https://m.imdb.com/title/tt1772250/ или https://m.imdb.com/title/tt4857264/ Нема да згрешиш кој и да го избереш.
@martiiinna и двата гледани. Вториот одличен, првиот исто одличен само игра со животот. Не заслужуваше девојката.
Последен филм гледав сношти Sophie's choice со Мерил Стрип добар филм на крајот се изнаплакав изборот е срцепарателен, душата ми се стегаше додека гледав.
Последен филм што го гледав беше Hush, со Гвинет Палтроу и Џесика Ланг. Се чудам на темана снаи и свекрви, оти оваа нејзинава маме и расплака. Се работи за пар, Гвинет Палтроу и дечко и, кои си живеат убав живот во град. Сплет на околности, оваа затруднува и решава да живее во село, кај мајка му (Џесика Ланг) на овој дечково. Свекрвава, беше мила, префинета на почетокот, ама после започнува перипетијата, бидејќи го сакаше синот само за себе. Интересно филмче за губење време.
Филмот е за две жени кои случајно ќе киднапираат маж и ќе треба да возат долг пат со украдени пари и полиција што ги следи...
Brooklyn (2015) Млада девојка од Ирска, заминува да живее во Њу Јорк трагајќи по подобра иднина за себе. Растргната меѓу новиот живот во Њу Јорк, и носталгијата кон своето родно место, се наоѓа во емоционална дилема и се запрашува каде стварно припаѓа? Убава романтична old fashioned бајка за животот пред 100 години, откривајќи ни ги тогашните дилеми на миграцијата и трагањето кон подобро утре. Серша успешно успева да го долови сето она со што една млада девојка се соочува кога ќе вплови во длабоките животни води. Не ми беше гледан уште од одамна, од кога излезе. Го фатив на Телма и ми беше право освежување да го репризирам. 7.5/10
Prisoners жанр: мистерија/трилер Станува збор за две мали девојчиња кои се киднапирани. Откако полицијата ќе се сомнева во младо момче кое подоцна ќе го ослоби, еден од двајцата родители ќе ја превземе истрагата во свои раце. 10/10
Слуга Го пуштив и мислев дека е едно лабаво филмче за тепање време. Филмот (комедија) беше доста интересен, задржува внимание, на моменти поттикнува на размислување.. Препорачувам.
I'm thinking of ending things WTF??? Ако филмот беше човек ќе беше претенциозен глупак, умислен дека е посебен, длабок, апстрактен, па нешто као интелигентни разговори, па малку балет, малку анимација, мистерија, па ај погоди кој сум, што сум, каде сум и што сакам да кажам со филмот...и на крај гуглај или оставаме на твоја имагинација...море мрш. Изгубив време. Мислев дека ерата на вакви филмови заврши и нема веќе да се врати, ама не
Hell yeah се согласувам. Толку сакале да искомплицираат, да го прикажат дејството и настаните божем на високо ниво, што целата поента се губи. Барем расплетот да беше нормален и да имаше на крај малку смисла. Ако не изгуглаш, ништо од деталите што сакале да ги пренесат нема да ти се јасни.
Моќна драма за една од најголемите љубовни приказни. Во главните улоги се Никол Кидман и Клајв Овен. Препорачувам
Fantasy Island Група од 5 луѓе одат на остров за да го поминат одморот таму, но тоа што не го знаат е дека тој остров има магична моќ да им ги оствари фантазиите, односно доколку сакаат нешто да сменат некој момент во животот, некоја одлука да ја променат што им била клучна во животот и слично. Мене искрено ми беше онака булшит и џабе потрошено време. Но, видов дека на HBO е во топ 10 најгледани филмови за октомври па најверојатно се работи за личен вкус само.
"Titanic", лол. Го немав гледано малте не деценија. Колку и да е романтично клише, убедливо е еден од најдобрите филмови некогаш направени. Иако глумата е врв, сепак најзаслужен е Камерон за тоа! А пред него: Филмов ми остави голем впечаток. Глумата е толку лоша, што најмалце 10ина пати се изнасмеав од срце. Постојано бев во сомнежи дали е всушност пародија. Но не е, само глумата е ужасно лоша. НО! Кинематографијата иако навидум делува аматерска, сепак е многу добра, има посебен шмек, длабоко во душата е искрено интересна. Филмов е као Ш класа хорор, ама расплетот на крајот е одличен (иако предвидлив). Баш настаните си се наместуваат како парчиња од сложувалка. И се' на се', филмчето е топ! Ем ќе се насмееш, ем на крај ќе те воодушеви на симпатичен начин. Не и' обрнувајте внимание на оцената на IMDb, дадете му шанса!
Астронаутот Рој ќе оди во мисија низ сончевиот систем за да ја открие вистината за неговиот исчезнат татко
The Immigrant жанр: драма американскиот сон по кој ќе тргнат две сестри од Полска по првата светска војна ќе се претвори во кошмар за младата Ева која ќе биде принудена да го продава своето тело за да помогне во лекувањето на својата болна сестра 8/10
Време е за новата сезона на филмови да ја отвориме Greenland 6/10 Филмов е ако сакате да ви помине времето а да не е да гледате како се суши бојата од ѕидот. Причата е класика разделени родители со дете со болест и треба да ја откријат својата љубов и да преживеат големата комета што доаѓа, во ниту еден момент нема да се сомневате дека ќе цркнат или нема да го фатат авионот у последен миг, мислам предвидлив е и одма знаеш што ќе се случи, ама барем за тие што сакаат да гледаат како земјата е газена од метеори и остало, тогаш е за вас филмот..... Претпорачувам да го гледате, ако сакате да тепате време....