The Lives of Others Дејството се случува во Источна Германија пред падот на Берлинскиот ѕид. Власта почнува со прислушкување на сите граѓани кои се сметаат за сомнителни, а со тоа почнуваат да уништуваат многу животи. Агент ќе добие за задача да прислушкува еден пар кои се уметници, односно поет и актерка кои исто така се сметаат за сомнителни. Оцена 8.5/10
the old man & the gun 70 годишен старец на сосема поинаков и шармантен начин ограбува банки. Филмот е базиран според вистинска приказна. Роберт Редфорд е згоден дури и во толку одминати години, секоја чест за изгледот. 9/10
(1962) Познат филм од 60-те, базиран врз библиската реч за Содома и Гомора. Иако не се придржува до приложеното, за што бил критикуван, како и поради обидот за копирање на познатиот Десетте Божји заповеди, сепак останува одлично остварување. Лот и неговите Евреи си го вадат лебот во близина на грешните градови. Приказна за пропаста на декаденцијата и злобата, наспроти она кое опстојува. ( 2018 ) Филмов го избегнував едно две години и кога го начекав на ТВ, едвај го догледав. Приказната им е позната на повеќето. Малку нереална романса, со ненагласени примеси на лошите страни зад бината во музичкиот бизнис, т.е. пороците, како и жртвите кои мора да се поднесат за успех. Само последната сцена допре до мене лично. (2017) Mлада жена стапува во сериозна врска со човек еднаш разведен кој има мала ќерка. Тие одлично се согласуваат, единствениот проблем е што двајцата веќе вереници, имаат пореметени бивши, подготвени на се. Филм за тепање време. (2006) Уште еден филм со библиска тематика, овој пат повеќе романса. Естера, девојка која плени, по потекло Еврејка, станува жена на персискиот владетел. Нејзе и е дадена мудрост да се справува со дворските игри, но и со омразата кон нејзиниот народ.
Angel of mine Жанр: трилер Лизи доживува психичка траума откако ќе ја изгуби штотуку родената ќерка. Секогаш кога ќе ја погледне ќерката на соседите ќе смета дека таа е всушност нејзина ќерка. Постојано ќе прави проблеми и ќе наоѓа изговори за да биде блиску до девојчето. 9/10
(2015) Покоен славен актер и заводник зад себе оставил огромно семејство низ Европа и Америка. Дел од тоа семејство и блиски се собираат во негов помен на 10-годишнината од смртта. Неговите сопруги кријат тајни од неговите ќерки и од јавноста. Hавидум интересен, но филмов е заплеткан повеќе од потребното.
the white crow Жанр: драма Биографски филм за најпознатиот и најдобар балетан на сите времиња Рудолф Нуреев. Роден во транссибирски воз, детството го минува во мало руско селце. Откако неговата мајка ќе добие гратис влезница, ги носи своите три деца во опера, малиот Рудолф е фасциниран и од тој момент знае дека балетот ќе биде неговата професија. Рудолф е се она што не одговара на тогашниот суров комунистички режим во Русија, темпераментен, слободен, ексцентричен ... 10/10
Fake famous Documentary follows an actress, fashion designer and real estate assistant who attempt to become social media influencers by purchasing fake followers and bots to boost their popularity. Интересен документарец. Bliss Bliss is a mind-bending love story following Greg (Owen Wilson) who, after recently being divorced and then fired, meets the mysterious Isabel (Salma Hayek), a woman living on the streets and convinced that the polluted, broken world around them is just a computer simulation. Doubtful at first, Greg eventually discovers there may be some truth to Isabel's wild conspiracy. Palmer An American heartland story that is very timely and unfortunately very pervasive in our culture. A bullied young boy with gender confusion lives with a drug addicted Mother and an abusive boyfriend . Palmer (Justin Timberlake) recently released from prison after serving 12 years for attempted murder, moves in with his Grandmother and rediscovers his heart in the process of learning to accept his past and a new way of being in the world.
blue valentine Жанр: романса доста комплексна и реална тематика, остава простор да размислиш дали бракот ја уништува романсата, љубота, почитта... 9/10
(1979) Oh man.... Филмов, бидејќи содржи некои поенти, можел да испадне многу подобар, да не бил вака аматерски снимен....Мислам дека ова е најнискобуџетниот филм што го имам гледано во животот. Се работи за залутаната младина во опасниот град. Бунтовно момче го напушта факултетот и семејниот дом за да си игра гангстер низ улиците. Токму таму се вљубува во девојка која живее со нејзини пријатели во атмосфера налик култ. Тој култ набрзо станува одмазднички.... Аудио снимките се катастрофални, но понудени се кадри на Њујорк каков што не е денес и каков што не сме навикнале да го гледаме на екраните (под конец). И има некоја уметничка аура, сепак. Мадона глуми тука, во период пред да стане славна. Потоа се обидела да го забрани филмот.
Level 16 Група девојчиња се подучувани на највисоките вредности кои треба да ги почитуваат ако сакаат да бидат посвоени. Откако ќе го поминат и 16тиот левел тогаш ќе бидат посвоени од семејства каде ќе бидат сакани. Барем така им кажуваат, но вистината е многу поразлична. Учени се секогаш да бидат чисти, послушни и покорни, но не ни претпоставуваат што се случува кога ќе заспијат. Вивиен и Софија ја откриваат суровта вистина дека всушност домот каде што се наоѓаат тргува со нив и нивните млади лица користејќи ѓи за подмладување на нивните муштерии. Предобар филм, кој држи во неизвесност се до самиот крај. Жанр: Научна фантастика, трилер Оценка: 10/10
16годишно девојче се враќа од камп и дознава дека мајка и има нов дечко со кој планира да се омажи. Таа го претставува како добар, грижлив... Но со тек на време, тој покажува дека не е се така како што изгледа 7/10
Break (2019) Филмов го најдов на темава, содржината ми изгледаше интересна, па го гледав. Да не се повторувам многу со содржината, четворица другари се заглавуваат на жичара и бараат разни начини како да се спасат. Мораат да ризикуваат, но не секогаш ризикот се исплати. Сепак не се откажат толку брзо и се борат за својот живот. Дејството многу ми се допадна и ефектите беа прикажани многу реално. Жанр: Трилер Оценка: 10/10
Fractured (2019) Реј се упатува кон болница заедно со неговата жена и ќерка поради повреда на раката на неговата ќерка. Чекајќи ѓи во ходникот тој заспива. Кога се буди нема ни трага ни глас од неговото семејство. Од болницата му кажуваат дека дошол сам и побарал помош заради повреда на главата, бидејќи имал сообраќајна несреќа. Реј ѓи обвинува за киднапирање на неговото семејство и прави сè за да ѓи најде во тие чудни околности. Крајно непредвидлив крај, дури и не ми се веруваше. Огромна препорака. Жанр: Психолошки трилер Оценка: 10/10
Млад брачен пар одат на меден месец во обиколка на Големиот Кањон. Тие ќе се изгубат и започнува борбата за преживување 6/10
Откако нивната пријателка ненадејно почина, 5 тинејџери ќе симнат мистериозна апликација која знае се за нив, и ќе почне да ги измачува 6/10
Secretary (2002) Морам уште одма да напоменам дека филмот е 18+, има голотија и BDSM сцени. Ретки се оваквите филмови, а уште поретки се оние што се стварно добри, што навлегуваат подлабоко во проблематиката и имаат всушност приказна, а не се снимени само поради тие сцени. Макотрпно баравме да најдеме некој таков, и Secretary ги исполнуваше сите овие категории. Филмот не е воопшто плиток, има приказна која споро и тензично се гради, иако последната третина се губи таа напнатост и полека се влегува во небулози кои мене не ми се допаднаа баш и тука некаде ме изгуби. Глумата е одлична. Актерите предобро изглумија. Се работи сепак за одлични актерски имиња. Приказната е за една девојка која страда во животот и не може себе си да се пронајде, и еден адвокат кој исто така се наоѓа на дното на својот живот, незадоволен и настран. Работната позиција ќе ги спои, кога таа ќе се пријави на огласот за секретарка. 50 Shades of Gray, 2000s vibe. И секако, многу, многу подобар. Се на се. Солидно - просечен филм, еден од подобрите на оваа тематика. 7
Ова ќе биде долго мислење, немам неколку филмови објавено. Murder mystery Ник, иден детектив и неговата жена Одри одат на задоцнет меден месец во Европа. Во авионот Одри запознава богат лорд кој оди на одмор со јахта заедно со неговото семејство. Тој ѓи поканува и нив, а тие прифаќаат. На јахтата се случува убиство на дедото на лордот. Како непознати меѓу нив Ник и Одри се осомничени. Тие прават сè за да докажат дека не се виновни. Интересна мистерија прикажана на комичен начин. Жанр: Мистерија, комедија Оценка: 8/10 Run Клои е родено со многу болести, или барем така се чини. Иако е неподвижна тоа не ја спречува да ѓи прави сите работи како и останатите луѓе. Помеѓу лековите што ѓи пие таа забележува дека сè повеќе и повеќе се зголемува нивниот број и сите се на име на нејзината мајка, па станува сомничава. Интересен трилер, малце нереално е тоа што се сомнева во едно апче, па прави сè за да дознае за што е, иако после ќе испадне во право. Жанр: Трилер Оценка: 8/10 Durante la tormenta (Mirage) Животот на Вера целосно ќе се промени откако ќе предупреди едно момче да не излегуваа таа ноќ, бидејќи ќе умре. Момчето живее во 1989 година, а таа 25 години подоцна. Откако тоа се случува веќе ништо не е исто во нејзиниот живот. Утредента таа се буди и сфаќа дека ја нема нејзината ќерка, а мажот и не ја познава, и е женет со друга. Исто така има и друга кариера. Со тој чин таа си ја сменила иднината, и се обидува на секаков начин да си го врати стариот живот и семејството. Одличен филм за љубителите на мистеријата, иако на моменти ми беше конфузен и измешан приказот на минатото, иднината или сегашноста. Жанр: Мистерија, драма Оценка: 9/10 Contratiempo (The invisible guest) Адријан е успешен млад бизнисмен, кој доживува несреќа заедно со неговата љубовница и притоа убива едно момче. Исплашени дека може да завршат во затвор тие одлучуваат да го потопат автомобилот со момчето затворено во багаж и да ѓи избришат трагите. После некое време убиена е и неговата љубовница Лаура и тој е главниот осомничен. Филмот е ретроспектива на тоа што се случило и сегашноста каде и раскажува на својата адвокатка. Одличен крај, не претпоставував дека ќе заврши така и родителите на момчето ќе отидат толку далеку. Жанр: Мистерија, трилер Оценка: 10/10
Филмов е без везе. 4/10 Го има на торент веќе? Инаку ако ги немаш гледано и претходните делови ти препорачувам да ги изгледаш, добри се и тие.