1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    (2015)
    Секоја професија носи ризик, но некои носат многу поголем, со оглед на тоа колку се корисни, а потценети и сфатени здраво за готово. Филмот е посветен на американските електричари, воедно опфаќа проблеми со кои можат да се соочат обичните луѓе од работничката класа во САД. Џон Траволта во улога на херој, краток перформанс има Шерон Стоун. Не ми се допадна тажниот крај.

    [​IMG]
    (2016)
    Она што не го знаеш и тоа како може да те убие - ми беше помислата при крајот на овој филм. Торо и неговите браќа работат за криминален бос кој е преокупиран со гатачки, реликвии, светци, црква и се што мисли дека ќе му помогне да ја контролира судбината. Но и два брата сакаат конечно да воспостават контрола над своите судбини. Шпанските трилери секогаш примамливи. (y)
     
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.004
    Допаѓања:
    41.303
    Пол:
    Женски
    p8982376_p_v10_aa.jpg


    Документарен филм за Минхенската несреќа на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед таканаречени Базби Бејбс во кој загинаа многу луѓе меѓу кои и фудбалери од тимот.
    Одличен документарец, опишано е се до детал, за Мет Базби (менаџерот) Џими Марфи (Кој го замени Мет Базби по несреќата и кој не се откажа и одеше до самиот крај да го врати тимот на победничките патеки) и како по несреќата тимот се крена како Феникс, од ново.
    Ми идеше да задавам еден имбецил за кој сметам дека да не форсираше некои работи немаше да се случи тоа.
    Одлична глума, си поплачав малку.

    10/10
     
    На _beautyy_, AriLangdon, Thallia и 2 други им се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    upload_2021-4-12_19-51-24.jpeg
    Касандра е млада девојка која е прогонувана од трагедијата на нејзината најдобра другарка Нина. Нина е силувана и снимана на една забава, во присуство на соученици од класот кои само се смеат и се забавуваат на чинот и никој не превзема ништо по тој повод. Нина сега е мртва, но Касандра не, и сака да ја одмазди својата другарка.
    Иако на пола филм сакав да го исклучам пошто изгледаше дека не е ништо посебно, сепак го догледав до крај и не се покајав. Одлична приказна особено зашто опфаќа тематика која за жал е многу честа појава денес. Го препорачувам.
     
    На angelina1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Како се вика филмот?
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Toro. Не знам зошто ја снема сликата.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Филмот е инаку со Марио Касас, да не дојде до забуни пак.

    [​IMG]
     
    На Black__ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    FC9A753F-2DC2-4C25-B4FA-F4D7AE3E8B77.jpeg Blood diamond

    жанр: трилер

    цел ден се чудам како е можно да сум пропуштила вака добар филм со еден од омилените Лео Ди Каприо.

    Дејството се случува во ‘90тите години на минатиот век во западна Африка поточно во Сиера Леоне за време на граѓанската војна каде илегално се продаваат дијамани и се изнесуваат во развиените земји во замена за оружје.

    Соломон е рибар кој откако ќе го тероризираат неговото село очајно трага по своето семејство, Арчер му ветува дека ќе стори се за да му помогне во замена за еден редок дијамант.

    10/10
     
    На Bratot, Rioers и Billy Idol им се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    upload_2021-4-15_14-54-2.jpeg
    Приказна за Брачен пар кој 14 години живее среќно и заљубено и нивните пријатели кои и не им се баш пријатели. Една мистериозна посета во домот ќе промени сѐ. Нивната вернист ќе биде доведена во прашање, заедно со тајните на нивните пријатели кои ќе бидат откриени на еден напнат викенд.
    Океј филмче, очекував нешто поинтересно, но океј во глобала. Мрачна романтична комедија би рекла. Држи внимание до крај иако крајот и не е нешто wow.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Fathers and daughters (2015)
    Денешните возрасни се обележани од нивното детство. Емотивна драма со Расел Кроу во улога на пожртвуван татко и борец, и Аманда Сејфрид како негова ќерка. Во некои сегменти филмот е преубав, ама целокупно не ми остави голем впечаток, со оглед на тоа колку филмови имам изгледано.

    [​IMG]
    Séptimo (2013)
    Адвокат кој е вплеткан во валкани игри, еден ден ќе им дозволи на неговите деца да поуживаат во својата детска игра, и нив ги снемува. Интересно, неизвесно дејствие, но крајот беше предвидлив за мој вкус, тука можеше појако.
     
    На Elen4e_sonce, LadyC, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    790
    Пол:
    Женски
    Оригиналната белгиска (мислам) верзија на The Loft е многу повеќе ми се допадна, од аспект на глума, продукција и актери, инаку приказната е иста.
     
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.404
    Пол:
    Машки
    THE FATHER (2020)

    [​IMG]

    Татко, најновото остварување во филмскиот свет, и еден од главните натпреварувачи за оскар годинава, посебно за главна машка улога во која Ентони Хопкинс се надмаши себе си толку многу што гледајќи го, не знаев дали е глума, или ни прикажува дел од себе. Самиот филм претставува на некој начин омаж на неговиот живот, кој го живее, или можеби ќе го живее, па сигурно не е случајна и референцата што неговиот лик дели исто име со него. Ако некој ме прашува мене, јас одма би му го дал оскарот. Длабок наклон за глумата. :clap:

    А филмот... Ооо каков само филм беше ова. Уф. Одма морам да кажам дека од досегашните изгледани кандидати за оскар, а ги изгледав безмалку сите, како што успеа да ме воодушеви Татко, не успеа ниту еден. Не само годинава, туку можам да кажам дека ова е еден од најдобрите филмови во минатата декада, иако фактички спаѓа во новава.

    Уште првата сцена од филмот почнува тензично. Без никаква најава, заплетот почнува веднаш, не оставајќи те ниту на момент да успееш да си ги собереш емоциите, да влезеш во комфорт зоната.
    А тек следната сцена те остава во крајно бунило. Ја гледаш и го имаш оној "wtf" момент, се чувствуваш изгубено, возбудено, помалку исплашено и збунето. Оваков mind - f*ck не сум доживеал уште од Inception и Shutter Island.
    Многу ми се допаѓаше и тоа што режисерот на "паметен" начин не запознава со се, каде остава сцените да зборат сами за себе, деталите во нив и разговорот се толку суптилни, а сепак гледачот добива "hint-ови" на кои треба посебно да посвети внимание и да плови низ сликата и звукот кои доаѓаат до неговите рецептори. Музиката од друга страна е феноменална. Одлично го доловува секое чувство во нас, дали се работи за збунетост, за страв, тензија, неспокој во себе, или онаа немоќ која ја доживува главниот лик во филмот. Ја нема во оние сцени, давајќи уште толку длабочина, каде што се најсилните емоции, каде се чувствуваш толку...беспомошно. ;(

    Многу критичари го споредуваат со уште еден нов филм, I'm Thinking Of Ending Things, кој исто така имаше слични twist-ови и turn-ови. Тој донесе доста поларизирани мислења, каде што дел им беше предобар, а дел, прелош. Овде, мислам дека сите гледачи се сложуваат за какво ремек дело се работи. И јас, иако бев во оние првите, за The Father ќе кажам дека е филм кој отскокнува едно скалило повисоко од него и сите финеси што фалеа таму, овде ги има. Ова е цел пакет, без никаков недостаток. Бар за мене.

    Не би сакал повеќе да откривам за филмот, затоа што овакви филмови се најубави за гледање кога не се знае воопшто ништо за нив. Less you know, the better.
    Можам само да го препорачам на сите оние кои сакаат длабоки, комплексни филмови, од оние кои ќе ве остават во размислување со часови, денови... Од оние кои ќе ви го сменат погледот на животот, кои ќе ве насочат да ја барате вашата смисла на истиот, а може и ќе ве направат подобар човек. Се надевам.
    The Father не е само тоа... Уште повеќе е. Една приказна е, добро позната на мене, на тебе, на нас. Приказна за која дел сме слушнале, дел сме ја осетиле и на своја кожа, а за жал дел од нас и ќе ја проживееме. Тажна приказна... која те крши, те парчосува, и вечно те менува. ;(

    10

    П.С. Ништо не спомнав за Оливиа Колман, која исто одлично одглуми во филмот. Мене ми е посебно драга актерка, со некоја посебна харизма ми е и ми зрачи со некоја топлина. Ретко сум останувал рамнодушен на нејзината глума, а уште помалце на неа, како личност во приватниот живот. Поим ми е за интелегентна, срдечна и одмерена личност. Без неа The Father немаше да е ист.
     
    На simoncelicius, boomsleng, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за одличната рецензија. Ентони ми е еден од омилените, го следам на социјалноте мрежи и кога прочитав дека е номиниран за оскар знаев дека станува збор за брилијантен филм
     
    На Billy Idol и Camille84 им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.404
    Пол:
    Машки
    Фала ти. :sun:
    Препорака од мене да го гледаш. Обавезно. Што побрзо, тоа подобро. Не се пропушта ваков филм. Чекам после и од тебе рецензија. :mm:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    upload_2021-4-20_9-15-23.png
    Реи добива повик од другарка лезбејка од средношколските денови и без размислување решава да и помогне. Ја остава зад себе врската и кариерата и го убива сопругот на другарката кој ја малтретира.
    Филмов буквално го прикажува она “ride or die”, кога некому ќе му кажеш “сѐ би сторил за тебе”, е ова е тоа сѐ.
    Добар концепт, ми се допадна, интересна приказна, еротски сцени добро обработени... Океј филм.
    upload_2021-4-20_9-24-19.png
    Две сестри доживуваат несреќа за време на едно нуркање. Карпа паѓа врз едното девојче и останува заглавена во океанот додека другото е во трка со времето да ја спаси.
    Искрено, приказнава беше ептен “како на филм”. Еднава сестра прави чуда за да ја спаси другата, а другата иако искусен нуркач седи и чека. Totally pointless. Од аспект на приказна не ми се допадна, крајот исто без врска беше...
    upload_2021-4-20_9-32-2.png
    Филмов е врз база на вистинска приказна. Двајца белци се осудени на казна затвор во Африка и го планираат своето бегство оттаму.
    Многу предвидлив ми беше, можда зашто веќе има неколку слични филмови на овој, ама океј. Не сум воодушевена.
     
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    EA0AA124-80AA-4B00-8CC6-7DEB678E7F02.jpeg
    the 12th man

    жанр: историја/драма

    Одамна не сум гледала толку инспиративен филм, а за случкава сум слушнала уште во школските денови.

    Јан успева да избега од нацистите за време на втората светска војна, сите останати 11 души како дел од операцијата Мартин се погубени.

    Целата голгота која ќе ја доживее Јан е неверојатна, тешките временски услови во Норвешката, суровата зима и сите кои ќе се обидат да го спасат се со цел да го изнесат во неутралната Шведска.

    Да се случеше на наша територија сто пати ќе беше предаден.

    10/10
     
    На Oneo, Billy Idol, ТрагачПоНадеж и 3 други им се допаѓа ова.
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Nobody 2021 D7B5AA54-0D52-4071-8E5C-461B524DC1AA.jpeg
    8/10
    Акционен филм, тепачки по нашки како што би рекле. Долго време го избегнував ради постерот, но за љубител на акција излезе полн погодок.
    Хач се соочува со провала во неговата куќа, но не успева да го заштити своето семејство како што сите очекуваат од него.
     
    На Billy Idol, boomsleng и marta993 им се допаѓа ова.
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    upload_2021-4-22_17-52-29.png
    Сиријски бегалец се согласува да го “продаде” својот грб на тату артист за да може да ја посети девојката која е мажена во Белгија. Наскоро, станува уште едно во низата уметнички дела и тогаш сфаќа дека не ја продал само кожата туку многу повеќе.
    Тотално поинаков, Моќен филм. Моќна приказна преубаво прикажана низ сцените. Одлична глума. Особено ме воодушеви крајот, не очекував таков финиш. Дефинитвно вреди да се гледа.
     
    На boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    The Pursuit of Happyness (2006)

    Одлична драма во главна улога е Will Smith.
    Се работи за личност која цврсто верува во своите соништа и неуморно работи на остварување на истите. На патот кон остварување на својот сон се соочува со бројни предизвици но со упорност и истрајност успева се да надмине.
    Филм кој вреди да се изгледа, има доста комични моменти и задржува внимание.


    Оцена 9/10 Заради тоа што очекував малку поинаку да биде доловен крајот.

    [​IMG]
     
    На DoubleK, Autumn Love, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    upload_2021-4-25_23-37-22.jpeg
    A single man

    жанр: драма

    Џорџ е геј професор на факултет. По сообраќајната несреќа во која ќе загине Џим кој е негов животен сопатник, Џорџ запаѓа во тешка депресија. Се присетува на моментите поминати со својот партнер со кого биле заедно 16 години. Тешко се справува со секојдневието и има суицидни мисли.

    10/10
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    https://m.imdb.com/title/tt8368512/?ref_=m_ttpg

    The Courier!
    Многу добра историска драма/трилер. Приказната за главните ликови е многу добро претставена уште од почетокот. Се работи за Гревил, англиски трговец кој ЦИА и Ми6 го испраќаат во СССР да пренесува информации од Олег, руски службеник и агент, кој се плаши дека Хрушчов забегува со идеите и ја разгорува студената војна. Всушност поентата некако е пријателството што се развива меѓу Гревил и Олег додека соработуваат. А и да, реална вистинска приказна е.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.