Еден британски доктор и политичар започнува афера со девојката на син му, а тоа е причина нејзината врска со неговиот син да премине и во свршувачка. Филмот содржи психолошки моменти, го препорачувам поради шокантната разврска.
Colonia Жанр: драма Дејството се случува во ‘70тите години на минатиот век во Чиле. Младата девојка Лена сакајќи да го спаси своето момче од канџите на тогашниот режим запаѓа во еден култ наречен Колонија Дигнитат. Суров култ кој е тесно поврзан со чилеанската полиција. Шансите за бегство на младите Даниел и Лена речиси невозможни. Напната драма според вистинска приказна 10\10
Се работи за група психички оштетени злосторници и нивни блиски. Во филмов толку работи се измешани што го прави глуп, но кога ќе размислиш подобро, и не баш, бидејќи вакви забеготини навистина се случуваат, без разлика што се овде пренагласени.
Ме натера да го вратам филмов на Алфа Глумецов Џереми Ајронс е создаден лик за вакви ексцентрични глуми
Задолжително да се ѕирне! Одамна ми нема оставено ваков впечаток како филмов. Животот е убав, покрај сè.
ВЕШТЕРКИ (2020) Единствена причина што го гледав филмов е детскиот спомен од старата верзија на филмот, со Анџелика Хјустон во главна улога. Тогаш бев воодушевена, сега сум изгледа престара за вакви жанрови. Како да се справиш со куп ќелави, злобни и моќни вештерки, кога бегајќи од нив ги начекуваш на „семинар“ во хотелот каде престојуваш. 7/10 МАКС (2002) Да бидам искрена, најпрвин помислив дека се работи за биографски филм за сликарот Егон Шиле, бидејќи сличноста на актерот со „оригиналот“ ми беше огромна. Меѓутоа, сликарот е всушност младиот Адолф Хитлер, кој се наоѓа на животна раскрсница по завршувањето на Првата светска војна- дали да се посвети на уметноста, или да влезе во политичките води? Неговата средба и пријателство со еден „ловец“ на таленти и трговец со уметнички дела го влечат на една страна, меѓутоа тука се и новите политички движења најмногу поттикнати од разочарувањето од исходот на војната и ставањето на Германија во подредена и губитничка позиција. Хитлер имал неспорно талент за цртање, но и ораторски способности кои биле магнет за масите, и нескриен жар за промена на политичката реалност. 8/10
Free Solo ( 2018 ) Уште ми е крвта заледена и ја чувствувам напнатоста во мускулите гледајќи го. Што да кажам, не за џабе е една од најдобрите документарки. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не е за луѓе со слабо срце, а уште помалку за оние кои имаат страв од височина. 8
the city of your final destination Жанр: драма Омар е 28 годишен студент во Канзас, ќе тргне во Јужна Америка за да напише биографија за почитанотиот писател Гунд. Ќе мора да се сретне со неговиот брат, сопруга и љубовница за да добие согласност за да ја напише биографијата иако ќе биде многу тешко да успее во тоа. Ова негово патување ќе му го промени животот Прекрасна драма без никаква напнатост 8/10
Во овој трилер, Сара и Џексон со мал авион треба да одат на еден остров на венчавка. Тие почнуваат да се борат за живот, кога случајно нивниот пилот ќе добие срцев удар и ќе почине 7/10
(2017) Во средно училиште преполно со ученици кои не почитуваат никакви правила и создаваат хаос, професорите не се ништо подобри. Само еден од нив е нормален, условно кажано, и тој мора да се снаоѓа за да преживее, т.е. да ја задржи платата, но и буквално Филмов е комедија која може да се сфати како општествена критика исто така. Мене ми се допадна, ме насмеа во неколку наврати.
Леонард е богат старец кој живее во убава куќа. Кога тој ненадејно ќе почине, ќе остави се што има на својата негователка Кејти иако ја познава само 4 месеци. Ова ќе го привлече вниманието на детективката Чеслер. Кога Кејти и нејзиниот сопруг ќе се преселат во куќата на Леонард, тие незнаат кои тајни се наоѓаат таму. 7/10
Fracture (2007) Тед Крофорд пука во неговата жена со намера да ја убие, но со пред тоа одлично осмислен план како да ги сокрие доказите. 9/10
Петмина другари делат еден апартман за вонбрачни авантури. Сé функционира совршено, додека не пронајдат во апартманот мртво женско тело. Секој од нив е потенцијалниот убиец. 9/10
( 2008 ) Ентони е надежен боксер кој потекнува од италијанско традиционално семејство. Тој тренира под менторство на неговиот татко, но откако започнува врска со студентка која има посовремени сфаќања, ги менува своите навики и влегува во конфликт со родителот. Растргнат помеѓу девојката и татко му, Тони се наоѓа на крстопат дали да се откаже од она што најдобро го знае, или да остане посветен на боксот. И покрај клишеата, не е лош филм.
Животот е убав (1997 год.) Единствено што можам да кажам за филмот е дека ми е жал што порано не сум го гледала. Вреди секоја секунда.
magic in the moonlight Дејството е сместено во 20тите години на минатиот век. Стенли е популарен магионичар, саркастичен, песимист, скептик. Заминува во Јужна Франција за да ја запознае младата спиритуалистка Софи која според него е ништо друго освен измамничка како и сите останати што се претставувват како медиуми. Но откако ќе ја запознае ќе се изненади од нејзината способност и талент. 8/10