The unbearable lightness of being- 1988 Која еротика е филмов... Всушност нема крајно експлицитни делови, но толку добро се смислени интимните сцени, може подобар филм од тој аспект не сум гледала. Филмот трае скоро 3 часа а јас како личност која не може да изгледа одеднаш филм подолг од 2 часа, добро ми држеше внимание. Снимен е според роман и всушност се опишува период од животот на три лица кои на некој начин интимно се поврзани. Томас е успешен, посакуван хирург кој води авантуристички љубовен живот. Периодот кога се гледа со уметничката Сабина, се запознава со Тереза која работи како келнерка. Дејството се одвива во комунистичка Чехословачка, а тој заминува во друг град за да изврши специјална операција. Таму и се запознаваат со Тереза. Понатака, се опишува нивниот живот, се навлегува подлабоко во нивните карактери, очекувања. Дали љубовта ќе е доволна за бурниот авантуристички живот да се остави во минатото? Дејството се одвива бавно, со оглед на тоа дека филмот е скоро 3 часа, но осмислен е на тој начин што секое предвидување што го имав во текот на гледањето, испадна да се случи сосема нешто поинаку. Тоа многу ми се допадна. Актерите добро се вклопуваат во улогите и постои добра хемија меѓу нив. Сѐ на сѐ, станува збор за филм со еротска тематика, кој има и солидна приказна во позадина.
Не траеше предолго, не беше ни лош. Малку фантастика, ама во глобала интересни реплики. "Maybe we judge people too much by their looks because it's easier than seeing what's really important."
Ми се допадна филмот, анимирани ликови во реалниот свет. Предвидлив крај, ама добар е за тепање време. Децата во киното се смееа на филмот, што ми остави уште подобар впечаток. 7/10.
Многу интересен филм, цело време ме држеше во неизвесност. Ми се допадна тоа што е непредвидлив, буквално се што мислев дека ќе се случи, не се случи. Инаку се работи за една девојка која барајќи подобар живот се согласува да врши валкани работи за една руска организација глумејќи дека е модел, па со тоа успева да ги привлече најголемите криминалци и да ги убие. Меѓутоа набрзо ќе биде откриена од FBI, па ќе почне да работи како шпиун за нив. Тоа е тоа накратко, кој бара филм полн со акција, но и со романса слободно нека го погледне овој. Единствено што не ми се допадна се сцените каде што девојката се бореше со 20 мажи наеднаш и сите успеваше со леснотија да ги убие. Ептен нереално ми беше тоа, претерале со тие сцени. Би му дала оцена 9/10
Млада жена оди да живее на семејниот имот на својот нов сопруг. Но таму таа не е добредојдена, бидејќи сеуште има траги од неговата поранешна сопруга, долго после нејзината смрт 8/10
juliet naked жанр/романса Ени долги години живее со своето момче кој е лудо опседнат со пропаднат рок музичар по име Такер Кроу. Откако Ени на еден блог ќе напише негативен коментар за Такер, тој стапува во контакт со неа. 10/10
the butler Жанр: драма Историски филм базиран според вистинска приказна Сесил е афроамериканец кој имал тешко и сиромашно детство, но благодарение на својата чесност и посветеност успева да се вработи како батлер во белата куќа и да служи цели 35 години, 7 претседатели во време кога црнците немаат никакви права, угнетувани, тепани по улиците во Америка. Одлична екипа на актери 10/10
Stand By Me (1986) Филм како што ретко повеќе се гледа. Филм за другарство, за авантури, за детство, за едно време одамна завршено. Направен е по книга на Stephen King, но воопшто не се работи за хорор. Четири најдобри другарчиња кои животот го минат играјќи си надвор, решаваат да одат во авантура, трагајќи по телото на исчезнатото дете. Буди одлични носталгични чувства кон детството, она, кое одамна повеќе го нема со развитокот на технологијата. 7/10 само затоа што на моменти делува дека го прегазило времето. Say Anything (1989) Љубовна драма без оние чизи моменти кои ги имаат денешните. Интересни карактери кои не се поклопуваат во денешниов шаблон на bad guy - good girl, одлично доловени преку сиви тонови, таму, некаде, помеѓу едниот и другиот спектар. Нуди одлични лекции, онака, суптилно, од кои може да учат младите, а и старите. Дефинитивно еден од подобрите романтични филмови кои сум ги гледал. Актерката е прекјут. 8/10
(2014) Европски филм и вистинска приказна. Хитлер наредил Градот на светлината да биде срамнет со земја, со цел да се одложи напредувањето на Сојузниците. Шведскиот конзул, кој е приврзан за Париз од лични причини, има само еден таен премин и кратка летна ноќ да го разубеди генералот кој раководи со несудената операција. (2012) Неколку несврзани стории за неприликите кои од виртуелниот, се прелеваат во надворешниот свет. Донекаде поучен филм, се чинеше дека Бејтмен предничи во актерската екипа (заслужено).
Преубав анимиран филм! Кумандра е земја, која ја напаѓаат зли духови. Змејовите кои што се заштитници на земјата, ја даваат својата магија за да ја спасат Кумандра. Останува уште еден змеј, Сису, а Раја мора да го пронајде за да го спаси светот. Поучен анимиран филм, каде што покажува дека пропаст на светот е алчноста на луѓето и желбата за моќ. 10/10
Quo Vadis, Aida? (2020) Овогодинешен кандидат за Оскар, за странски филм. Quo Vadis, Aida? е филм од БИХ за масакрот во Сребреница. Иако е долг скоро 2 и пол часа, јас го изгледав во еден здив. Тензијата ме пратеше од првата, до последната сцена, стравот никако не исчезнуваше додека го гледав иако знаев што ќе се случи на крај. Тежок филм. Многу тежок. Но, и премногу добро направен, од сценографија, кинематографија, глумците како добро одглумија... Рамо до рамо можам да го ставам со светските филмови за геноциди. 9 Dara of Jasenovac (2020) Дара од Јасеновац е српскиот воен филм кој опишува исто така уште еден геноцид, овој пат од Втората Светска војна, концентрациониот камп Јасеновац каде што фашистичките водичи на Фашистичка Република Хрватска имале за цел да го истребат српското население од тие краишта. Иако темата е тешка, уште потешка што се работи и за деца, сепак филмот не успеа комплетно да ја долови според мене, ниту пак да створи некоја подлабока емоционална поврзаност како во Аида. Се гледаше дека сценографијата на истиот е на едно пониско ниво, кое мене не ми ги исполни очекувањата. 5 Може треба и ние да направиме наш филм за геноцидот во Егејска Македонија, само што нас нема да ни дозволат да ја актуелизираме таа тема.
Голем фан сум на анимирани филмови, но овој дефинитивно беше љубов на прв поглед. Во фантастичната земја Кумандра луѓето и змејовите живеат заедно во мир, кога одеднаш зли духови познати како Друни се закануваат да ја уништат земјата. Змејовите се жртвуваат да ги спасат луѓето, но тие се разделуваат на различни племиња именувани по еден дел од телото на змеј (Fang, Heart, Spine, Talon and Tail) и довербата меѓу нив сосема се губи. Таткото на хероината Раја сонува повторно сите да ги обедини како некогаш, како во Кумандра на времето, и откако злите духови повторно ќе се појават Раја тргнува во потрага по последниот змеј за да го спаси и обедини човештвото. Моја оценка: 10/10 Се заљубив во змејот Сису, прекрасно дизајнирана. @Stephen Amell сега видов дека и ти си пишала. Guess you're a dragon nerd as well.
Mary and Max- 2009 Девојче кое живее во Австралија ќе прати писмо на човек кој живее во Америка. Оттука започнува нивното пријателство. Не би да откривам повеќе, филмот е нешто предобро, се чудам како не сум го заприметила досега. Предобро пренесена емоција, еднаш се смееш, другиот момент те прави тажно да се осеќаш. Толку реален. Се соживеав со ликовите, навистина го препорачувам. Инаку е stop motion и е базиран на вистинска приказна. Трае само час и половина, ако обожавате анимирани филмови, нема да погрешете. Иако на IMDb има оценка: 8.1, од мене чиста 10ка.
Марла е законски старател на стари лица. Меѓутоа таа ја злоупотребува својата должност, така што има направено договор со доктор да се потврди дека пациентите (без наследници) се неспособни. Со тоа, таа има моќ да ги смести во старечки дом и целосно да управува со нивните финансии 7/10
2016 Фабијан е млад германски доктор. Тој никако не може да ја заборави својата поранешна девојка која многу ја сака и заминува во Португалија за да се смири со неа, во што успева. Но, набрзо поводот поради кој раскинале првиот пат, се враќа да ги прогонува, а тоа е неговата љубомора. Наизглед параноичен, Фабијан всушност насетува што се случува кога не е присутен. Филмот изобилува со љубовни и еротски сцени. Не е лош. Поглед кон современите врски и колку се нестабилни, тие, т.е. луѓето во нив, сеедно.
2018 Биографски филм за славниот карикатурист Џон Калахан, со Хоакин Феникс во главната улога. Џон од самото раѓање и детство носи товар на душата и многу млад бара утеха во алкохолот. По пијано возење, тој останува траен инвалид и во таква состојба мора да се бори со зависноста, но за тоа време ја наоѓа и својата животна вокација. Џон за сето лошо што му се случувало може да ги обвини другите, како за сообраќајката предизвикана од негов познаник, но признавајќи ги и сопствените грешки, исто така е среќен да запознае луѓе кои не го оставаат сам.
Со тежина во душата и жал ги изгледав и двата. Само ќе речам никогаш да не се повторат повеќе вакви нешта.