Разочарана од својот претходен брак, Grace Waters запознава помлад дечко и за кратко време ќе стапи во брак со него. Но среќата кратко трае и таа дознава за неговите лаги заради што ќе изгуби се што има 10/10
Brake Агент на тајните служби е заробен во багажник на автомобил и трпи ментална и физичка тортура додека терористите се обидуваат да извлечат информации за нивниот заговор против претседателот на Соединетите држави. Крајот беше многу непредвидлив. Жанр: Трилер Оценка: 9/10
Знам дека овој филм добиваше позитивни критики, но јас не можам да ја игнорирам сосема глупата димензија во него. Имено, главниот лик го излекува татко му од рак со марихуана-колач иии мислам дека пропуштија да го номинираат за Нобелова....Искрено се надевам дека режисерот бил саркастичен. Освен евтина промоција на марихуаната на сметка на нечии реално опишани трагедии, филмов никаква друга функција нема. Уствари има, како и повеќето мак филмови, сеење негативна енергија (ко да не знаеме каде живееме и во секој филм треба да се пресликува), со исклучок на хепи ендот а тоа е уште еден пропуст, содржина безизлезно тмурна да се претвори во нешто налик комедија. Spoiler Моментот кога криминален двометраш треска од гепек на земја човек кој закрепнува од рак и тоа треба да биде смешно, Господи помилуј. Но, критериумски ко за нашиов народ е таман.... И барем не беше досаден, тоа е точно.
Perdona si te llamo amor Успешен, привлечен, интелигентен и брилијантен директор за рекламирање копнее да најде конечно емотивна стабилност во неговиот живот и одлучува да ја запроси својата девојка. Откако таа ќе го одбие неговиот предлог, неговиот живот се врти, кога нова девојка ќе влезе во неговиот живот.
https://www.netflix.com/title/81239779?s=a&trkid=13747225&t=cp не очекував дека ќе ме погоди драмава толку , случајно го загледав најдов корејска верзија малку покомична ама ова ми се појави на нетфликс и бидејќи не сум плачка голема тука пуштив некоја солза ..... ментално онеспособено момче , самохран татко на убаво девојче кој живее со својата стара мајка , неправедно е осуден за убиство на врсник на неговата ќерка , корпураното опшетство и државните органи довведуваат до смртна казна со бесење за таткото , несвесен за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа ги преживува последните денови во затворска келија со број 7 , со него уште десетина затвореници каде се заплеткуваат неколку судбини .... вреди да се гледа отцена 9 /10
Christmas trade (2015) Една недела пред Божиќ, вдовец воркохолик и неговиот син се шокирани кога нивната желба, да видат како е животот на другиот, неочекувано се остварува. Успешниот адвокат и татко треба да се снајде во телото на 11 годишно дете, а неговиот син да се справи со неговите проблеми на работа. Релаксирачка комедија, која не учи на вредностите на семејството. Жанр: Комедија Оценка: 8.5/10
Една жена започнува бегство со нејзиното бебе, кога се дознава за лошиот бизнис на нејзиниот сопруг кој го загрозува нивниот живот 10/10
Get Santa (2014) Откако вистинскиот Дедо Мраз ќе заврши во затвор, бара помош од еден човек и неговиот син за да може да излезе навреме и да го спаси Божиќ. Не верувајќи во него човекот сепак се решава да му помогне, замолен од страна на неговиот син кој силно верува во моќта на Дедо Мраз. Одлична божиќна комедија, проследена со фантастични моменти. Жанр: Комедија Оценка: 10/10
Doctor sleep 7/10 Претставува адаптација на истоимената новела од Стивен Кинг, а воедно и продолжеток на култниот The Shinning. Години подоцна, Dan Torrance запознава девојче кое има моќи ко него и ќе се потруди да и’ помагне да се спаси од група слични на нив, кои ловат деца со моќ да сјаат и на некој начин се хранат. Според мене тотално непотребен филм, не можам ни од далеку да ги сместам еден до друг со култниот The Shinning. Приказна - мех, режија просечна, секако дека Кјубрик е незаменлив па затоа мислам дека не требале ич ни да се трудат да се приближат. Не гледам хорори, со овој напнаа месецов на ХБО, па ајде го изгледав, уште од трејлерот ми личеше на некоја безвезе Твајлајт Сага или Зона Сумрака.. добива 7ца само ради последната третина од филмот која до нееегде може и го прави достоен да биде sequel на Гореспоменатиов филм.
The Skin I Live In Роберт е брилијантен пластичен хирург кој по смртта на својата сопруга, експериментира со прекрасната Вера, така што и создава нова кожа и кожа која е отпорна на надворешни влијанија. Жанр: трилер/мистерија/хорор 10/10 Еден од најдобрите филмови кои ги имам изгледано во 2020, а сигурно и во последните 5 години. Плот твистот е нереално добар! Препорачувам!
Yes man ( 2008 ) Одлична комедија, а како и да не биде кога во главна улога е Jim Carrey. Карл е банкарски службеник, после разводот станува многу повлечена и осамена личност. Неговиот живот се состои од една секојдневна рутина, работа која не го исполнува, а остаткот од времето го поминува дома гледајќи филмови и вешто игнорирајќи ги сите околу себе дури и најдобрите пријатели. Секое излегување надвор од неговата комфорна зона му претставува предизвик. Еден ден се сретнува со негов поранешен пријател кој го поканува на еден мотивационен говор. Карл ја прифаќа понудата и се појавува на мотивациониот говор, а таму е принуден да го прифати предизвикот со тоа што на секоја понуда во животот ќе одговори со ДА, односно ќе прифати се што му се нуди во животот. Со тоа започнуваат авантурите на Карл. Филм кој дефинитивно ќе те расположи, многу забавен, смешен и поучен. Го препорачувам 10/10