The Lego Star Wars Holiday Special https://www.imdb.com/title/tt12885438/?ref_=tt_urv Ова е едноставно преслатно нешто за гледање! Дали ќе им се допадне на оние кои не се запознаени со Star Wars универзумот? Најверојатно не, зошто нема да ги знаат ни ликовите, ни сцените, ни контекстот. За сите останати, heartwarming носталгија спакувана во 44 минути динамична комедија. Реј, Фин, shirtless Кајло Рен, Дарт Вејдер, Лук Скајвокер, Јода (и бејби Јода), Чубака... Кој ќе го изгледа фимчево, дефинитивно ќе сака уште еднаш да си го пушти
Knowing со Николас Кејџ. Деца во минатото имаат задача да ја нацртаат иднината како што ја замислуваат тие, а децата од истото училиште да ги видат цртежите 50 години подоцна. Првиот дел од филмот ми беше стварно интересен, но вториот почна да отупува, се сврти премногу на научна фантастика, ама глупаво изведена. Јас мислев дека филмов ќе има скроз друг тек, на друг начин го замислив, ама не беше така. Сепак не е крајно лош и заради првиот дел му давам 7/10.
Тенет Долгоочекуван за мене, но ме разочара комплетно. Нешто као се враќаат назад во времето со менување на ентропијата. Куршумиве патуваат во минатото, колите возат рикверц, луѓето се движат наназад, се е во обратна насока. Пробале нешто да го поткрепат со теории на физиката, и океј тоа. Ама приказнава тапа, да потапа не може да биде. Агент на ЦИА кој не знае шо праи, на мисија да го спаси светот се заљубува во жена на богат русин кој е лош и сака да го уништи светот. Напред - назад одење, од едно време во друго. И самиот филм беше таков некохезивен, избрзан, се во трчање, акција, тапа дијалози, ти реков, ми рече... Осеќам едиторот се убил од вртење на истите сцени нанапред, па наназад. Уште еден претенциозен филм на Нолан. 6/10
Surrogates (2009) Речиси сите луѓе имаат хуманоидни роботи кои наместо нив живеат надвор, во вистинскиот свет и ги извршуваат нивните секојдневни обврски додека најголемиот дел од луѓето не си ги напуштаат домовите. Но наеднаш се случува убиство, прв пат во многу години што ќе промени се... Ми се допадна филмчево, од мене 8/10.
The best offer е италијански психолошки трилер. Virgil Oldman е директор на прочуена аукциска куќа. Истиот е колекционер на вредни уметнички дела, портрети од жени. Ангажиран е од мистериозна млада девојка Клер, наследничка на уметнички слики и антиквитети, да ги процени делата и да го даде на аукција. Клер одбива да се видат лично, затоа што страда од агорафобија и никогаш не ја напушта нејзината соба. Oldman неочекувано се заљубува во Клер и тогаш започнува заплетот. Ќе ви го задржи вниманието, нема да трепнете 2 часа 10/10
Преддобар филм, крајот ко новите Адам и Ева. Мислам дека малце удира на сегашнава ситуација а филмот е 2009 ако не се лажам.
1.Little Italy Оке, романтичен филм со веќе познат крај. Вакви филмови веќе не ми се ни интересни ама океј е за тепање досада. 5/10 2.Elizabeth: The Golden Age Во последно време станав опсесивна со кралицата Елизабета I, па гледав неколку филмови со неа. Има интересна приказна иако воглавно не сум фан на вакви филмови. Вреди филмов, во ниеден момент не се осети досадно. 10/10 3.Mary Queen of Scots ( 2018 ) Мери која била прва братучетка на Елизабета I ја имаше многу малку во Голден ејџ, па затоа сакав да и обрнам повеќе внимание. Филмов е разочарувачки. Без веза, Марго Роби во глума како Елизабета ми е чиста нула во споредба на Кејт Бланчет. Онаа што ја глуми Мери е подобра. Сепак, од мене 7/10.
Последнава твоја реченицааа.. Кој те тераше да ја помислиш. Хахаха, се шалаам листа за филмов и го видов баш твоево мислење. Мислам дека ако го гледав филмов кога излегол дека исто ќе му дадев слаба оценка, ама сега некако сум без зборови
Заглавени во некоја временска зона, двајца гости на свадбата се запознаваат и почнуваат да го живеат истиот ден од свадбата одново и одново...
https://nezavisen.mk/vrba-so-mariov...agradata-najdobra-filmska-lokacija-vo-evropa/ На официјалната страница на EUFCN е отворено гласање за петте финалисти кое ќе трае до 12 јануари 2021, а за „Врба“ може да се гласа на линкот: https://eufcn.com/eufcn-location-aw...Czzn0mIRPO3RcA3iI7lo8DsLazyE2DkpopYRnLdQRrUeU – „Врба“ е македонскиот кандидат за Оскар за 2021 година. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ освои вкупно пет трофеи, постигна рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради пандемијата, соопшти продукцијата.
Ethan Whyte оди во иднината со временска машина за да најде лек за земјата да не остане без кислород и да не се уништи човештвото...
The Spy Who Dumped Me Агент на ЦИА , две сосема нормални девојки , еден убиец и еден УСБ стик се главни улоги во филмот . Одри Стокман го прославува својот роденден во Лос Анџелес вознемирена бидејќи момчето и раскинува преку СМС порака , ни оддалеку не насетувајќи што се ќе преживее во наредните денови ... Интересен филм , мене ми го држеше вниманието до самиот крај , бидејќи имаше многу пресврти . На моменти комичен и по малку предвидлив , но сепак е добар за тепање време . Оценка : 7/10 .
10/10 Страшно добар филм за реална слика на денешното општество. Општество во кое секој гледа да заработи-ќари на туѓа мака дали на позитивен или негативен ефект. Како сведоштвото значи вина без разлика на суштината на сведочењето. Како медиумите секогаш ги ставаат на виделина црнилата и смртта наспроти светлината и животот. Како треба да учиме и од најмалите, и да сфатиме дека нашите негативни дела во секојдневието секогаш стануваат и нивни дела без да сакаме да им ги пренесеме. Како паролата Black lives matters, од искрена стана парола за заработка сокривајќи ги негативностите. Како треба да се учи за соживот и да се осуди криминалот и неправдата без разлика на бојата на кожата.
Филмов е адаптација на драмска претстава од 18. век. Eдна престолонаследничка, преку измама се обидува да ги среди односите со вистинскиот престолонаследник, чии родители ги убил нејзиниот татко, а него го лишил од престолот. Од обидот се раѓа љубов, меѓутоа, принцезата ќе мора да се извлече од лагите во кои самата се сплетка. Дури навлезеш во дејствието не е ништо посебно, но овие познати актери му даваат некој шмек и комплетираат позитивен впечаток.
The viral factor (2012) Група Кинези имаат заробено научник што има формула за лек и вакцина за вирус што планираат да го рашират на сите континенти како би се создало паника, а потоа со создавањето на лекот и вакцината да станат едни од најбогатите луѓе во светот. Полицијата се бори со нив, но не знаат дека еден дел од полицијата е всушност вмешан во тој план. После ненадејната смрт на научникот, мора да пронајдат доктор кој ќе ја направи вакцината и лекот според формулата. Двајца браќа кои се разделиле како мали се наоѓаат на спротивни страни, еден добар, друг лош. Заради игра на судбината мора заедно да се борат, овојпат за својот опстанок и за животот на нивните најмили. Цел филм беше во бркање на полицијата со браќата и групата, па браќата со луѓето што го имаат вирусот и нивно меѓусебно борење. Жанр: Акција Оцена: 7/10
Медицинска сестра симнува апликација на телефонот што одредува за колку време личноста ќе умре. Кога таа гледа дека и остануваат само два дена, бара начин за да го промени тоа...
Baby Driver Бејби со години е шофер на престапници на законот . Многу таинствен и по малку чуден , но сепак гениј зад воланот , тој се грижи за својот старател , кој го посвоил по трагичната сообраќајна несреќа во која на лице место загинуваат неговите биолошки родители , а тој преживува но со последици . Исто така снима и музика во која вметнува елементи од неговото необично секојдневие .. Филмот има непредвидлив крај . За љубителите на филмови во стилот на Брзи и бесни , овој филм е одличен . Срдечно го препорачувам за оние кои сакаат возбуда и исчекување . Оценка : 9/10 .
We are the Millers. 5/10. Не сум обожавател на ваков тип комедии, и затоа и долго време го одбегнував да го гледам. Синоќа по 6ти пат ги завршив Friends, и си реков ајде ќе го гледам. Искрено, многу ме разочара филмот. Типот е дилер на трева, и ќе му ја украдат една вечер од дома робата и парите негови. Шефот наместо да го казни, му дава прилика да пренесе трева од Мексико и демек ќе го помилува. И типот смислува план - да купи камп-приколка и да си „создаде“ семејство за да не биде сомнителен на граница. Ништо посебно
Позитивно ме изненади, после толку неуспешни филмови последниве години, вистинско освежување и меѓу најдобрите оваа година. IMDb оцена: 8.3/10 Од мене 9/10
The Flyboys (Sky Kids) - 2008 Две проблематични деца искрено се спријателуваат. Така, додека намерно изостануваат од часови, ќе се вовлечат во голема неволја и без да знаат, ќе се најдат под закрила на мафијата. Ова е еден во низата филмови кои треба да врбуваат млади пилоти, но интересен, го задржува вниманието до крај.