Ептен симпатично филмче со доста лош наслов. Метеор иде накај Земјата, сите држави се здружуваат за да ја спасат планетата и пуштаат ракети накај метеорот, го уништуваат, од ракетите паѓа насекаде некакви хемиски гадотии поради кои разни инстекти мутираат и станува големи и силни. После брзо време само 95% од човештвото преживува и преживеаните се напикуваат по бункери, подруми и слични места. Еден од тие преживеаните е главниот лик Џол кој од својот бункер ќе тргне на патешествие да стигне до бункерот на девојката која ја сака и не ја видел 7 години отткако почнала да се случува апокалипсата. Знам колку тинејџерски звучи содржинава, и да, има малце тинејџерски вајб, ама одличен е! Има авантуристичка акција, има еден куп хумор, има романса, има тажни моменти, има смешни... Ликовите се симпатични, поготово Џол, едноставно те тера да навиваш за него. И кутрето. Морам да ги пофалам и визуелните ефекти! Нема нереалистично изведен момент, се' е на највисоко ниво.
Цртан филм. Веќе гледан, ко за повторно гледање ич не ми беше досаден. Интересен, скоцкано се' за нецел час.
Before sunrise Жанр: романса Двајца млади со авантуристички дух случајно се сретнуваат во воз, Селин која се враќа во родниот Париз и Џеси американски турист кој патува за Виена. Двајцата одлучуваат да патуваат во Виена и да поминат незаборавно едно деноноќие заедно пред патиштата да им се разделат. Before sunset по 9 години случајно парот повторно се сретнува во Париз откако Џеси ќе напише книга за таа вечер помината со Селин. Тие неколку часови пред да замине Џеси за Америка ги поминува со Селин разговарајќи за минатото, љубовта, животот, кариерата, чувствата. Филмот е трилогија, сведен е на долги разговори меѓу ликовите за наивната љубов и искрените чувства прекрасни реплики последниот дел е before midnight, сеуште го немам гледано.
Greenland (2020) Прилично добар филм, до каде се сè спремни родителите за да го заштитат своето дете, како љубовта победува многу работи, и колку е важно семејството во животот, и тогаш кога се ни виси на конец... за мене одличен филм, со феноменалниот Gerard Butler. 10/10 Run (2020) Филмот не е лош, само за мене крајот беше очекуван. Психолошки трилер, ништо посебно. Глумата одлична, предобро одбрани актери. (6/10) Adoration (2019) Многу глупав филм! До каде се е спремна човечката психа да оди, манипулации, лаги, убоства.. страшно глупав филм, за џабе потрошено време. (4/10)
Викенд На Мртовци (1988 ) Го ставиле на Јутјуб во HD снимка и го репризирав по којзнае кој пат. Се изнасмеав како секој пат, посебно на "Сите ќе умрете". Некои па од сцените ги имам "доживеано" и во вистинскиот живот, посебно кога присуствував на еден погреб. Едвај се воздржав да не се насмеам. Слабост ми е црниот хумор. Култен македонски филм и најдобра наша комедија на сите времиња. Колку само реченици од филмот се користат секојдневно во различни ситуации. Доказ дека и после повеќе од 30 години филмот живее. Не знам што повеќе да кажам, сите го знаеме. 9/10 зошто ме фаќа на носталгија.
За Greenland се што напишала членката погоре и би додала дека ефектите не беа провидни како во други филмови
Archive (2020) Филм за иднината, како роботот би го заменил човекот, и секако љубовта како го менува човекот. Вреди да се гледа, нешто поразлично од останатото. (7/10). The lost husband (2020) Пак филм со љубов поврзан, филм со силна порака. Жена го губи мажот, и со своите деца започнува живот на село, таму открива мрачни тајни за своето минато, добар филм. (7/10) The hater (2020) Интересен филм, дечко психопат, опседнат... сака по секоја цена да ги има работите во рака. Задржува внимание, ок е филмот. (6/10) The Paramedic (2020) Марио Касас, не го познав во филмов, добра глума, ама му смениле изглед тотално. Филмот е ок според мене, дечко кој работи во брза помош, се соочува со сообраќајка, станува инвалид, тука е девојка му и му помага, но.... (6/10) The devil all the time (2020) Филмот задржува внимание, ама има и страшно досадни сцени, филм во кој се покажува како вистината излегува на виделина кога тогаш, како грешките од минатото и тешкиот живот, знаат да ја сменат иднината. (7/10) The Hunt (2020) Група на луѓе се избрани за специфична "мисија" без да знаат однесени се некаде каде што не знаат ни тие сами каде се, тука почнуваат сплетки и борба за живот, интересен филм. (8/10) Unhinged (2020) Одлична глума од предобриот Russell Crowe, мајка и дете тргнуваат на пат до училиште, мајката добива отказ од работа, навидум обичен ден, како и секој, филм за пржотвуваноста за драгите личности. (7/10) His house (2020) Не вреди рецензија за филмов, страшно глупав хорор, на почеток демек интересен, а врска нема, не го гледајте. (3/10) Мислам дека се живо од 2020, што ќе излезе, земам и го гледам од што ми е досадно по дома.
Животот на 13 годишно момче Тео му се менува кога мајка му е убиена во терористички напад во музеј. Збунет поради трагедијата, тој ќе украде едно уметничко дело 9/10
@Summerbaby само што го завршив Everybody's fine. Многу добар филм излезе, а немав некое толкаво очекување. Фино.10/10
Мило ми е филмот има добра порака, и особено родителите треба да го погледнат.Будејќи сите стануваат свесни откако ќе се случи нешто.Најбитно е да се прифатат луѓето какви што се да им се помага и на крајот од денот трпезата да ти биде полна со најблиски. Тоа е богатство а не кариера и слични работи. Со солзи сум секоаш на филмов ,
Дааааа!!! Еден од најдобрите филмови за мене, јас сум фамилијарен човек, и толку ме погодува филмов... предобар! 10/10
Сум го гледала и дефинитивно можам да кажам дека е еден од најдобрите филмови на векот, базирани врз вистинска приказна и да, ја заслужува оцената 10/10
- the departed - godfather (сите три дела) - seven - catch me if you can - scarface - casino - taxi driver - the wolf of the wall street - leon the professional
Green Street 1 Се работи за момче кое што студира Новинарство на Харвард. Кај неговиот цимер наоѓаат кокаин и момчето (Мет) за да го спаси цимерот кој иначе е син на угледни родители, кажува дека всушност кокаинот е негов и него го бркаат од факултетот. Решава да се пресели во Англија кај неговата сестра која што е мажена за богат бизнисмен и таму се здружува со братот на неговиот шура кој што е водач на навивачка група во Англија ( Вест Хем). Од една обична пијанка Мет влегува во кругот на навивачката група од која тешко може да се излезе, а крајот да не биде кобен. Филм кој што мене ми ги освои сите симпатии и вреди да се погледа за оние кои што сакаат такви настани и можат да ги разберат, па затоа топло го препорачувам. Од мене 10/10
A dog's journey - плачев, се смеев, па пак плачев..не е баш од класичните филмови со кучиња.. обработува многу битни теми и дури не сакав ни да заврши.. All the bright places - депресија, реални и вкоренети проблеми во животот на двајца млади. (Не)реагирањето од околината, предностите и последиците кои се секогаш опции при вакви ранливи периоди во животот.. Spoiler: Не читај ако планираш да го гледаш Не знам само како не го примети и не направи доволно за него како што тој направи за нејзе..Баш требаше да го сети посебно со делот кога првиот пат пливаше кон дното..ко "лабава" ми се виде на крајот, дали дека си го реши нејзиниот проблем (т.е тој и' го реши) многу не му обрна внимание. Штета. Не ми се допаѓаше тоа што не го испочитува доволно дури беше жив.