After.Life 2009 - Трилер/Хорор 7/10 После сообраќајна незгода Ана се наоѓа во мртовечница, но сфаќа дека не е мртва или е?!
IN THE MOOD FOR LOVE (2000) Ако можам да го опишам филмов со три збора тоа ќе бидат: тензија, страст, мазохизам. In The Mood For Love е кинески филм кој ја разработува темата афера, привлечноста помеѓу две личности, принципите... Дејствието е во Хонг Конг во 60-тите години. Започнува со вселување на два пара во веќе пренатрупана зграда каде се делат апартмани со повеќе фамилии. Со секоја средба на главните ликови, суптилни погледи, насмевнувања, средби, се повеќе и повеќе се разгорува страста помеѓу нив. Привлечноста ќе ја стави нивната верност на тест. Иако самата приказна и не е ништо ново, не видено, сепак филмот е едно посебно парче на уметност кое говори многу зборувајќи малку. Секој кадар е посебен, битен, тензичен. Глумата на актерите е толку добра што може да се почувствуваат нивните емоции, желба, страст, болка, страв... Музиката е своеврсно ремек дело кое ги движи емоциите во филмот. Директорот не штедел и на играње со бои, естетика... движењето на камерата е толку добро што одлично ја доловува секоја ситуација. Кинематографијата, музиката, глумата, и општо работата на режисерот се на врвно ниво, и баш тоа е тоа од што бев воодушевен од овој филм иако јас ќе ја тргнев последната сцена. Беше непотребна. Без неа крајот ќе беше подобар. 9 П.С Ако не саката спори филмови, прескокнете го.
ZANA (2019) Прв косовски филм кој сум го гледал и нивни прв oscar contender филм. Zana е митско суштество во форма на жена која се крие во планините. Се среќава во албанската и косовската митологија. Филмот, од друга страна го прaти животот на Луме. Жена, која е во брак со Илир, и трпи секаква тортура од страна на фамилијата, општеството, и целокупната заедница да остане бремена и да му роди бебе на својот маж. Наместо да се користи конвенционалниот начин кога се има проблем за забременување, како се овде, се оди по алтернативни начини, бајачи, гатачи, врагови, бесови кои само гледаат како да се докопаат до пари од веќе сиромашните граѓани. Во филмот се опишува еден застарен менталитет кој е сеуште присутен во руралните средини во Косово. Тортурата која се врши над една млада жена да даде потомок е beyond this world и е тешка за следење. Напуштена од сите, приморана, уценета и угнетувана да служи само за приплод. Доколку не успее да даде наследник, мажот е приморан да донесе втора жена. Од друга страна го имаме портретирано Илир, кој како маж ја дава сликата дека воопшто не е онака црно-бело, и дека самиот не сака да потклекне на мизигонијата, на притисокот од фамилијата и заедницата. Филмот изобилува и со малку хорор сцени измешани со митски и фолклорни елементи. Последиците од војната се гледаат насекаде, на околина, на луѓето... Морници ме лазеа гледајќи ги некои од нив, а гадење во некои други каде има насилство. Филмот изобилува и со преубави кадри од руралниот дел на Косово, и е рамо до рамо со модерните европски филмови. Солидно остварување како првенче и на режисерката. Би го препорачал на сите оние кои сакаат да видат портрет на животот на една рурална жена, 50 км северно од Скопје. 7 П.С Сеуште го нема по торенти, па доколку сакате да го гледате, пишете ми ПП, ќе ви пратам линк.
Убава и млада девојка се заљубува до уши во таинствениот млад дечко. Проблемот настанува тука кога она ке остане трудна од него, и нејзе и е забрането да му соопшти, затоа што лугето кои што работат со нејзиниот дечко може да го убијат. Она го остава него, и се врака во истанбул кај татко и. Патем он почна да ја бара секаде, и секогаш ја наогаше каде и да беше. Он мораше да се ожени со друга девојка за да ја спаси крвната одмазда. Но... он се ожени со неа ама не ја сакаше и не можеше да ја засака никогаш..После дознава дека неговата јагмур има дете со него, ја наога нејзе и се врака кај неа, и го објасни целиот проблем зашто ја оставил, и беше спремен да се врати да ја спаси крвната одмазда, со тоа што ке ја спаси и неа и нивниот син. Бившата жена го убива него, и он умира на крајот. Преубава турска серија ми е, една од најубавите, 5 пати го имам гледано филмов и сум плачела на него.. А крајот ептен тажен е. Вистинска приказна е филмов. И би го гледала уште 100 пати
365 days Масимо е член на Сицилијанската мафија, чиј татко е убиен пред неговите очи, а Лаура е sales director од Полска која патува со својот дечко Мартин и најдобрата другарка за својот роденден и обидувајќи се да си ја спаси врската. На тоа патување Лаура е киднапирана од Масимо и има 365 дена да се заљуби во него, ако не се заљуби ќе биде ослободена. Филмот изобилува со еротски сцени, нешто на лик она во Fifty shades. Не сум нешто воодушевена општо од филмот, али приказната е океј, интересна. Крајот мене ми беше неочекуван и ете тоа ми го подобри впечатокот за целиот филм.
Првиот не ми се допаѓаше многу ама оваа е дефинитивно подобра верзија. Филмот трае 4 саати но вреди. Прекрасно доволена приказна каде сите делови се убаво прикажани. Само заради едни делови каде што CGI не беше добар ќе дадам оценка 9/10.
News of the World (2020) По завршувањето на Граѓанската војна, капетанот Џеферсон Кид кој патува од град во град читајќи весници, случајно ќе го запознае 10-годишното девојче грабнато од племето Киова. Кид се согласува да го придружува девојчето до нејзините најблиски роднини преку суровите предели на Тексас. Долгото патување од неколку стотици километри ќе се претвори во борба за преживување, бидејќи наидуваат на опасност и од човечки и од природен карактер. Жанр: Драма/Вестерн Препорака
Ова е страшно... Толку се запрепастив што не можам да опишам повеќе од трејлерот. Филмот е квалитетен ама содржината е ужас, хорор и производ на болен ум
приказна за еврејско семејство кое завршува во логор и се разделуваат од нивните миленици, германски овчари. Едниот, по игра на судбината, завршува како службено куче во логорот во кој е неговиот “бивши” газда. A must watch за љубителите на кучиња и да си спремите паломи, пошо има многу трогателни моменти особено кога кучето го препознава момчето со кое порасна. Пред сѐ, приказна за поврзаноста и лојалноста на кучето кон газдата.
Двајца асистенти се обидуваат да ги спојат нивните надредени, а со тоа да добијат некои бенефиции како слободно време, намалени обврски итн. Ептен интересно филче, онака баш го пуштив за тепање време..но, е многу повеќе од тоа. Има многу настани, ликовите баш природно си глумат.. препорачувам. Омилен дел ми беше овој:
Break 5 другари сакаат да имаат една поинаква новогодишна ноќ, на врвот на планината. Вечерта на 31ви декември последни се качуваат на жичарата не знаејќи што ги чека. Сите, освен Кирил кој планираше да ја запроси Катја која пак е бремена, но планира да раскине и абортира. Негде на средина жичарата се заглавува и 4цата кои се горе почнуваат да се борат за да преживеат. Интересен трилер, добри сцени, океј филм. Level 16 Девојчиња живеат затворени во “школо” под строги правила, без никаков допир со надворешниот свет, сѐ додека еден ден две од нив полека почнуваат да ја откриваат вистината наоѓајќи една нивна другарка мртва и без лице. Содржински е океј, драматично дејство, мистерија и неизвесност до самиот крај.
Филм по вистински настан, приказна за Меган Ливи припадник на војската која силно се поврзува со Рекс, куче кое го користат за откривање екслозиви, но е екстремно агресивно. Нема многу што да се коментира со оглед на тоа дека е вистинска приказна и уште еден доказ за врската која може да се изгради меѓу човекот и кучето и за тоа колку кучињата несебично сакаат и се спремни да го дадат животот за оној кој го сакаат.
Down with love Жанр: романса/комедија Филм чие дејство се случува во ‘60тите години на минатиот век. Барбара Новак е феминист која ќе напише книга и ќе стане ултра популарна и обожувана од женската популација и омразена од машката. Одличен избор на филм за опуштање и хумор без напнатост 8/10
5 другари одлучуваат за делат стан за вонбрачни авантури. Сѐ е супер додека една девојка ја наоѓаат мртва и врзана за креветот. Некој меѓу нив е виновникот. Добар трилер, ми се допадна и како филм и како лекција за другарството. Баш на крајот има пресврт и го задржува вниманието. Кони и Едвард живеат хармоничен живот заедно со нивниот син Чарли. Таа хармонија или монотонија би рекла, е нарушена еден ветровит ден кога Кони сосем случајно го запознава Пол, млад и згоден продавач на книги. Очекував повеќе и на моменти ми беше малку досаден. Премногу одолговлекување на приказната, нема некој пресврт, сѐ ми беше некако веќе видено, дури ни крајот не беше нешто вау. Не сум воодушевена.
Ip Man Филмот е според вистинска содржина. Се работи за кинески кунг фу учитеч Ип Ман од Фошан. Од самиот почеток, вежба боречки вештини кои подоцна ги подучува учениците. Со јапонската окупација на Кина, земјата е доведена во сиромаштија. Па е приморан да работи во стовариште за јаглен. Јапонскиот генерал, организира турнири во боречки вештини, тој што ќе победи освојува пакетче ориз. Ип Ман се пријавува за борба против 10, и ги победува сите. Генералот Мијура му кажува дека од самиот почеток е мртов за јапонската армија, за поштеда бара од Ип Ман да ја научи војската кинески кунг фу, тој одбива и го предизвикува генералот на борба со него, пред кинеска јавност. Ип Ман го победува и убива до смрт јапонецот, еден од војниците го ранува Ип Ман во рамо, каде му помага неговиот пријател и му помага да пребегне во Хонг Конг. Во останатите делови, се работи за отворањето на школи во Хонг Конг и новите предизвици. Ип Ман е и основач на вештината Винг - Чу, придружница на кунг фу. Исто така, негов ученик бил и филмската ѕвезда Брус Ли.