Promising Young Woman Кери е девојка во своите 30-ти која поради трагедија во минатото, сака да се одмазди на свои бивши соученици и конечно да го добијат заслуженото за злоделото што го направиле тогаш, а системот не ги казнил. Во меѓувреме, им одржува одлична лекција на сите мажи кои се спремни да искористат жена сексуално додека е пијана. Се тече според планираното, додека не го види повторно еден свој бивш соученик кој ќе ја замисли и тргне од тој морален revenge план. Тежок филм за гледање, со уште потешка тема како силување, искористување и нефункционирање на системот. Ниту малку комичниот стил и поп-панк розе стајлингот не го прават попријатен за гледање. Кери Мулиген маестрално ја носи улогата на Кеси, но другите актери не ми беа на висина на задачата во филмот, посебно мајката, и другите момци, кои личеа како да се од некоја Б продукција. Морам да кажам само уште дека ова не е класичен revenge филм. You either love it, or hate it. Јас сум некаде in the middle, па од мене има 7.
Сесилија живее со маж што е насилник. Кога тој ќе изврши самоубиство, таа почнува да се сомнева дека тој е мртов. Таа се обидува на секој начин да докаже дека ја прогонува некој што неможе никој да го види 9/10
Рајан и нејзиниот татко Мет се селат во мало рибарско градче каде живее таткото на Мет. Тој на неговата внука раскажува за постоењето на сирени во морето, кои сите веруваат дека е мит. Рајан одејќи по пристаништето среќава сирена и набрзо почнуваат да се дружат. Од нивната дружба произлегуваат многу нови настани, каде сирената Корал го открива надворешниот свет, а Рајан морскиот свет. Нивната поврзаност е поголема отколку што си мислат, и тоа заради минатото за кое и двете не се свесни. Приказната ми се допадна, како и фантастичните моменти, иако можеа да бидат на повисоко ниво. Жанр: Фантазија, драма Оценка: 8/10
Пет млади лица, кои сакаат да ја прослават новогодишната ноќ на врвот на планината се заглавуваат во жичара. Она што започна како авантуристичка забава, наскоро станува борба за опстанок. Оценка 9/10.
Интересен, смешен, мене ми беше многу добар, ликовите во серијата се феноменални и се пресмешни. Препорачувам многу
Sound of Metal Филм склопен во едно преубаво мало пакетче полно со емоции кое знае да те изненади и допре длабоко. Рубен е тапанар во метал бенд со својата девојка Лу кои живеат номадски живот, патувајќи од едно место на друго. Нивниот план ќе се смени денот кога Рубен ќе почне полека да го губи својот слух до степен да не смее повторно да настапува. Болката, одбивањето да се прифати новата реалност е толку добро доловена преку аудиото кое ве става во кожата на младиот музичар, доживувајќи го она, што го доживува и тој. Не, ова не е филм за музика, ова е филм за тишина. Маестрално. ОГРОМНА ПРЕПОРАКА. 9.
Portrait of a lady on fire Жанр: драма Приказна за љубовта помеѓу една млада аристократка и нејзината сликарка 8/10
Прекрасем филм.Четирите деца преку еден ормар влегуваат во сосема друга земја "Narnia".Тие всушност треба да владеат со таа земја,но има предизвици,разни дешавки.Ви го препорачувам да го гледате.
Филм што би ви го препорачала на сите е Три метри над небото. Искрено според мене мнооогу добар филм. Гледан ми е повеќе од 3 пати и никогаш нема да ми се здосади. Романтичен е има богата девојка и сиромашно момче кое што вози мотори. Ќе се засакаат но нејзините родители нема да дозволат. На крајот умира нивни близок пријател сите работи се пореметуваат и таја заминува со друг при што останува бремена. Исто така има и втор дел Те посакувам. Мислам дека навистина вреди да се одвои време за ваков филм.
Филмот е вистинска приказна за американскиот гангстер Џими Булгер и го следи неговиот премолчен договор со властите и сузбивањето на неговата криминална група на крај. Тука Џони Деп ја има една од најдобрите свои изведби според мене, и во секој случај вреди да се погледне.
Паа неговиот брат мислам дека беше или роднина го снабдуваше со пари и спиеше кај него па зато мислев дека е сиромашно момче.
Спиеше кај брат му оти не е во добри односи со семејството. Не виде зошто станал проблематичен, а претходно бил фино дете?
Осуден на 12 години во јужноафрикански затвор, Тим и неговите следбеници имаат план за бегство 8/10 Нуркајќи во водите на Северна Норвешка, животот на двете сестри ќе се најде во опасност. Случајно ќе падне карпа врз едната и ќе остане заробена на дното на океанот. Во трка со времето што им преостанува, другата сестра се обидува да ја спаси 8/10