата има секаков вид храна и почнува од ниво 0, па се придвижува вертикално. Тие ѓи јадат остатоците на луѓето над нив. Ако секој јаде колку им е потребно, би имало храна за сите, но тоа не е случај овде. За луѓето од пониските нивоа не останува храна и се принудени да се јадат меѓусебно. Еднаш месечно ѓи мешаат и се будат во различно ниво. Дали ќе се разбудат во ниво каде храната ќе стигне до нив или ќе бидат принудени да се јадат меѓусебно, е прашање на среќа. Интересен филм, единствено не ми се допаѓа што на некој начин немаше крај. Останува на имагинацијата на гледачот да одреди што би се случило понатака. Ми фали втор дел. Жанр: Мистерија, трилер Оценка: 8.5/10
Изгорената портокалова ерес Интригантна приказна за еден страсен колекционер, ексцентричен сликар, еден валкан играч и неговата пријателка, која се одвива покрај тивкиот брег на езерото Комо. Извонредни глумци и добро изградени ликови. Елизабет Дебицки маестрална во улогата на Бернис, ветеранот Доналд Сатерленд и стариот даса Мик Џегер како пријатно изненадување.
Една жена се подготвува за мисија во вселената. Но кога ќе оди, ќе треба да ја остави 1 година нејзината ќерка.
A Life on Our Planet Документарец - животно сведоштво на сер Дејвид Атенбороу, 94-годишен англиски натуралист, репортер и еко активист. Во своја длабока старост, тој алармира за степенот до кој ние луѓето ја имаме изменето и уништено планетата за време на неговиот животен век во кој има проживеано и истражувано, предочувајќи ги видливите трагични промени низ годините во клучните екосистеми кои ги посетил. Иако нумеричките споредби, статистиките и прогнозите на кои предупредува се длабоко песимистички и поразителни, сепак во втората половина на филмот ни нуди надеж и чекори кои како човештво можеме да ги преземеме за, како што вели - самите да се спасиме како вид, бидејќи природата со останатите видови секако ќе се обнови и препороди по секакви катастрофи. Емотивен и освестувачки, можеби најкорисен филм како за нашава денешница, дефинитивно треба да се погледне.
The Lie (2018 ) Кајла се спрема да оди на викенд ритрит, каде треба да ја однесе нејзиниот татко. По патот сретнуваат нејзина школска другарка и понатаму приказната се комплицира. Прилично забегано станува, кога целото семејство се вплеткува во лага. Дејствието бавно се одвива, ама приказната е прилично добра. До каде може да оди едно семејство за да се заштитат помеѓу себе? Која е и каде е границата на морална одговорност, вероватно за секој еден од нас различита, посебно кога станува збор за нашиот најблизок. Ќе се допадне на љубителите на драма/трилери.
Match Point (2005) Крис, бивш тенисер се вработува како инструктор по тенис или тренер. Тука се запознава со Том- негов ученик кој потекнува од доста богато семејство, чија сестра се вљубува во Крис. Но, проблемот настанува кога Крис ја запознава вереницата на Том и почнува да раѓа емоции према неа. Ми се допадна филмот, уживав додека го гледав иако е прилично долг (2 часа) и непредвидлив. Актерите беа фантастични, баш онака пронајдени во улогите. Има доза мистерија, романтика, трилер, но најмногу драма. Топло го препорачувам Оценка 10/10
Exam ( 2009 ) Осум луѓе влегуваат во просторија за да бидат тестирани за влез во приватна, престижна фирма. Добиваат празен лист а има само едно прашање и еден одговор. Напнат и интересен до самиот крај. Одличен 10/10 и топло го препорачувам.
Instant Family ( 2018 ) Комедија/ Драма Брачен пар, Pete и Ellie, имаат се во животот, освен деца. Носат одлука да станат родители со помош на посвојување. Ја посвојуваат Lizzy која е тинејџерка (во филмот многу жално иначе е претставено како тинејџерите се избегнувани и многу по ретко им се дава прилика за топол дом), а заедно со неа доаѓаат и уште два члена- нејзините брат и сестра. Многу интересен филм, предвидлив, но сепак не е класична комедија. Има доста емотивни моменти, добри глумци и најважно- пораката. Мене еве ме расплача филмов. Топло го препорачувам Оценка 10/10
Nightcrawler (2014) Имав можност да го репризирам повторно после 5 години и сеуште ја има таа уникатност, мрачност како уште кога излезе. Секоја чест за идејата и посебноста која ја нуди овој психолошки трилер. Џејк, игра млад камерман кој впловува во крими новинарските води така што ги снима криминалистичките несреќи кои се случуваат преку ноќта во ЛА и ги продава на ТВ куќите. Желбата за моќ, доминација го втурнува во една игра на хиени која ја игра немилосрдно газејќи преку моралните, етички, законски и секакви принципи за да стигне на врвот. Филмот маестрално успева да ни ја прикаже оваа професија и какви само крвожедни се луѓето во неа, желни за гледаност, пари, моќ... Ако сте во потрага по психолошки трилер каде главниот лик е и главниот негативец и сакате да ја гледате неговата трансформација, Nightcrawler ќе ви го исполни сето тоа. 8/10
Сопственикот на островот поканува неколку гости да уживаат во неговиот луксузен остров. Но кога ќе отидат, реалноста станува кошмар и тие ќе се борат за својот живот...